Еве за кого е ова поточно . Јас кога прашував добив негативен фидбек. Сепак, прашајте си и вие, или на студентски, или јавете се на раководителката.
Да , но на ова пишува дека имаме право да запишеме плус кредити од наредниот семестар, а не се споменуваат неположени од минатиот.
Како ќе запиеш плус кредити (други предмети) кога имаш неположени што треба да ги презапишеш? Максимум кредити што можеш да запишеш се 40. Со презапишување на неположени од минатиот колку предмети од нов семестар ќе запишеш?
Не сакам да запишам плус кредити туку прашањето ми беше дали сите 5 предмети ( еден презапишан и 4 задолжителни од семестарот) можам да ги запишам и полагам во овој семестар или поради презапишаниот некој од овие 4 ќе треба да го оставам за понатаму.
Фала Колку што разбав изгледа не е можно ако презапишуваш предмет бидејќи пишува дека за особено успешен студент треба да се завршени сите обврски од претходните семестри. Дозволено е до 40 кредити ако земаш друг 5ти предмет кој не се презапишува
Еве Член 34 Студентите напредуваат во студиите преку полагање на испити за предвидени предмети/модули и преку исполнување на обврските предвидени со студиската програма. Студентите во еден семестар запишуваат минимум 21, а максимум 35 ЕКТС-кредити. Одредбата од став 2 на овој член не се применува за запишување на семестар каде што се предвидени условувачки критериуми, односно претходно совладани предмети. Член 36 При запишувањето на предметите, студентот најпрво ги запишува неположените задолжителни и изборни предмети од соодветниот (летен/зимски) семестар, а потоа задолжителните предмети од тековниот семестар и на крај, изборните предмети од тековниот 11 семестар, но на тој начин што неговите вкупни студиски обврски во еден семестар да не го надминуваат бројот на ЕКТС-кредити утврден со овој Правилник.
dali nekoj znae sto e toa sto na smer smetkovodstvo im go imaat objasnuvano za magistratura? nekoj mi kaza deka studentite na toj smer ne zapisuvale magistratura na nasiot fakultet, nego na drugo mesto.. dali moze nekoj da mi objasni
Дали некој знае испитот Организациско однесување во оваа сесија дали е само есејски прашања или и на заокружување и точно/неточно?
За трет семестар за изборен ми се дадени следните предмети. Предлог кој е полесен? Дигитална економија Економика на Македонија Јавни финансии Менаџмент на човечки ресурси Микроекономија Статистичка контрола на квалитет Финансиско сметководство
Mislenja za izborsnite predmeti za tret semestar, sto baraat sekoj od niv i kolku e lesen/tezok materijalot?