Некоја колешка од 1ва година ако може да ми помогне зошто не бев на предвање трговско право може да ми кажете од што се учи ? Ја прашав една другарка дали од скрипта е рече ко демек не од литература некоја треба да се учи што ти знам :/
Продавам основина економија 3 то издание (400ден), одлично сочувана и бележано тоа што ми се паднало на колоквиум. Кој сака нека ми прати порака
Може ли некој да ми каже каков е Предраг- економија, дали предава добро како Таки Фити, или да се префрлам кај Таки?
Сигурно он или Ангела нема да речат: баталете го учебникот од скоро 500 страни, земете си скрипта, научете ја и дојдете. Нема такво нешто, тоа од муабети се дознава, а на тебе е од што ќе учиш, иако сите викаат да се учи од скрипта, дека таму има се што треба, плус прашањата се со 1 можен одговор, некое и на логика ќе го одговориш ако не си научил.
Предраг, во мое време , беше асистент и беше... Страв и ужас да се појде на консултации. Премногу арогантен и знаеше да се придерава. Незнам како предава, ама сметам дека како Таки Фити нема, самобендисан си е, ама си има знаење човекот, па некако со право му доаѓа Јас би ти рекла кај него да одиш, ако фатиш место (кога јас бев прва, од 6саат луѓе идеа за да си фатат место )
Јас ја имам книгата од Д-р Александар Николовски и д-р Снежана Плавшиќ. Има се на се 474 страни. Може и копија и што сакаш, секако не бара присуство секако не се носи книга ни на предавања ни на полагања. Па и јас не бев денес а не ни планирам на ова да одам, првиот час проф. уште што не кажа да не одиме и да не го замараме
Чудно што тој не е автор на книгата.Значи ќе си ја купам од Либро.Да во вторник ни рече да не сме оделе на предавања толку многу и дека не водел евиденција кој е тука и повеќе му се беше на шала
Да, да...абе на 3 факултети предава, а и многу деца сме шала на страна, на тие што им е задолжителен, а не само на нас ни е изборен, има и од погорните генерации што си го бираат тие што сакаат бираат не им е ограничено. Лесно ќе да е ова, сите така викаат
Има ли некој кој ги продава збирката математика и таблиците? Ако има некој нека ми пише во лп со цена
Девојки разгледав низ книгите како што реков и имам за продавање и Економија на инвестиции, Банкарски менаџмент и Збирка основи на сметководство (има решавано во неа). Исто така имам и задачи, решенија и албум (сметководство) како и контен план. Ако е некој заинтересиран нека пише. За книгите по математика се договорив со Душица, прва ми пиша, па ако евентуално се откаже во меѓувреме ќе ве известам
За електронскиот индекс каде треба да пријавуваме таму колоквиуми и испити и каде ни стојат предметите на ова ли се најавувате http://www.femina.mk/out/?id=7ab6a5c1cd ... nUrl%3D%2F? И корисничкото име ви е бројот на индекс,а лозинката матичниот број? Мене не ми отвара тука тоа
Девојки, ве молам кој го има слушано предметот Економија на инвестиции да ми објасни како се формира оценката? Колку поени е колоквиум, има ли списоци, проекти, домашни и по колку поени носи секое...? Професорот 2 часа само непотребни глупости збори, а тоа што е битно човек неможе да разбере! Благодарам
Дали има некоја што избрала еколошки менаџмент?не бев на првото предавање и сакам да прашам како беше и кои книги треба?
Прочитајте економисти Спојлер 1. Здогледуваш згодна девојка на забава. Одиш до нејзе и и' велиш:"Многу сум богат. Омажи се за мене!" Тоа е директен маркетинг. 2. На забавa си со еден куп пријатели и гледаш згодна девојка. Еден од твоите пријатели оди кај неа и покажувајќи кон тебе и вели: "Тој е многу богат. Омажи се за него!" Тоа е рекламирање. 3. Здогледуваш згодна девојка на забава. Одиш кај нејзи и го добиваш нејзиниот телефонски број. Следниот ден и се јавуваш и велиш: "Здраво, јас сум многу богат. Омажи се за мене." Тоа е телемаркетинг. 4. На забава си и наоѓаш згодна девојка. Стануваш, ја местиш вратоврска, одиш кај неа и' ставаш пијалак и' ја отвораш врата од автомобилот. Ја подигаш чантата откако ќе и' падне и' понудуваш да ја однесеш до дома и потоа и' велиш:"Инаку, колку да знаеш, јас сум богат. Ќе се омажиш ли за мене?" Тоа се односи со јавност. 5. На забава си и здогледуваш прекрасна девојка. Таа ти приоѓа и ти вели: "Ти си многу богат! Може ли да се омажиш за мене?," Тоа е препознавање на бренд. 6. Здогледуваш згодна девојка на забава. И се приближуваш и и' велиш: "Многу сум богат. Омажи се за мене!" Таа те гледа и ти врзува шамар. - Тоа е Фидбек од потрошувачите. 7. И се приближуваш на згодна девојка на забава и и' велиш: "Многу сум богат. Омажи се за мене!" По ова таа те запознава со сопругот. Тоа е разлика помеѓу понуда и побарувачка. 8. Ја наоѓаш најубавата девојка на забавата. Одиш до нејзе и пред да речеш било што, друг човек доаѓа и и' вели: "Многу сум богат. Омажи се за мене!" по што таа заминува со него. Тоа е кога конкурентите ќе ти одземат од твојот дел од пазарот. 9. Здогледуваш згодна девојка на забава и пред да и' речеш: "Многу сум богат. Омажи се за мене!" пристигнува жена ти. Тоа е забрана за влез на нови пазари.
Спојлер Едно прашање, односно неколку прашања до студентите од прва година кои како задолжителен или пак изборен го имаат предметот Основи на е-бизнис. Не можев да присуствувам затоа што во исто време имам предавање по Основи на економијата. Ќе може некој што беше денес на првите 2 часа да ми каже дали и која книга треба да се набави? Според кои критериуми се формира оценката, бара ли присуство на предавања? Дали на тестовите ќе бидат на англиски или на македонски јазик? Што друго важно ви кажа? Може и совет од постарите колеги.