Предметите во прва година ви се исти на сите смерови (математика имаш само во прва годна на сите смерови), а од наредните години имате еден куп изборни, па така ќе си одбереш самата што сакаш да учиш.
Ќе се запишуваш на економски, нема да има епрувети за варење, ами бројки. Многу ми е глупо кога ќе праша некој има ли математики многу? Нема како на електро, и да, предмет како предмет го имаш само во прва, али можеш да го заглавиш до крајот оти нели, таков е професорот ( што благе везе нема ако научиш али да си најдат рачка тие што не учат ), али сепак имаш пресметки, имаш бројки, немој да очекуваш дека толку лесно ќе ги снема сите тие операции на множење, делење и све остало. Во втор семестар имаш статистика, со дигитронот ќе си спиеш. Ептен ми е добронамерен советот, ништо лично.
Многу се нервирам кога добар дел од тие што ќе се запишуваат одат ради реда и тоа самите си го признаваат. Се ствара глобална слика за факултетот дека сите одат од немајкаде, колку да се има факултет. Добро, прашањето ми е од колку до колку саат трае уписот, сакам да отидам што порано божем да нема толку гужви...
Девојки, знам дека е малку глупаво прашањево Значи јас сум одчична, учам , бев првенец и сето тоа. За учење немам проблеми ама некако ме фаќа паника за факултетов бидејќи многу ми збореа за професорите биле многу дрски и терсене. Што мислите вие??
Не се нервирај плавушке, по сите теми читам како многу учиш и дека си јака ученичка. Ти си тука да го обелeш лицето на факултетот.
^Не викам за учењето дали ќе учат или не, има многу што одат ради реда, а имаат 90+ поени. Не знам зошто за таков го сметаат факултетов, колку да се заврши нешто.
Верувај, тие што сакаат само на факултет да се запишат, се запишуваат на полесни факултети од Економски. А такви има многу факултети, да не ги набројувам, ќе ми се лупнат многу, па ќе има оффтопици, али тие што мислат оти Економски е лесен, нека повелат. После медицинава, градежниве, електро, тој е најтежок, па кој што сака нека ми вели. Тие што дошле така само, се знае, по прв семестар, година, евентуално две, ќе се отпишат ко ништо. Не се секирај де, тоа што се дрски само те ујачува. По некое време, нема да те тангира. Ако имаш желба, оди си слободно.
^Не ме плаши, имам доста поени не е во тоа работата. Ме нервираат тие што одат ради реда, ги навредуваат тие што одат од мерак зошто испаѓа дека факултетот е колку да се има нешто, плус во кампањите на Владата за техничките факултети се ставаат на подредено место економски, правен што ти знам таму уште кој и испаѓа кој не го бива за математика и не може на технички, иде на економски зошто ем ќе има факултет, ем не е за потценување као во муабетите со тетки, стрини. А не од што сака, туку од што нема каде. И после ради таквите се среќавам со кисели фаци и реченици од типот на: „де бее од сите факултети на економски ли најде, што сите го завршија“. Глупости...
Во однос на материјал економски е полесен од техничките факултети. Во однос на перспектива економски е подобар од филозофски на пример. И кога ќе комбинираш полесен и поперспективен факултет си одиш таму. Не секој размислува како тебе само од љубов да учи, некој се гледа и после 4 години кај сака да е, па макар и да направи жртва тие 4 години и учи нешто "ради реда" И не се ставаат на подредено место техничките, туку тие се дефицитарни, а многу деца ги плаши самото име и се што сакаат е да ги поттикнат да не се запишуваат на твојот факултет за да не се буниш дека завршувале ради реда, туку ако навистина се добри со математика, физика, информатика да пробаат на технички факултет.
^И јас тоа го викам, и обично децата што ги бива за математика, физика, информатика одат на техничките и тоа е супер се. Ама проблемот е што тие деца се во многу мал број, затоа и тие факултети се дефицитарни нели не секој сака да се расправа со тие науки. Не знам дали е до кампањата на Владава или погрешното толкување од страна на матурантите, ама не е само овој факултет не-технички да речеме. Голем избор има, а не е ни меѓу најлесните. А пак го бираат како најпогоден за запишување од сите средни барем по она што јас го знам. Најверојатно размислуваат од типот: нема многу математика се проаѓа, се научува, не е за потценување, и на крај си економист. Па добро... можеби и ја да немав никаква желба пак ќе се запишев овде, ама тоа мислам дека не е океј
Ти бре ко прва година да си, возбуда за факултетот да не те фати? Иначе, веројатно исто ко лани, од 5 септември натака ... до 15ти.
Абе кај едни колешки на фб прочитав еден муабет кој го содржеше ова нешто: да ни ги донесеш индексите и ваква станав , чекајте другари, нели е малку рано за индекси и такви работи .. А и на страната на факултетот ништо немаше, па да си прашам јас.
Здраво на сите, ве молам за информација по предметот наука за менаџмент. Каков е испитот, што содржи, колку задчи и дали е многу тежок, а исто така какво е оценувањето од страна на професорката, дали е премногу строга. БЛАГОДАРАМ И ПОЗДРАВ
Ако некој ја поминал прва година и е расположен да ми одговори на неколку прашања нека ме контактира преку лп. Благодарам однапред