Истиот тип на луѓе сакам да речам. Гледај го видеото што феминката го постираше, ќе ти биде појасно. Не мораш целото (доста е дебилно) туку посочената минутажа и наредните десетина минути.
Ама истите луѓе кои...што? Истите кои зборат против јога и ЗА секти? Или? А патем го видов тој дел од видеото и освен тешки глупости од двајцана, друго не чув. Уште овој стварно спореди јога/медитација со дрога и алкохол. Другиов па се чуди како тоа учиш техника дишење...уау. Се гледа дека појма немаат од денешната јога која се применува. Година дена вежбам и да не беше јогава, па и пилатесот, немаше да совладам дишење и техники во класичниот фитнес зашто одредени елементи кои ги бара тој, убаво се совладуваат во другите две. А некакви божества и ѓаволи не сум видела и осетила досега, ниту сум убила некој
Да, и против секти. Јас на темава не ја бранам екскалибур методата на просветлување (ако воопшто некого доведува до тоа) ниту основачот Живорад. Само им посочувам на луѓето дека пред да критикуваат или се исплашат од било што, треба да се запознаени посоодветно а не да донесуваат избрзани заклучоци врз основа на рекла-кажала муабети. Дури ќе се јават и луѓе кои се бавеле демек со тоа, на пр. некој си ја шинал ногата вежбајќи јога и ќе ти пише батали тоа не чини, слушај од искуство ти кажувам дека е опасно. На претходните стр. некој стави линк од вест дека мајка на исчезнатото момче (во меѓу време најдено) го завело некаква секта и демек затоа исчезнало. Пази, не кажала која секта, ниту медиумите со своите професионално неписмени новинари не се потрудиле да истражат дали е така и што е воопшто тоа секта, семачка ли на леб? И дури и да било случајно така, барем да истражат (тоа е задача на новинар пред да напише нешто) за што конкретно се работи. Туку важно има некаква изјава што ќе ги возбуди луѓето и толку! @Biljarkata убаво кажа веста нема ни опаш ни ништо. И сега на основа на тоа тука на форумов сите го поврзаа тоа со Екскалибур, ама како што гледам сите (како и мене до завчера) поим немаат што е всушност тоа! Ги мрзи да прогуглаат, дури една феминка кажа немало ништо на интернет освен на фемина. Не се знаело кој е основач, не постоеле книги и тн. Тоа било нешто страшно сектоидно, ама пази никој ништо не знае што е, ама важно сите знаат дека е страшно и опасно. Епа мене за разлика од нив не ме мрзеше да прогуглам.. и има што да видам: 90% од тоа што го зборат врска нема со реалноста. И јас сеа тоа им го кажувам, им ставам линкови, докази, слики... и они наместо да кажат „уф добро е, фала имал некој храброст и памет да провери, макар на брзина„ туку велат дека јас тоа го бранам и пропагирам. Истото го правам кога некој ги клевети и шири рекла-кажала муабети за Јеховини Сведоци, Адвентисти, Харе Кришна, Евангелци, Дервиши и сл . иако јас не сум ништо од тоа ниту се согласувам со нивните учења. Ако нешто бранам тоа е правото на лично убедување и вероисповед на секој поединец.
Де бе, таман ја отследив темава, пак ме барате. Дервиши-бу страшно. Јогини- бу страшно. Ко шпанска криминална серија е- ту мач стрес- не ме занима Остајте ме сега во зен.
Klasicna hipnoza progresivna najdolnata rabota sto moze covek Sam da si ja napravi , no zagreota se site Sto vo zabluda pokraj site fakti gi branat i im nosat beriketni vlogovi.
Депривација и ремоделирање. И на 'обукава', ќе ги одделиш оние што лесно подлегнуваат под туѓи влијанија и оние кои не можеш да ги контролираш. 'Непочитување' на правилата, значи да не одлучуваш самостојно, туку друг да одлучува за тебе. Ич не ми се бендисва ова. Како можи бе да се легални вакви работи?!!
Не ми е јасно, како учесниците се здобиваат со висока самодоверба и дрскост кон најблиските, но не и кон мајсторот и останатите учесници во сектава?
Па пријави ги у полиција де Чим си бил таму знаеш кај се наоѓаат ова она Ние шо неаме појма шо да превземеме? Може само да се учиме дека не се верува на такви работи Ама има лесноумници ко тебе или луѓе шо им фали нешто во мозокот и ќе подлегнат на тие глупоштии Тоа се дешава коа верувате у свашта Не викам дека сите мора да веруваат во Господ, ама глеам многу моја генерација и постари све нешо по енергии, медитации чакри макри не знам таму И то си провлеквит
Како може некој да ти собере пари, да ти го одземе телефонот за да ти ја полни главата со глупости и тоа да помине неказнето? Само размислувам на глас. Ако ништо друго, дајте барем да се скоцка еден убав реферат и да го рашириме по социјалните мрежи заедно со 'правилникот' за родителите да бидат запознаени. Јас на твое место би пријавила во полиција под итно.
Po itno sum toa da se skocka nekoj ubav Referat i da se objavi po socijalnive mrezi,jas mislam deka Status na fb ili Story od nekoja poznata licnost
Умот е моќна работа. Ако можеше книгата која сите ја прочитавте “Моќта на потсвеста” да ви го промени животот, зошто не и некоја секта? Сигурна сум дека по втор и трет пат сте ја прелистале книгата.
Не ми го задржа вниманието ич, пишува за мислите и емоциите,како правилно да ги доживуваме нештата. Стигнав до пола и ја баталив. Фаќа прашина ене по дома.