Лелеее уште ли е захтевен со купување на книга. Тоа уште од мое време пред 10 год и список правеше. И оној мрмут по Маркетинг
Славица не само што е захтевен, туку скоро секоја година вади нова книга, за да неможеш на старо да купиш Учев од стара книга, копија, не го положив, па дур да го положам извади нова книга, 2200 ја купив, а сл. година на другарка сестра купуваше нова, зашто уште една извади. Само сега не прави списоци, има друга финта, има практични примери во книгите, и мора да ја носиш на испит зашто од тие примери дава прашања Не за џабе се шушка дека е меѓу најбогатите во МК
~ Незнам колку ја ние купувавме ама знам дека беше скапа. Демек нова, како па да не, само смени корица и концепт. Примери имаше и во мојата ама на испит ни даваше цели лекции да му раскажуваме. А јас грешен ѓавол, беше ме ставил на дополнителна и одев на усно во кабинет. Вртеше лист по лист цели 250-280стр. и ме испрашуваше за да на крај ми стави 8-ца. Иди бре бегај таму, што страв изедов затоа што ќе ме квадрираше за малку од тоа усно негово. Го мразам
Ми треба учебник Основи на економија од Таки Фити за прва година Ако продава некој нека ми пише во ЛП и цена.
Вака сега, имам прашање до некој кој е прва година, да ми каже која книга треба по сметководство дека денеска не бев на предавање? Друго, дали може книгите да бидат копии? И дали така би било поефтино, отколку да ги купам од некој од минатата година? Колку отприлика се нови книги?
^ Љубиша Јаневски, Русевски, Трајко, Блажо Недев, Зорица Божиновска Лазаревска, Зоран Миновски: Вовед во сметководството, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2004 Треба и Основи на сметководството-збирка задачи Ни рече дека учебникот може да си го купиме нов или на старо а фотокопиран не ни препорачува, но сепак изборот е наш.
Подобро е на старо, отколку копија. Тоа го рекоа и Таки и Љубиша, а Драге рече кое било издание важно и книга и збирка да се има, и може и тоа на старо.
Другарка што е на друг смер и во друга група сака со мене да оди на предавања ама само на економија. Би можела?
Нас па женското што е Зорица сметководство ни кажа дека може копии не прави проблеми така да не лупајте пари за џабе кога сметководство може да се копира и учебникот и збирката
Srekicka јас имам полагано меѓународни финансии, воедно и продавам книга, збирка и таблица математика
Женски ќе може ли некоја од вас да ми каже на нашата група менаџмент и финансиски кој ни е по основи на сметководство дека не бев денеска? И дали може копии да бидат книгите?
Љубиша Јаневски предава.Инаку рече дека не може да каже да ги купиме оригиналите, ама не било исто учење од книга и од копија Мада нема да прави проблем ако ти е копија.
Не знам што си играат играчки на факултетов, Менаџмент ама ич не е потребен, осеќам и со малиот бизнис на Шуки е исто, иако сега во летен ќе го имам. За осигурување не знам, и тој е во летен. Али Економија на инвестиции имам сега. Значи, од тоа што разгледав, предметот не е туку така ставен, туку е доста корисен, иако сите викаат дека е тежок. Не знам што мајка него го укинале! Исто и Управувачко, ептен глуп предмет, али мора нешто да имаме и знаења од сметководство во смеров. Многу, али многу ја намалиле тежинава на смеров, ептен. Без овие предмети Финансиски менаџмент не е тоа, тоа.
А што е разликата помеѓу оригинал книга и копија ? Колку што добро знам се печати се не се рипаат реченици ...
Ako mozhesh da mi pishesh, ako prodavash knigi za prva na staro, bidejki sum zainteresirana da gi kupam
Девојки ги продавам само книгата, збирката и таблицата математика ( евентуално да видам после за сметководство ќе ве известам дополнително ако ја имам ) бидејќи единствено тие се уште истите, не е сменето изданието. Економија, Статистика ги имам ама се едно издание постари. Така да кажете цена за математика и ваш е комплетот. Јас првиот колоквиум го положив без да отворам книга, некако прашањата беа познати од други предмети, вести и сл. Ама пробав така и на вториот и за малку не успеав Има неколку задачи кои треба да се научат. Кога седнав и ја отворив скриптата немав никаков проблем да го положам испитот, ама сепак резултатите беа слаби (кај сите) . Впрочем мислам дека секој предмет кај што е вмешан Кире е малку позафркнат од другите. Прашањата се 12 или 14 точно не точно, околу 10 со заокружување, можни еден или два точни одговори, и едно или 3 на пишување. Прашања може да најдете во Либро или Зоки, се паѓаше нешто и од нив ( само што јас ги отворив за оваа сесија ). Ако имате друго прашање повелете
[/quote] Јас првиот колоквиум го положив без да отворам книга, некако прашањата беа познати од други предмети, вести и сл. Ама пробав така и на вториот и за малку не успеав Има неколку задачи кои треба да се научат. Кога седнав и ја отворив скриптата немав никаков проблем да го положам испитот, ама сепак резултатите беа слаби (кај сите) . Впрочем мислам дека секој предмет кај што е вмешан Кире е малку позафркнат од другите. Прашањата се 12 или 14 точно не точно, околу 10 со заокружување, можни еден или два точни одговори, и едно или 3 на пишување. Прашања може да најдете во Либро или Зоки, се паѓаше нешто и од нив ( само што јас ги отворив за оваа сесија ). Ако имате друго прашање повелете [/quote] Фала минние-е на одвоеното време...Мене ми е јасно чим Кире е вмешан знам дека прашањата нема да се баш многу едноставнии Ама добро е чим се паѓаат од Либро барем има малку надеж