Математика е корисно да одиш на вежби, посебно на тие што ги држи Баже, а би ти препорачала и на часови кај него да одиш ако веќе планираш негде да одиш на часови за спремање
^ Математика обавезно да идеш на вежби зашто од Драге ништо нема да научиш а вежбите се доста корисни.. ))
Колешке, јас не одев ни на вежби математика, ни на предавања... Одев на приватни часови кај Милан кој топло го препорачувам и имам 10ка, па ти сама оцени... А ако сакаш сама да го спремаш без часови, обавезно на вежби...
ке ви кажат не му се секирај и така ке сакате да одите кај само еден од асистентиве леле му заборавив името плус најчесто тој доага а не демостратори и најдобро предава не е оној што е во парламентот туку другиот, и одете си на вежби зошто секогаш дава една слична задача како што ке ви ја презентира на час за на колоквиум, а на час кај драги јанев незнам колку ке ви е корисно зошто пишува стотка на час и брише одма не чека да напишете ех и после 5год уште ми е во памет кога велеше НАПИШАВТЕ А НИЕ ВИКАМЕ НЕЕЕЕ, И ОН:епа добро кога сте напишале бришем , а за тие што сакаат да добиат повеке поени и предвреме учат драги дава шанса да решиш задача или на сред предавање да го надоплниш и така
па учи се ако можеш кај него најшесто се пага поделби и почнува прашањето исто како во книгата што пишува пред поделбата, ама знаат да се паднат и дефиниции поделби можат секакви да се паднат на крајот на лекцијата , во сликата , ама и од табелите начесто ги дава оние огромните , јас редовна бев на предавања и најчесто имаше обичај кога со тивок глас да проммори што може да се падне, затоа иди си на часовите навреме си го учи да не ти се смешат за жал многу се
Ај тие што го имале трговско преку 2 колоквиуми нека помогнат. Порано кога било на 3, во 3тиот биле меница и чек. А сега од каде до каде се 1 и 2 колоквиум? Скриптата е стара и означено е како за 3 колоквиуми.
Koleski moze nekoja da mi kaze trgovsko pravo za prv kolokvium sto treba da se uci, koi temi? Ja imam knigata ama nekako profesorot ripa od edni strani na drugi, jas pa ne sum ni bila poslednive predavanja i poim nemam
Абе девојки ми кажаа дека на колоквиум по математика се иде со збирка и таблица ? Стварно е така зошто ако се носи збирка ќе можеш да видиш и да се потестиш како да ја решиш задачата
^ Да така е збирка и таблица се носат и на колоквиуми и на испит. Ама верувај тоа не ти помага многу.. Кај Драге може се да напишеш и ако сака тој нема да те пушти и ништо не му можиш. А може и да немаш доволно напишано а да те пушти. Се зависи како е тој расположен и колку среќа имаш...
првпат ова слушам ти си идеш на увид ако имаш напишано што треба никој неможе да ти одземе поените, може да даде елиминаторен тест каде тешко можеш да ги решиш задачите зошто се претешки а да одзима поени а ти убаво да си напишал се е дотолку знам дека не е идиот
Епа јас од лично искуство кажувам. На прв колоквиум знам дека ми беа точни задачите зашто дел ми се паднаа исти како во збирката а дел ги знаев а тој само ми ја прешкртал цела тетратка и кога бев на увид ми рече само колешке ти имаш само 3 бода многу малку се тоа не вреде ни да се прегледува ова. Ја отвори тетратката и ми рече оо па ти само си шкртала ништо не си пишувала. А се ми беше мене уредно напишано само од него шкртано со црвено пенкало. И не ми дади ни збор да кажам туку ми рече ајде повеќе среќа наредниот пат и пријатно! И јас си испаднав одма зашто ми беше страв да се побунам да не ме фати на око па вечен студент математика да си бидам.
Јас едвај ги симнав презентацииве по трговско што ни се, ќе ја земам и скриптата, ама ако си учам и од презентацииве нели? И ств кога отвара студентски?