Економско средно - Битола

Дискусија во 'Образование' започната од Ane-99, 25 август 2012.

  1. Ane-99

    Ane-99 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Барав ваква тема на форумов ама не најдов, затоа ако темава е дупла се извинувам ама навистина не видов. Би сакала ако некој учел, има роднини или пријатели кои учеле или пак онака знае нешто во врска со моите прашања за средното економско училиште Јане Сандански во Битола да ми каже какви се условите!? Дали програмата е тешка? Каков е односот на професорите? Дали е многу строго? Кои смерови ги има? Дали има некои предности или недостатоци во однос на другите економски училишта во земјава и какви се шансите кои ги нуди училиштето за продолжување на образованието на факултетите во земјава и во странство? Со еден збор се во врска со училиштето. ;) :geek:
    P.S. (Кој просек ми е потребен за да се запишам) :*
     
  2. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    4.247
    Пол:
    Женски
    Се е супер и прелесно е единствено јас лично имав мака со професорката по конституционо нема смерови само 1 е економски техничар а просек хм кога се запишував јас беа многу деца и немаше место за сите во главно само одлични сите години до осмо ги примаа :!: :)
     
  3. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    2.247
    Пол:
    Женски
    Да не се лажиме, не е баш најлесното училиште во цела Битола. Воглавно професорите не се многу строги, ама зависи на кои ќе налеташ, кои ќе ти предаваат итн. Нема смерови како во останатите училишта, во III година си избираш два предмети кои што ќе сакаш да ги изучуваш во трета и во четврта година. Избираш еден странски јазик (Англиски, Германски или Француски) и еден од стручните предмети (Право, сметководство, бизнис итн.) Нема да ви го поделат класот, ќе си продолжите да си учите како во првите две години, само што ќе бидете разделени на изборните предмети. Кога се запишувавме мојата генерација, конкуренцијата беше огромна, имаше многу одбиени, и немаше втор уписен рок. Ако си одлична, макар и да имаш неколку четворки би требало да те примат. Во генерација сме по четири класа, одприлика 140тина ученици. Смените се прва со втора година, трета со четврта година. Ако се одлучиш за да учиш тука, подобро ќе ти биде да си ја фатиш работата со време, лекциите да си ги учиш редовно, без заостанување. Треба да оставиш добар впечаток кај професорите, затоа што ако еднаш те фатат на лошо, тешко дека некогаш ќе си сменат мислење. Јас се заебав во прва, така да ова од искуство ти го кажувам. Ако ти се погодат истите професори како мене, нема баш да имаш мака, освен можеби по некој предмет.
    :)
     
    На Давид1415 и Ane-99 им се допаѓа ова.