^^ Пиши слободно, и онака се досадувам. А инаку за Емче, тоа е 2011 година. Едит: Немора да значи, можеби и оваа година ќе бидат истите датуми, но додека не го напишат тоа, ова е за 2011 година, односно лани.
Ако можи да ми кажи некоја од вас која студира на економски во Скопје департман финансиски менаџмент дали по предметот математика за економисти при негово полагање се избира неколку теми од подолу наведениве или пак се полагаат сите ? Низи и редови Комбинаторика Веројатност Линеарна алгебра Изводи и интеграли Сметковни операции од економската практика Основи на финансиската математика Фала однапред : D
Овоа сето ти е вкупно за предметот. Ништо не се избира. Болдираниот дел ти е за прв колоквиум, а италик за втор колоквиум.
Не ми ја примаа уплатницата за упис во банка а ја пополнив исто како на листот на пријавата, немало приходна шифра и програма, а и на примерот немаше . Помош?
НИкој незнае кога ќе го прашам. Гледам некои си читале на страните на факултетите за упис. На страната на овој нема ништо Електронската пријава ја пополнив ама треба ли да ја печатам ? Не пишува, а за др факултети гледам ќе ја печатат? Што да правам??
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ!!! ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) При пријавувањето за запишување на Економски факултет – Скопје, УКИМ, кандидатите ги доставуваат следните документи: 1. Пријава за запишување со уплатница од 50,00 денари административна такса (пријавата е достапна во книжарницата на Факултетот и чини 50 денари) 2. Оригинални свидетелства од сите класови/години; 3. Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование); 4. Извод од матична книга на родените (оригинал – независно колку е стар); 5. Доказ за државјанство на РМ (Уверение или решение оригинал независно колку е старо); 6. Потврда за уплата на 300 денари на жиро сметката на факултетот (за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата); Назив на примачот: Буџет на РМ – Економски факултет-Скопје Банка на примачот: НБРМ Сметка: 100000000063095 Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10 Приходна шифра: 723013 Програма: 41 Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти поднесуваат, освен горенаведените докуменит и договор за вработување на неопределено време, или лекарско уверение (издадено од здравствената станица на Универзитетот). Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби. Од страната на Економски на фб, за сите вас бруцоши.
Само што видов ако некој го интересира.. На пријавата што ја купувате требада се напише број на пријава електронска , и плус да се испринта пријавата има таква опција веројатно сега ја ставиле зато што кога јас се пријавував ја немаше .
^Се треба да се испринта, освен универзитетската што се купува и пополнува рачно. Оди во темата за матура и уписи и ќе видиш, се пишувавме таму.
Државна квота 104, приватна 63, вонредни 7 студенти Спојлер Се надевам дека и јас ќе бидам во тие 104
СО среќа на сите феминки на економски Јас и во оваа група ве поздравувам како идна колешка ( се надевам ) конкурирав на финансиски менаџмент, па ако на некој нешто му треба слободно нека пише.. Како поминавте на уписи??
^^ Колку што ме држи памтењето, во државна беа со 95 и над поени. На финансиски се многу строги правилата за прием.
Со лесно да е на сите... Несакам да Ве разочарувам но јас со 94, нешто поени пред 2 години не влегов на финансиски во државна туку во приватна, и со 93 поени или 92 заврши и приватна квота... А се поголем е интересот за на тој смер.... Во секој случај многу среќа и дај боже сите да Ве примат каде сакате на кој смер сакате... Се надевам нема да се покаете Да се фалите тука кога ќе ве примат, ОБАВЕЗНО!
Колешки дали некоја што идела на пракса во Тутунска банка потоа полагала испит за добивање на некаква лиценца (само не разбрав каква :\) поврзано со Пензиски фонд..?