Продавам Основи на менаџмент учебник, зачуван многу добро, со подвлечени сите набројуванки и јас што сум ги учела и што се паднаа на колоквиуми и гратис Контен план, кој ќе ви треба по Финансиско сметководство, оргинал и нов од минатава година, зошто го носите на испит... Кој е заинтересиран нека ми пише ЛП....
На 17.09.2012 година (понеделник) во 12,00 ч. во аулата на факултетот свечено ке биде одбележан почетокот на учебната 2012/2013 година за новите студенти на Економскиот факултет.
Тоа е, кога ќе влезете на факултет право нели има како подигнато едно што ги поврзува трите скали за накај амфитеатрите... "Свеченостите" на економски обично таму се одржуваат... Не се секирајте нема да утнете... Ќе приметите, не се сеќирајте..
Има ли некоја феминка да искаже мислење во врска со предметите во 5ти семестар ебизнис: маркетинг менаџмент, менаџмент на ебизнис и основи на интернет архитектура што е, како е, што се работи на вежбите ? Фала однапред
Ми треба некој што пред скоро време ги зеде 5 и 6 семестар да прашам нешто преку лп ако може, итно ми е, ако има таков. Фала.
Продава некоја колешка книги за 2година од смер Финансиски менаџмент??? ако има некоја може да ми пише ЛП
1.Маркетинг менаџмент предава Анита оди си на вежби дава од задачите на колок , материјалот е лесен со разбирање треба да се учи не на памет 2. Интернет архитектура исто оди на вежби ке правите проект во Microsoft Acess дата бази за некоја фирма што всушност ти е практичен дел од испитот не дека програмата е многу тешка ама треба да ја совладаш и проектот да биде добро осмислен оти ако не положиш на практично паѓаш, првиот колоквиум е теоретски и беше доста тежок барем кога полагав јас 3. Менаџмент на е -бизнис ако е кај вера глупост невидена не знае жената ама баш ништо не троши време на предавање ако сакаш повисока оцена носи анкетки
Зошто се уште нема излезено распоред за вежбите кога ќе ни бидат?Или тие од после ги кажуваат кога ќе почниме?
Дали на некоја бруцошка од економскиов и стигнала порака со нова лозинка на iKnow системот? На неколку мои другарки им има стигнено од Архитектонски,а и во темата Полагање матура и уписи за на факултет некои рекоа дека им стигнало,а кај мене нема ништо на hotmail
Некој со искуство од предметот Финансиски менаџмент, ако има, нека ми пише ЛП, сакам да се консултирам за нешто.
Основи на е-бизнис е интересен предмет, имаш и предавања и вежби.На предавањата не е битна редовноста, но на вежбите е битна бидејќи ви дава задача која треба групно да ја сработите за 2часа. Материјалот не е обемен, ама како и секој предмет бара да седнеш и да го прочиташ . Според мене предметот многу лесно се учи зошто е на англиски и има интересна содржина.
Кога презапишуваш предмет не ти треба нова уплатница... Само ќе тргнеш еден предмет од сега тие кои треба да ги запишеш и збирот на кредитите на предметите кои ќе ги запишеш, заедно со презапишаниот ги собираш и ги множиш со 3,33 или 6,66 (зависно државна или приватна квота)...
Девојки, може ли некоја што е зачленета во групата Collegues да ме аддне на фб, за да ме додаде во групата ?? нека ми пише ЛП