Од колку до колку работат студентски сега ? Прашувам за тој листот со оцените што ќе ни треба за у дом, што треба од студентски да ни удрат печат или како и да е ...
Имате ли резултати од уписите ? И уште нешто, знае ли некоја како работат овие денови студентски прашања, од колку до колку часот ?
Резултати ќе објават на 22 прелиминарни, а на 27 конечни. А дали воопшто ги имаат на факултет не знам, ама гледам некои преку врски веќе нешто си дознале Инаку имам 95,76 конкурирам за финансиски, државна. Мислам дека ќе влезам, ама некако критично ми делува стварно не знам, едвај ги чекам резултатите.
Ќе влезеш државна ГАРАНТИРАМ.... Честитки од сега Те читам дека имаш голема желба за факултетот и за смерот и многу ми е мило кога ќе видам така... И јас имав и имам многу голема љубов за смерот и со љубов учам и постигнувам резултати, сигурна сум дека и ти ќе бидеш супер студент... Конечно да сретнам некој што со љубов запишува Економски а не од што нема кај или така му рекле од дома... Ти посакувам многу успех
Морам да се самоцитирам, многу итно ми треба информацијава, ако знае некоја од вас девојки да ми каже.
До вторник не работеле, така знам ама незнам дали и заклучно со вторник или не... А си работеле стандард до 1 од 11 мислам ) Едно прашање: Дали некој го има слушано Француски 1? Се оди на колоквиуми или на испит? Професорката како е? Материјалот? Присуство треба?
Девојки ве молам ако имате ресено некои задачи со детерминанти и матрици, од тие што паѓаат на испит ве моооолам да ми пратите преку лп. Ви благодарам многу
Ќе ве замолам ако некој/а беше да полага во оваа сесија финансиско сметководство пишете ми кои прашања се паднаа на испитот?
Дали некој може да ми каже како да знам кои се изборни предмети за прва година? На страната на Економски ги има изборните ама нема кои од која година се, само летен зимски семестар има . И сега што да правам?
Колешки што ќе се бира годинава за изборен? (Да не е трговско и англиски).... Некои предлози, мислење за разбирливи и интересни предмети?
Економистки полагам Статистика за бизнис и економисти на 30ти во 8 часот а како што разбрав истиот ден биле и уписите за 1ва година нели може да се направи некоја промена околу денот на полагање... тој ден ќе има многу гужва и галама не ми е логично некако да се одржи испит во такви услови
Уписите ќе бидат сигурно од 12 или 11 часот од кога ќе отворат студентски. И нема шанси да сменат датум.
Колку што се сеќавам од лани уписите си беа стандард цел ден мислам од сабајле 8-9 па до 15-16 часот и оваа година на конкурсот за упис си беше така, не верувам толку касно да почнат...