Дали има некој што е на надворешна трговија и го имал предметот мултилатерален трговски систем да ми пише во инбокс, ми треба малку помош.
Добар ден колеги, дали може некој да ми каже како е статистика за бизнис и економија на цел испит? Дали е тешко, лесно...во принцип материјалот за првиот колоквиум е лесен но сум видела други да кажуваат дека вториот колоквиум бил потежок. Не сакам да одам на приватни часови бидејќи според мене материјалот не е толку тежок, ваше мислење доколку сте полагале испит?
Вовед во ек. на животната средина се паѓаат ли графици како прашања на колоквиум? И има ли нешто плус теорија од книгата што треба да се обрне внимание? Ги имам прашањата од либро, но не знам колку се доволни
Знае некој за приватни часови по математика за економисти освен Баже? Во Кисела Вода сум и ми е подалеку кај него да одам
Здраво. Некој што студира "Меѓународна трговија" да каже нешто по конкретно околу насоката, тежината на студирање и дали е перспективна гранка. Нема некои по нови одговори за насокава па сакам да слушнам како се одвиваат сега работите. Читав дека не е многу атрактивна на пазарот и слично но сепак сум заинтересиран за оваа гранка. Ве молам за мислење. Ви благодарам.
Дали ќе биде перспективна или не зависи од тебе како личност, не мислам само на Меѓународна трговија туку општо на факултетот. Економскиот факултет одамна престана да биде перспективен, што поради бројот на запишани и дипломирани студенти, но исто така и поради нашата напатена државичка и политика без можности за вработување. Иначе јас сум од постара генерација каде стварно се учеше на Економски и можам да кажам дека имав другарки што многу лесно поминуваа на Меѓународна, за разлика од Финанскиски Менаџмент каде завршив јас. Но за мене лично најперспективни се Сметководство и ревизија, и Е-Бизнис.