Е мене тие на врата ми кажаа смер да пишам, а прашав друг ми вика година. Абе секој различно има напишано, секој различно кажува.
Мене во индекс кај студиска програма ми е Финансиски менаџмент, значи - смерот го пишувате. Така е и на секоја пријава за испит. Ај, ќе се навикнете понатака.
Девојки од погорните години, ај помош што да бираме... финансиски сум, 3та од 15ти До сега само англиски и трговско ги имам од зимски... Има ли некоја 4та менаџмент смер што е да ми каже за Производен менаџмент каков е предметот? Нив им е редовен во 3та
Јас би ти го препорачала Демографија, книгата е мала, околу 40 страни материјал за еден колоквиум, имаш 10 поени од присуство, 10 поени од презентација и останатите од колоквиумите. Ако си за 10ка, ќе мораш да одиш на предавања ( асистентка е Марија, има разбирање ако ти се поклопуват предавањата со некој задолжителен ), а ако не си за 10ка, може слободно да одиш на некое предавање да си земеш тема, една кратка презентација и си имаш 10 поени плус
Во студиска програма стои додипломски студии. А во насока/оддел/модул стои смерот ваш. И мене во студиска програма ми е мојот смер, е бизнис, но ми е погрешка. Што уопште нема везе, ако сакам и Шпанија ќе напишам таму, мене и матичниот ми е грешен, па со коректор, абе катастрофа. Да знаете за понатаму и за пријави и за секаде, ако пишува студиска програма тоа ви се додипломски студии, а насоката ви е смерот.
Девојки а на пример ако не си задоволна со оценката од еден предмет и сакаш да имаш поголема оценка кога го преполагаш тој предмет? Во текот на колоквиумската недела/испитна сесија или пак се договараш со професорот и од него зависи?
Колешки кој предмет препорачувате да го отфрлам од: Надворешна трговија, Основи на маркетинг и Однесување на потрошувачите зашто презапишувам Математика?
Значит дека ние од нашава генерација индексите ги напрајвме попара, кој година пишал, кој смер, модул празно оставено, студиска програма смерот, лелее хахах дур не средат..
Никој нема да го отфрлиш. Ако имаш 3 задолжителни и еден изборен, математика ќе ти дојде на местото на изборниот. Може, како не може. Нема услови на нашиов факултет за запишување втора, и ништо да немаш положено, пак можеш сите да си ги презапишеш. И луѓе златни, овие од факсов не знам што прават, ништо нема на страната истакнато, кога се запишува трета година?!?!?!
^ На страната нема ништо, ама на факс има истакнато. Наслушнав дека уписи за втора година се на 12-ти и 13-ти, така да за трета се после тоа
Епа имам 4 задолжителни не го спомнав Основи на менаџмент зашто не се двоумам сигурно го запишувам овој семестар.
^^ Епа тоа не знаев. Од првите три не сум имала ниеден предмет, така да не знам колку се тешки и какви се. Али Менаџмент сум го имала и ултра тежок, претежок е. Инаку, уписите се од 10-19. И во оваа група нема запишување за прва година, оти прва некни се запишаа. За втора се 10, 11 и 12. За трета се 13, 14 и 17. За четврта има само два дена - 18 и 19.
Однесување на потрошувачите не сум имала, инаку Надворешна трговија е доста тежок и на колоквиум,а на испит е изгор, плус на пишување е 15 отворени прашања. А Основи на маркетинг мене не ми беше нешто многу тежок, на колоквиум полесно се положува па сите така гледаат да го фатат. Не знам кој начин на полагање повеќе го сакаш (пишување или заокружување), Маркетинг ти е се за на памет, има еден куп набројувања...
Од спомнативе ниеден не сум имал,но од блиски извори ти кажувам дека Надворешна трговија е најтежок,јас ке имам кај истава професорка Меѓународна економија што е исто така мн тежок,што значи дека е до професорката не до предметите.Однесување на потрошувачите е лесен,а Основи на маркетинг немам баш некое мислење,дека со предметов секој различно искуство си има,но во секој случај,ако сакаш да го исфрлиш најтешкиот од овие 3,тогаш исфрли го Надворешна трговија без размислување.
Надворешна исфрли го. Имам другарка во иста ситуација беше минатата година и по долги распрашувања како да направи таква одлука донесе. И направи правила работа. Годинава си исчисти се и сега во 3та ќе си ја земе Надворешна... Математика е тежок предмет и Менаџмент и по таа логика од наведените се исфрла најтешкиот, а тоа е Надворешна... Тоа бриши го без размислување...испробана техника
Мене искрено надворешна трговија ми беше најлесен за полагање. Се знаеше кои прашања ги дава, најглавните ствари од темите и многу полесно беше да се извадиш со пишување, него ли да се мислиш дали едно ќе заокружиш или две Јас имам само позитивно мислење како за предметот, така и за професорката. Иначе однесување на потрошувачите може да извадиш поени заради редовност на часовите, Снешка обожава да и се посветува внимание на предметот. Јас кога бев 2ра год. тие што беа активни на часовите ги ослободуваше од колоквиум и им даваше по 30 (макс. ) поени. Како за 10ка. За следниот колоквиум ќе си научиш. Прашањата и беа исто како и за маркетинг, само однесување е потесна материја. На крајот обавезно попушта, поенче плус-минус ете ти повисока оценка. Само незнам на кој смер си. Она маркетинг најмногу си ги сака пс. претпоставувам дека основи на менаџмент ти е задолжителен и дека кад тад мораш да го полагаш. Иначе изборот на предметов во поинаков случај би значел долготрајно ужасно мазохистичко дејствување против себеси, својата психа, здравје и љубов кон факултетот. Све тоа ради наш Шуки