Би сакала да се запишам на економски оваа година па ме интересира кој смер има најмалку математика? Знам дека во 1ва кај сите е ист материјалот. Знам дека ова е најверојатно најдосадно прашање, но сите одговори кои ги прочитав се најмногу од 2010/2011 година па ако има некои понови одговори? Исто така како нов студент на што повеќе да обратам внимание? Колку е тежок факултетот? Бев одлична во средно, но не сум многу заинтересирана за математика па не сум сигурна дали и е добра опција за мене.
Здраво колеги. Дали можете да ми дадете некое инфо околу следните предмети: Монетарна и фискална политика во ЕУ Банкарски менаџмент Квантитативни методи во финансии. И доколку имате некои материјали да ми препратите? Начин на полагање, потешкотии, задолжителност?
Vo prva godina nemozes da izbegas od matematika, statistika i smetkovodstvo.. A za ponatamu nema zadolzitelen matematika na nitu eden smer, no ako ti ode Angliskiot mozes E- Biznis smer , ili povekje teorija = Menadzment ili Marketing smer.. Pozdrav
dali mozr da ja zemam diplomata pred datumot na sveceno dodeluvanje bidejki treba da zaminam za stranstvo?
Во 1 година на сите смерови се истите предмети.Поголем фокус кон математика за економисти и основи на сметководство во зимски семестар(обично прв колоквиум е полесен,ама вториот е многу потежок(поготово сметководство со отворени задачи)) и во летен семестар статистика(пак има задачи ама многу е полесно од математика) Бара упорност,редовност на вежби за колку-толку да биде полесно полагањето.Мене искрено секогаш ми било полесно на колоквиуми отколку на испит ама тоа зависи од стилот на учење на секој студент. Најмалку математика имаш на смерови Маркетинг и Менаџмент кои повеќе се насочени кон теорија и нема да имаш предмети поврзани со статистика и математика но и таму секако треба учење има обемни предмети. Треба учење од книга надополнето со скратени скрипти и прашања од Либро(но не смееш да се потпираш само на нив дека ќе положиш со минимум учење бидејќи може прашањата да се сменат). Како факултет е океј,зависи кој смер ќе одбереш(Сметководство и ревизија и Е Бизнис важат за поатрактивни) но и останатите се добри имаш можност да работиш во голем број фирми.
Девојки немам полагано долго време. Дали се уште се плаќа административна такса за испит? Која беше цената и дали се плаќа преку смс? И ако да на кој број?
Koj e najlesen izboren predmet za polaganje? Digitalna ekonomija, ekonomika na makedonija, javni finansii, menadzment na covecki resursi, mikroekonomija, statisticka kontrola na kvalitet, finansisko smetkovotdstvo.