Јас мислам дека нема да ти прават проблем, ќе им објасниш дека нема да си во земјава! Студенски работат од 11
Јас само ќе ви кажам дека Недев не бара присуство многу многу ДА, ама затоа многу памти. На прв поглед изгледа можеби изгубен и забеган ама верувајте памети фаци и тоа како. Може некогаш да ве изненади по ходник и да ве поздрави со потсетување кога имаш час да се појавиш (ова од мое време од колеги). Ова мое искуство пред 6 год откако дипломирав. МСС го фатив на колоквиум со тоа што на крај одиш и на усмен дел а оние со испит се искозија од учење па дури и пишуваа квадрати и главеа со тој испит. Управувачко е гола вода во споредба со овој. Претпоставувам дека сега се дава поголемо значење затоа што официјално со Закон МСС се применуваат и кај нас. ....ах сеќавања
Можеш, можеш. Можеби малку ќе ти помрчат тетките, али мислам дека не би имало проблем. За ова поправниот прв пат слушам. Не ми се верува дека Таки или Предраг или Владимир или кој и да е, ќе се замара за секој студент одделно усно. Оваа ми е многу малку веројатна. Студентски отвараат од 12. До 14 часот.
Да усно е, по едно прашање само онака конкретно не цели лекции. Денес откако се објавени резултатите отишле неколку да прашаат и им поставил по едно прашање и ги пуштил.. А ние другите има пишано во петок и сеа не знам.. Значи можно е да и писмено? Ах..
Aко има некоја колешка 4та финансиски или некој друг што ги има слушано меѓународни финансии, економија на инфестиции и финансиски менаџмент да сподели некоја информација, искуство? Mора ли да се оди на предавања, кои од нив се корисни, какви се колоквиумите, дали некој можеби е полесен за на испит?
A за аграрна политика нешто да ми кажете? Тешко лесно? На колоквиум е на пишување или оптички? Има задачи? Материјалот голем ли е? И кој го предава Би ви била многу благодарна за било какви информации
Јас бидејќи прибирам информации од изборниве, можам да ти кажам што ми кажале... Не треба присуство. Професорот бил душа и 75 посто од прашањата биле од минатата година. Многу лесно се положувало, бидејќи најчесто биле со 1 точен одговор прашањата, 20 прашања на колоквиум, оптички секако. Ама материјалот бил толку досаден да се учи, ми рекоа дека не постои предмет со подосаден и безвезен материјал, а имало и по некое набројуванче за на памет... инаку 300 страни била книгата, по 150 за колоквиум доаѓало... Некој за основи на е-бизнис мислење....
ако некој знае нека ми препорача кои изборни предмети се полесни за зимски семестар а воедно да не се бара присуство
Немој да бираш Финансиски менаџмент. Професорот бара присуство, презентации и актиности ако идеш преку колоквиум, а на испит е доста зафркнато. Со предметов има најразноразни искуства од студенти, ама моето беше лошо и по никоја цена не би го бирала. Вака за учење е лесен, ама прашањата му се тросмислени.
Не, не прашував за избирање, овие ми се задолжителни за петти семестар, па се распражувам да знам што ме чека. Во секој случај ти благодарам за одговорот, штом е така ќе гледам да го положам на колоквиуми.
Аха, значи не сум прочитала убаво, пошто сите бараат мислење за изборни. Биди редовна на предавањата, обавезно пријави се за проект во групи и од време на време знае да пушти домашни задачи и од тоа дава поени плус. Во случај да се одлучиш за испит, да знаеш дека во септември му е најлесен, а во јуни најтежок.
За финансиски менаџмент можеби и испит не е лоша опција. За да положиш на колоквиуми ти требаат повеќе работи, на пр може да ги имаш положено и двата а да немаш за 6ка, ти треба проект (за кој треба мн да се потрудиш, бизнис план, физибилити студија, за фирма ти требаат биланси и секакви глупости со реални бројки), за присуство дава поени (пушта списоци после прв колоквиум, 4пати), дава неколку домашни и плус може да даде ненадејно на некое предавање ко некој вид на наставни ливчиња. Материјалот е лесен и убав за учење, се учи со разбирање и мора да се сфати суштината
^^ Е како не треба. Треба. Само што тука правиме муабет за презапишување на предмет, кога презапишуваш предмет, ако имаш изборен во семестарот, на местото на изборниот го презапишуваш предметот. И фактички немаш изборен.
Супееееер, значи во вторник почнуваме со предавања. Али студентски мора да работат во понеделник нели?
Каде точно ќе биде свечениот почеток на новата учебна година?Јас мислев Борис Трајкоски ама не било таму.
Ако два пати го презапишеш истиот предмет. Пример, математика ти е редовен во прва. Ако го презапишеш во втора, никому ништо. Ако не го положиш во втора и го презапишеш во трета, е тогаш те префрлуваат во приватна квота.