ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ИДНИТЕ СТУДЕНТИ: Спојлер ПОЧИТУВАНИ, По објавувањето на конечната ранг листа, ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ВИСТИНСКИОТ УПИС ЌЕ ГО НАПРАВАТ НА 30 и 31.09.2012 година. Оние кои на споменатите датуми нема да ги поднесат потребните документи за упис, ќе се СМЕТА ДЕКА НЕ САКАЛЕ ДА СЕ ЗАПИШАТ И НЕ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ЗАПИШАТ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ после овие датуми т.е надвор од овие термини. Со почит, ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ УКИМ ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИТЕ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2012/2013 Спојлер 1. Индекс и студентска легитимација (бесплатно, се подига на Економски факултет) 2. Три фотографии (две 3.5 x 4.5 cm и една 2 x 3 cm ) 3. Пријавни листови (за упис на факултет, за упис на семестар и статистички лист - во книжарата на факултетот) со 50,00 ден. Админ. Такса (x2) 4. Потврда за уплата на 50/100/200 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка: - Назив на примачот: Буџет на РМ-ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-Скопје - Банка на примачот: НБРМ - Сметка: 100000000063095 - Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10 - Приходна шифра: 723012 - Програма 41. 5. Потврда за уплатени 750,00 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите за Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, Економски факултет, на - жиро сметка 160010368978818, - депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095, - повикување на број 723012, - програма 41 ИСТОВРЕМЕНО за упис на зимскиот семестар се поднесува: 6. Потврда за уплата на 4050 денари за: Предметни програми, Водич низ студиите, книжен фонд, штети, тетратки за писмен испит, и за студентски интернет центар. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка: - Назив на примачот: Буџет на РМ-ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-Скопје - Банка на примачот: НБРМ - Сметка: 100000000063095 - Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10 - Приходна шифра: 723012 - Програма 41. 6а. Кандидатите кои се запишуваат на дисперзираните студии во Велес и Тетово поднесуваат Потврда за уплата на 2850 денари за: Предметни програми, Водич низ студиите, штети и тетратки за писмен испит на следнава жиро сметка: - Назив на примачот: Буџет на РМ-ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-Скопје - Банка на примачот: НБРМ - Сметка: 100000000063095 - Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10 - Приходна шифра: 723012 - Програма 41. 7. Уплата од 200 денари (факултативно) за Студентски парламент на Економски факултет, Скопје, на следната жиро сметка: - Назив на примачот: Студентски парламент на Економски факултет, Скопје - Банка на примачот: Комерцијална банка, Скопје - Сметка: 300000001372004
Колегинице, и ова е само почеток, добредојде на еден од најскапите факултети ever! Архитектура може вода да ни носи! Уште малку и за одење у WC ќе ни земаат пари ..
ИСТОВРЕМЕНО за упис на зимскиот семестар се поднесува: 6. Потврда за уплата на 4050 денари за: Предметни програми, Водич низ студиите, книжен фонд, штети, тетратки за писмен испит, и за студентски интернет центар. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка: - Назив на примачот: Буџет на РМ-ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-Скопје - Банка на примачот: НБРМ - Сметка: 100000000063095 - Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10 - Приходна шифра: 723012 - Програма 41. И ова ли треба сега да се уплати или кога ке почне зимскиот семестар?Не ми е јасно
Eпа овој семестар е зимски, значи треба да се улпати. Според уплатниците што ми ги дадоа денес вкупно 6 (од кои две без цел на дознака) едната за партиципација и едната за ова ќе да е.
Ај што ги напраиле задолжителните во 1ва по 8 кредити, зошто на Е бизнис им го стаиле задолжителен Основи на е бизнис во прв семестар, и немаат изборни понудени, а за нас останатите департмани имаме само 4 предмети избор: деловна етика, еколошки менаџмент, трговско право и основи на е бизнис?! Вака вика: Изборни предмети – може да се одбере еден од понудените предмети но збирот на кредитите од задолжителните и изборниот предмет да не надминува 35 кредити Еве видете на линков и кажете ми дали ова значи дека нема да можеме да бираме други освен овие предмети? http://www.eccf.ukim.edu.mk/za-fakultetot/novosti/221
Па ако вака е напишано, кратко и јасно е - нема да можете да изберете друг изборен. Само што тоа не е логично воопшто. Зошто да ограничуваат не сфаќам, кој што сака тоа може да си избере, а не од овие 4. Не знам што им е финтата, али прашајте си на студентски кога ќе се запишувате, ако не може друг, ќе мора од овие. А ако мора, тогаш факултетов е отиден.
Нема за нас, белким оваа недела ќе пишат кога. На колеги на фб некои пишале дека од 6ти натака, па ќе видиме колку е точно.
E ајде де... сакав да си земам англиски. А и онака трговско право ми беше во алтернативите, ќе го земам тоа. Барем е корисен предмет како што кажуваат. А понатаму за секој смер ќе има одредени 4 предмети на секој смер различно и тоа многу го насочува студентот, го ограничува. Може е добро, ама не знам ... подобро ќе беше секој да си одбере што си сака.
Не се сеќавам некогаш во две години една по друга да имало исти правила на Економскиов. Аман! Нека се одлучат више еднаш за секогаш кои им се правилата и нека тераат. Мора секоја година нешто ново да се воведува. Плавуша изгледа убаво си разбрала. Е-бизнис немаат изборни, а останатите смерови ќе мора а бирате еден од четирите понудени, што значи-Трговско право
Е понатака ако уште ограничуваат, не знам што да кажам. Ние немавме вакво ограничување, за нас нема шанси ни да направат, оти веќе сме земале кој ќе ни текне. Ова од оваа година им е направено, за жал, оти секако имате полесни предмети од дадениве. Еколошки менаџмент е екстремно глуп предмет, тоа не може да се чита, камоли да се учи. Ни Основи на е-бизнис не било нешто сјајно, оти имате вежби 2-3 пати неделно, на кои мора да се оди. Трговско е океј, а Деловна етика доста го избираат, и тој е полесен. Али Англиски со ништо не се заменува.
Кој од овие предмети и најдобра опција за изборен: Деловна етика, Основи на е-бизнис или Еколошки менаџмент ? Трговско право веднаш го отфрлив.
Јас и деловна етика го имав предвид, ама откако предавал Леонид што бил доста зезнат за правење тестови како што кажуваат ме фати страв и го отфрлив. Ми остана трговско. А многу би била благодарна некој да ме просветли кои им се тие предмети од листата на уким, демек од друг факултет да одбереш предмет да го слушаш таму, таму земаш оценка итн.? Како оди тоа? Оооо мај гад
Нека ве аднат во групата Colleagues, таму имате еден куп искуства, мислења, прашања за сите предмети, па така полесно би одлучиле кој изборен да го запишете.
https://www.facebook.com/groups/101202873281918/ Ставете си на фб профилот инфо дека сте на Економски, инаку администраторите на групава нема да ве прифатат.