Јас исто почнав кај Баже но не ми се допаѓаше како изгледаа часовите, би ти ја препорачала Натали, во кисела вода се наоѓа, преубаво објаснува и многу е посветена, мене математика никогаш не ми одело ама со нејзина помош положив на колоквиум. Цената е исто 500 денари, ама според мене е 100пати подобра од Баже. Еве бројче 071276617. Со среќа.
Добар ден,од октомври ќе сум 3та година на смер Сметководство и ревизија,па сакав да ве прашам за следниве предмети:Финансиски менаџмент,Корпоративно финансиско известување и сметководствени информациони системи.Ако може да ми кажете нешто повеќе за нив,дали се лесни,како се полага,дали се учи од книга или презентации..Ви благодарам однапред.
Фин.менаџмент е интересен предмет,обемен е бара редовно учење но потреба од приватни часови мислам нема да ти се неопходни за положување.Даваше и задолжителен проект за анализа на компанија па на крај се презентира(ова мислам беше за тие што ќе положат 1 кол). КФИ знае да биде зезнато имаш и задачи/книжење мислам дека се држат приватни часови кај Славица по тоа бидејќи учебникот е лош беше некаков превод од англиска литература ама крш испаднало.Сепак имаше можност на крај да направиш некаква семинарска за оценка плус СИС долго време немаше промена на учебник,лесно се наоѓаа прашања и истите паѓаа но рече дека годинава ќе излезе нов учебник но немам инфо што бидна со тоа јас поминав преку прашања не беше тешко.
Фала ти многу,а дали може да ми кажете некој лесен изборен предмет за зимски семестар немора да е од економски факултет
Здраво, дали можеби некој има скратен материјал основи на економијата, ако не е проблем да ми пратите, фала многу.
Лесни изборни за 7ми семестар? Мислење за предметите Аграрна политика, Теорија на организација и Меѓународен менаџмент? Предлог изборен од друг факултет со 3 кредити? Демографија и Национални сметки од наш. Социјална заштита, Етиката и родот, Родот и спортот, Детска заштита од филозофски. Право на друштва од правен. (за овие од фзф и правен не сум сигурна кои се за зимски, ама сите се лесни).
Ме интересира за Национални сметки дали е лесен предметот,од што се учи,како се полага? И дали се задолжителни присуствата? Фала ти однапред.
Ми треба мислење на следните предмети, каков е начинот на полагање, каква е материјата, задачи има нема, тешко лесно??? Меѓународни финансии - проф. Горан Петревски Лични финансии - проф. Кирил Јовановски Финансиски менаџмент - проф. Сашо Арсоф
Има ли некој професор од овие што даваат приватни часови да се нафати сега да ми објасни стопанска математика 1 на 1? Или дали некој има материјали од кај Баже убаво објаснети за тој дел?
Здраво колешки, дали некоја од вас има прашања по Основи на сметководство да прати или барем знае кои прашања се паѓаат?
Здраво, ме интересира како иде презапишување предмети? Може ли за втора година да презапишам 2 предмети од прва и да имам 6 предмети, или мора 4 да имам?
Не можеш 6 предмети ќе ги презапишеш тие два што ти се од прва останати и од втора ќе можеш да земеш само два нови ама мораш да земеш од задплжителните не можеш од изборните ќе видиш во програмата што ви ја даваат при упис кои се задолжителни. Е сега не знам дали можеше да се земаат пет во еден семестар мислам дека за тоа се плаќа најубаво да си прашаш на студентски или ако некој тука знае нека ти каже.
Инаку можеш да презашишеш само што ќе си назад и ќе мораш да запишеш и 5 година за тие предмети што ќе ти бидат останати или пак само еден семестар зависи од тоа колку предмети ќе имаш презапишано и понатака .