Колешки некоја овде да не го слуша Економија на инвестиции? До каде има предадено до сега/скратено, и дали спомнал проф нешто на предавања како се формира оценка оти кажуваат давал домашни, пуштал списоци и сл. Ако го слушалнекој претходните години нека помогне со било какви информации за предметов
Одам на предавања ама не знам до кај сме стигнати Денес даде домашна, утре треба да ја предадеме и мислам дека нема спомнато за формирањето на оценки. Има скратено материјал, утре може да ти пратам во лп.
Ме интересира дали е тежок испитот по ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ? Која е највисока оцена што може да се освои со јако учење и дали да се остави на испит предметот?
Руби ние не можеме вака да ти кажеме која оценка може да се освои. Нормално ако научиш убаво, ги решиш сите задачи, прашањата му се се логички и бараат убаво размислување ќе имаш висока оценка. Инаку поголемиот дел од студентите го оставаат за на испит, од причина што ако го оставиш за колоквиум ќе треба да правиш проект, дава на предавање домашни задачи и такви ствари.
Девојки, мислење за Математика за економисти прв колоквиум ?? Прва година сум и ме фаќа паника од предметов
Здраво дечки нова сум на форумов сакав да прашам од постарите и поискусните да ни кажат за првиот колоквиум по економија?
Ако си завршила средно економско, мислам дека доста лесно ќе ти биде, поготово ако ти предавала Дамевска во Борис. Таки Фити главно прашањата ги конструира/ше за да ги знаеш ако си учел со разбирање, а на таков начин и Дамевска испрашуваше во средно. Башка што мене лично во 4та изборно ми предаваше Црвенова, а таа на крај на год. испрашуваше од цела книга економија, па доста беше свеж материјалот. Економија е лесен предмет само ако го учиш со разбирање (што и треба). Ако се фокусираш да учиш на памет ништо не си направила. патем ова беше пред околу 6,7 год
јас и ти сме биле можеби колешки или година разлика сме , јас не завршив средно економско па пак ги имав сите поени на двата колоквиуми а третиот не ни даде да плагаме ние со високи поени само усно кај него во канеларија, ке го кажам моето искуство а тоа е треба добро да го знаеш матријалот нормално логички добро да го сватиш многу добро да ги знаеш табелите и графиконите, не сум била никоаш на консултации ми кажаа давал поени ама немав време за тоа, оди си редовно кај таки фити на предавање и ако имаш од предрак економија, пак си оди кај Так фити најдобар проф, за мене е и секогаш така ке остане забелжувај што ке каже мене тоа многу ми помогна тоа на час па сега ти си знаеш
Пак јас да не продава некој 2 збирки и 2 таблици математика за 1ва година? (по можност да се сочувани добро )
На веб страната на факултетот стои дека има едногодишни и двегодишни постдипломски студии. Ме интересира од што зависи на кои имате право да се запишате. Дали е во зависност од тоа дали имате дипломирано на економски факултет или на друг, или пак во зависност од тоа дали сте дипломирале со 3 или 4 години. Исто така би ви била благодарна ако споделите ваши искуства во однос на тоа колку се реални професорите во оценувањето, со оглед на тоа дека се плаќа секое пријавување на испит.
и јас сакам да знам зошто сакам од јануари и јас да одам јас се си мислам од тебе зависи дали сакаш една или две години хехе незнам ке прашам колегите кој се веке на посдипломски па ако дотогаш не одговори некој ке пишам
Ајде некоја фемика ако може да ми помогне за една формула математика. Ако има некоја што знае математика нека пише лп, зашто ќе убијам човек колку сум нервозна
^ Колешке, и ти ли оваа петочна вечер ја користиш за решавање задачи математика? Добро е, значи не сум сама. Не за друго, вежбите денес ме мотивираа да конечно да почнам со вежбање. Штета што не можам да ти помогнам
Девојки џабе се трудите да решавате математика да ви кажам вака почнав да идам кај Баже и конечно сфатив ! Ви се верува дека комбинаторика јас во животов мој не сум знаела ? Во втора учев и на тестот 1 имав зошто не сум сфаќала ниту пермутации ниту пак вариаци .. но конечно ги сфатив благодарение на Баже ... Само можам стварно да ви кажам дека тешко се полага кај овој Драге на колоквиум мора солидно да знаеш зошто дава намерно тешки задачи за да може да ги решат пример од 1000 студенти 100
^ Зошто џабе? Јас рашавав нешто денес и да не се подречам добро ми оди. Не е толку тешко, само треба да се седне а јас конечно го направив тој чекор. До сега не сум имала некои проблеми со математика , лесно ги сфаќам работите а и никогаш не сум имала аверзија кон предметот. Во случајов ако нешто не сфатам (затоа што сепак факултет е во прашање, не е основно или средно), многу нормално дека ќе одам кај професор. Но, затоа прво треба да решавам задачи за да можам да согледам што не ми е јасно за кога ќе одам кај професорот веднаш да почнам со тие задачи и постапки кои не ми се јасни. И решен проблем.
Абе дајте помагајте трговско на 29ти е, ДО КАЈ ТРЕБА ДА СЕ УЧИ?! Не ми викајте договор за купопродажба, зошто не се снаоѓам кај е. Значи до каде во скрипта и до каде во презентациите.