Прва година сум и за изборен го одбрав деловна етика, знам дека трговско право било најлесно но на мојот смер го немаше понудено во изборните, кој има искуство со деловна етика ако може да ми каже какво е.
А со кое корисничко име и лозинка се најавувате? Со таа што ви ја пратиле на меил или истата што беше за електронското пријавување? Кај мене нема ништо на меил од економскиов :?
Прашање до оние кои дипломирале или треба скоро да дипломираат: Дали за дипломска има некакви рокови, дали ако не ја пријавиш до одреден датум се плаќа казна, или се оди во договор со професорот?
Дали на дипломата ти пишува на крај на кој департман си дипломиран? Знам за звањето дипл. економист на департман тој и тој, ама дали и на диплома или само дипл. економист?
Според ова што го прочитав на сајтот на еццф.... Квалификација која се стекнува: Дипломиран економист на Департман Финансиски менаџмент Веројатно пишува... Во на мајка ми дипломата значи пред 20 и кусур години на истиот ни факултет пишува дипломиран економист на насока план и анализа... така да... можно е... Некоја со искуство може да каже, а ние да нагаѓаме само
Јас го имав деловна баш во прва година. Материјалот не е обемен, мислам околу 200 и нешто страни е целиот испит, но маката е во тоа што е преполн со набројуванки. Професорот е океј, не бараше присуство на предавања. Колоквиумите беа на заокружување, со 1 до 2 отворени прашања. Добро е тоа што ако еден колоквиум паднеш или не се појавиш, во јануари имаш шанса само тој колоквиум да го полагаш, а не целиот испит. Мислам дека имате подобри избори од деловна етика, некако не е баш најлесен.
Вака пише (од лани ми е дипломава) бла бла бла ги заврши додипломските студии на Економски факултет со средна оцена ___ департман - за _____ и стекна право на стручен назив Дипломиран економист
Може ли некој да ми каже, за прва година кои професори бараат да купите книга од нив, а кои толерираат и копии?? П.С Колку се движи цената на една книга??
Нема потреба од оргинали, купи си ги од копирниците фотокопии сите книги, освен збирката и таблиците математика ти требаат оргинали, затоа што се носат на полагање. Ама можеш на старо да си ги купиш или да ги позајмиш.
Дали некој од вас има искуство со предметот Теорија на организација? Дали е лесен, дали бара редовност, активности, презентации...