Девојки може да ми објасните како се плаќа рата (партиципација) од втора година? Слушнав нешто дека според кредит, може некој да ми објасни?
Исто како и за сите други години. Го собираш бројот на кредити, пример: Основи на менаџмент 8 кредити, Основи на маркетинг 8 кредити и т.н. и треба да добиеш максимум 35 кредити. Ако презапишуваш предмет од прва година, тогаш прво го запишуваш заостанатиот предмет, па после ги запишуваш редовните, па изборните предмети. Секој предмет носи одреден број на кредити, ќе си видиш на страната на Економски кој колку носи и ќе си израчунаш.
Го собираш бројот на кредитите и го множиш со 3,33 евра (ако си во државна квота, за другите квоти нзз точно колку беше, мислам за приватна 6,66е)..
Женски уште едно прашање, ова ако презапишам предмет од прва од зимски во летен на посебна уплатница го пишувам или го рачунам со сите кредити па по 3,33 евра и тоа ми е како рата? или кредитите од зимски + презапишаниот предмет од ново? како иде?
Во втора обично сите се по осум, така да тие по осум си ги собираш, пр. 3 предмети по осум= 24,г0 множиш со 3.33 за државна или 6.66 за приватна и после го множиш тој презапишаниот, кој скоро сите беа девет кредити, значи 9* 3.33/6.66 и го додаваш. И јас презапишав некаде околу 106 евра излегуваше, така нешто мислам беше, во државна.
Многу сум задоволна од распоредот, само не во четврток 2 паузи по 2 саати, петок една... другото е стварно супер, најнај.
Здраво. Некој да не има повеке информации за некој од прeдметиве ( тешки/лесни, начин на полагање, задолжително присуство и сл.) 1.Мегународно финансиско известување 2.Државно сметководство и сметк. на непрофитни организации
Овој што е истакнат распоредот на предавања е конечен?Нема да се менува? И можеби уште две глупи прашања ама бруцош сум не ми замерувајте 1. Зошто ние треба да платиме 200 евра партиципација годишно,а читам тука вие треба да ги множите кредите со 3,333 евра ако сте во државна квота или со 6,666 ако сте во приватна квота? 2. Сите ми велат дека не бараат оргинал книги туку може и фотокопирани,па од каде ги купувате фотокопираните?Од Либро или?
taznatajbg слободно прашувај, не е срамота, јас сум четврта па пак прашувам. Овој распоред е конечен да, не го менуваат, а за тоа со кредитите е за повисоките години. Инаку книгите нема потреба да ги купуваш во оргинал форма, можеш од копирниците, само збирка и таблица ти треба оргинал затоа што ги носите на полагање математика, ама можеш да се снајдеш да позајмиш од колеги или па на старо да ги купиш. Скрипти, книги, прашања и такви ствари се можеш од Либро да си купиш.
Ако е конечен овој распоред тоа значи дека во петок сум цел ден слободна Иако треба и распоред за вежби да истакнат Тоа значи дека наредна година кога ќе упишувам 2 година треба да го множам бројот на кредити со 3,333 евра? И тогаш кога ќе почнеме ќе ни ги кажат авторите на книгите(иако ги има на страната на економски ама ете за кредите не беше точно па можеби и авторите не се точни) треба да отидам на пример во Либро и да си купам фотокопии? А збирката и таблицата ќе ги купам или на старо или пак нови Благодарам
По прашањава очигледно е дека си на мојот смер ( само помала од мене) мсс или мфи како сакаш го предава Недев и извини што ќе те разочарам ама не е лесен =) И на колоквиум и на испит веќе е исто. 3 лекции 3 задачи. Условот знаеш кој е кај недев =) И од двете минимум да имаш. Книгата е прилично големка па мој совет глеј да си го фатиш на колоквиум ( јас така успеав да го положам) зошто на испит е потешко! Вториов ти е исто од недев ама го држи атанаско, тежок е ама не е тежок . Не знам јас за разлика од мсс полесно поминав на државно. Како мали скрипти се темите. Има и вежби и на овој како и на мсс. Овој е на оптички =) Во кратки црти гледај и двата на колоквиум да ги фатиш. Недев е опасен за испит оставање! Се надевам ти помогнав колку толку =) Поздрав Едит - за присуство кај недев знаеш како е =) додека пак атанаско си пушта списочиња ( а мсс коа е марина и она исто), јас не бев мн редовна ама се погодував да сум коа има списоци
Лелее, вторник слободен Барем понеделник или петок да беше Инаку распоредов ми се свиѓат, барем ќе поспија од сабајле, пошо не наспана не ќе можа да уча. Супер, супер. Од мене имаат лајк а вежбиве можат да ни ги стават сите во слободнов ден? Или во работен ќе бидат?
Ај ако има некоја феминка на која утре ја носи патот до на факс да ми пише пп. Цел ден ги барам овие од студентски и никој не ми крева, а не сум од Скопје. Итно ми е ве молам.
Ок колешке, фала за индормациите. Туку државно сметк. не го предава Зоран Миновски пошо така гледам пишува на странава или сменет е?? Инаку не разбрав убаво, и по 2та предмети има задачи?И вежбите се нешто презентации ( само губење време) или...Во стилот на управувачко се?
Девојки да ве прашам дали можам да запишам семестар порано од предвидениот рок бидејќи ќе бидам надвор од земјава? Сакам да се запишам сега во петок, не би ли ми правеле проблем? Второ сакам да прашам дали некој има искуство со поравен по основи на економија, викаат усно ќе било со по едно прашање? И од колку работат студентски?