Има ли некоја колешка на смер економија ? Јас сум бруцош, имам завршено средно економски, па врз база на предходното искуство, одлучив да се запишам економија, но, слушнав негативни коментари од типот дека ајде, така да се изразам, „најнедобар“ бил овој смер Ваши искуства и мислења ќе ми бидат добредојдени
Нема врска. Тоа зборат така тие што мислат дека најслабите таму се запишуваат, што донекаде е може така, али смерот дефинитивно не е за потценување. Имаат најмногу предмети слични со мојов смер, Финансиски менаџмент, така да, не би рекла дека е најнедобар или лош смерот, оти предметиве што ни се заеднички, се логички и баш е застапена како треба да се одвива економијата во целост, не сите смерови учат такви предмети. Е сеа, немаат финансиски менаџмент, никакви сметководства, немаат многу тешки предмети, али секако не би го ставила ко најлесен или најнепотребен смер.
Јас сум на економија,и нема со да им обрнуваш внимание на таквите коментари.Менаџмент да не е подобар ? Учат на памет се што ќе стигнат,немаат некој предмет асален за учење,само непотребни поделби и глупости,или маркетинг кај што е нешто слично.Според мене,не дека сум јас на економија,но полесен е смерот маркетинг,а и е-бизнис,од тоа што сум слушал,менаџмент е тежок,но како што реков е и се на памет,надворешна трговија не го знам,но секако според мене финансиски и сметководство се најтешки,после следи менаџмент,а другиве останати смерови се за нијанса полесни,но економија секако не е најлесен,затоа не се замарај,тие што коментираат мислат дека многу знаат,а уствари коа ќе видиш цела економска наука потекнува од економијата,менаџментот и маркетингот се науки без некоја голема историја.Смерот економија е нулта група за другиве,зошто сите смерови се произлезени од него,како што и сите крвни групи се произлезени од нултата
Колешки има ли некоја овде на маркетинг што ја има ислушано 3та год да ја прашам нешто??? Нека ми пише лп
Смерот економија можеби е "нулта група" за другите смерови но по вредност далеку го шијат.. Уствари ако погледнеш реално и овој смер може да се смести во кошот на менаџмент, маркетинг и другите што ги кажа .
Те молам,по која вредност го шијат и кажи ми и сличностите што ги има со менаџмент и маркетинг ? Однесување на потрошувачите,промоција,управување со производ,односи со јавноста ? Ова тебе ти личат на предмети ? Па уште по насловот ми иде да се прснам од смеење,или предметите од типот на маркетин менаџмент,основи на менаџмент,менаџмент на мал бизнис,не ме смеј те молам и немој да споредуваш со предмети од типот,микро,макро,финансиски пазари и институции,монетарна економија,јавни финансии,применета економија,девизна политика,меѓународна економија,а не ти ми збориш за предмети што се смешни тргнувајќи од самиот наслов.И брани си го смерот,ако си на некој од овие,со факти,а не без аргументи.
Добро ма Sawyer што се нервираш право и возбудуваш ?Тоа си е мое ЛИЧНО мислење за смерот и ти немаш право да ми се буниш! Мене зборот ми беше дека на другите смерови а особено на финансиски и сметководство ке добиеш пошироко знаење и поблиску до практиката, ке се сретнеш и со книжења и со теорија и со друг вид на задачи што не е исто на смерот економија каде што се учат повеке теоретски и историски предмети од областа на економијата .
Абе, греота е да кажам, да не те буцкам, ама и маркетинг ги имаат овие предмети Маркетинг има математики, статистики, надворешна трговија, јавни финансии, економија, менаџмент, сметководство, фин. сметководство, деловно планирање, фин. менаџмент... или јас погрешно сум учела На маркетинг не се учи како да се рекламираш, туку од старт како да изградиш еден производ, каде да го позиционираш, за кого да го намениш, тоа е еден цел концепт на истражувања на пазар, на луѓе, на држави, на мало и големо, дистрибуции... Ако сметаш дека е толку лесно и глупаво, земи си ги предметите од маркетинг за изборни Јас не одбрав економија, затоа што ми беше поширок поим, сакав во дипломата да ми стои дека сум Економист, плус на одредена насока (а тоа и ми стои ). А дека сум учела економија од повеќе области, сум, и тоа ваквите коментари неможат да ми го побијат Не бидете како мали деца што се караат дали Аеродром е подобро од Ѓорче, дај Боже сите да си најдете работа по струка и уште поубава плата да си земате.
Колешке,не сум МА,туку сум БЕ И точно е тоа што о рече за финансиски,јас не спомнав ништо за финансиски,само ги спомнав маркетинг и менаџмент и е-бизнис.Ги спомнав бидејќи не се ништо поарни од економија,а сметководство,финансиски итн не ги спомнав во негативна конотација
Колешке,ти се што спомна,спомна од прва година,каде што сите имаат исти предмети,за надворешна трговија не спомнав ништо,туку само ги спомнав оние предмети што ми се смешни и ми бодат очи,а имам блиски луѓе на маркетинг,и за порано незнам,но во поновава историја мн ми е јасно како поминуваат одредени предмети,и јас не го оспорив смерот дека е неквалитетен,само реков дека не е ништо подобар од економија.А коа сме кај предметите за изборни да си ги зеам,не фала,не зошто се тешки,туку зошто треба да презентирам и да правам семинарска,не ради нешто друго и така.И не ме сфаќајте негативно,само ви кажувам,пред да плукате по другите смерови,видете си го вашиот и неговите недостатоци. пс:Ѓорче е подобро
Кај е тој амфитеатар 4? Утре имам прв час таму, а не познавам никој и немам со кој да одам па да се брукаме заедно барајќи го. И нешто ме збуни, ај ако некој се разбира нека ми објасни, зашто многу сум успаничена денес. Во понеделник од 08:00-10:00 имам и Математика за економисти и Еколошки менаџмент. Како е можно тоа? http://www.eccf.ukim.edu.mk/studiranje/oglasna-tabla Тук во предавања е така. И ако пишува 2011/2012 година, во документот стои оваа учебна година. UnderTheSun во тој линк стои кои смерови со кои се заедно.
Сефора амфи 4 ти е десно по скалите во холот (гледано од влезот на факсот) па после пак десно. Инаку изборните често пати се поклопуваат со задолжителните. Пеце (еколошки) бара присутност а и за твое добро оди зошто ти ја повишува оцената ако те има на сите списоци што ги пушта. Јас кога бев 1ва година требаше според колоквиуми да имам 8ца ми стави 9ка зошто ме имаше на сите списоци. Предметот е многу интересен и не е досаден воопшто. Од јанев немаш многу фајде (барем јас немав), ке си одиш на приватни часови математика кај Петар и чао пријатно ке си положиш без многу проблеми (јас така правев и го поминав на колоквиум). Со лесно утре на предавање
Се снајдов добра е фала многу И мене ме буни распоредов јас сум на менаџмент имам во петок економија од 12 до 2 и изборен е-бизнис од 12 до 4?
Колега предметите не се сите од прва година, напротив ги имав и во 2ра, 3та, 4та, па побогу јавни финансии е во последен семестар Рече да не те сфаќаме негативно, а цитирам -Ова тебе ти личат на предмети ? Па уште по насловот ми иде да се прснам од смеење- Јас не го поминав факултетот туку така, зашто сум била на маркетинг. Единствен недостаток кој го имам општо од факултетов, е никаквата иднина во вработувањето...ќе дипломираш и ќе разбереш. Сметам дека сите насоки си имаат своја тежина, а со тоа што го исмеваш изучувањето на одредени предмети, го исмеваш и нечието знаење и труд а тоа...не ти чини
[/quote]Колега предметите не се сите од прва година, напротив ги имав и во 2ра, 3та, 4та, па побогу јавни финансии е во последен семестар Рече да не те сфаќаме негативно, а цитирам -Ова тебе ти личат на предмети ? Па уште по насловот ми иде да се прснам од смеење- Јас не го поминав факултетот туку така, зашто сум била на маркетинг. Единствен недостаток кој го имам општо од факултетов, е никаквата иднина во вработувањето...ќе дипломираш и ќе разбереш. Сметам дека сите насоки си имаат своја тежина, а со тоа што го исмеваш изучувањето на одредени предмети, го исмеваш и нечието знаење и труд а тоа...не ти чини [/quote] Да,така реков испровоциран од односот на тие што така и го претставиле смерот економија на новата колешка,и нив не им чини тоа,и јас како и тебе си го бранев она што го учам,а тоа дека конкурираат повеќе студенти со понизок просек,не е воопшто мерило за смерот,зошто имам мноу познаници што го потврдиле она дека успехот од средно не е мерило за ништо.И ти си имала поразлична програма,затоа нема да навлегувам во тоа што ти си имала,туку само ти кажав сеа како е.И ок,се извинувам што го навредив смерот Маркетинг и што имав предрасуди кон одредени предмети само ради нивниот наслов,простете,грешев.Маркетинг смерот е најдобар во цел факултет.Ај сеа доста е дискусија за ова,вие учете си што си сакате,јас што си сакам.
^ Па колега, и јас бев испровоцирана од твојот пост каде го омаловажуваш мојот смер, па никаде не застанав да плукам по другите смерови Почит, разбирање. На крај краева, што е битно кој што ќе каже, самите си знаеме колку сме го грееле столчето спремајќи испити. Секогаш ќе има некој што туку така ќе го помине факултетот, вистинскиот испит следува кога ќе се најдеме пред работодавец, за на дело да си го покажеме наученото Со лесно нека ви е годината, многу да си научите, пријателства нови да си склопите и да уживате во студентскиот живот...нема како него, мајке ми
Луѓе јас очекував промени ама не до волку. Ај што ни е сменет распоредот, туку и на сите смерови се укинати некои предмети, а воведени нови. Менаџмент конкретно, го нема на економија, финансиски и надворешна, на другите 4 го има. Конкретно за мојов смер, замислете укинати се следниве: Основи на менаџмент, Менаџмент на мал бизнис, Осигурување, Меѓународен финансиски менаџмент, Управувачко сметководство и Економија на инвестиции 6 предмети. А воведени се Небанкарски финансиски институции и Лични финансии - 2 и плус е зголемен бројот на изборни предмети секоја година, ама сепак. Овие сите што биле задолжителни се ставени во листата изборни, очекувам да ги даваат понатаму како што ќе мора да бираме од дадени 4 1 или 2, ама сепак кое олеснување е да ги немаш за задолжителни. Стварно олеснија, ама некои предмети мислам дека не требало да ги укинат. И баш да видиме како ќе оди ова со предмети од други факултети, и дали ќе мора такво нешто. Ама сепак, да го немаш Шуклев во 2 и 3, и Јанев во 3 е вистинско олеснување. Дефинитивно се што остана, е чисто од смерот. И колку што приметив на повеќето смерови е така, се тргале предмети од други смерови, а се воведувале нови во смерот.