Офф топик: Дадената листа не е целосна и има неколку грешки. Во Македонија при Комисијата за односи со верските заедници моментално постојат околу 40 регистрирани верски заедници и религиозни групи , но само дел од нив се протестантски. Од горе наведената листа следниве верски заедници не се протестантски: Христијанско-адвентистичка Црква (црква на адвентистите на седмиот ден) Христијанската адвентистичка Црква во Република Македонија Христијанска заедница на Јеховини сведоци Прахристијанска заедница - Универзален живот Новоапостолска Црква во Македонија
Peer pressure. Се однесуваш онака како што се однесуваат другите. Не дека те тераат останатите од настанот да бидиш таму и да го правиш тоа, туку едноставно 'се потчинуваш' на начинот на кој сите се однесуваат. Како на школо, или на работа. Е сега, има некои што нема да сакаат да се подвргнат. Тоа @orce што го постираше за правилата... ако ги прекршиш, ќе те избркаат од 'обуката' Се разбира дека нема сите да останат. Многу зависи од тоа како ти е претходно презентирано и како самиот си го толкуваш.
Ауу језа ме фати уште од првите редови. Погледните ги само првите неколку реченици. "Целта на правилникот е учесникот да ја оствари својата цел. Нема друга цел. Тоа е единствената цел." Одма се гледа дека и те како има друга цел. Ако беше така нема да имаат потреба да се повторуваат толку пати, тоа е резултат на страв дека нема да им се поверува. Правилата им се јас вака ги анализирав: Да му препуштиш целосна контрола на својот ум и тело на некој си самопрогласен мајстор без име и презиме. Ми изгледа дека правилата им се осмислени за да го ослабат човек колку психички толку и физички. Со тоа што не дозволуваат комуникација за друго освен да се велича просветлувањето и мајсторот и никаков контакт со надворешниот свет, автоматски го оставаат човек сам со своите мисли и прикаските од мајсторот. Значи учесниците немаат друга активност во денот освен тоа да се целосно фокусирани да им влезе тоа што им се кажува во глава. Друго, им ги контролираат оброците и лекарствата. Значи целосна контрола на телото. Мали оброци за телото да нема многу енергија, кога телото нема енергија нема ни мозокот. Се онеспособуваат луѓето тотално да размислуваат трезвено. Забрането кафе, цигари и алкохол. Да не претерам ама 90% од возрасните пијат кафе и барем 50% се пушачи. Оние кои редовно го правеле тоа и наеднаш престануваат нормално кризираат. Тоа кај повеќето буди емоции и го прави човек ранлив = лесен за контролирање. И на крај МАЈСТОРОТ Е СЕКОГАШ ВО ПРАВО! Немаш право на мислење, тие неколку дена мајсторот е твојот ум. Па и пораките што ги праќал, ц ц ц. Ги поврзува своите глупости со едни од најголемите христијански празници. Зошто? За да создаде слика на чисти намери бидејќи поврзувајќи се со нешто добро стекнува доверба од луѓето. А ако подобро размислиш, од една страна зборува за Бог и Исус, значи друг Бог над нас, а од друга страна ги убедува луѓето дека тие се Бог? Каде е логиката? Грозно како им се пери мозокот на луѓето, ама како што кажаа и други пред мене, најлесна мета се ранливи, наивни и очајни особи кои можеби имаат некој проблем кој не знаат да го решат самите па кога некој ќе понуди спасение веднаш загризуваат. Чувајте се сите, свашта има по светот...
Vo pravo si treba da ima edukacija besplatna za site da znaat pogotovo pomladite lugje koj polesno pagjaat pod vlijanie
Овие уште се активни? Моја блиска пријателка во последно време ми прави вакви муабети за просветлување, за сопствената моќ и сл.. се прашувам да не навлегла и таа во тие води
Da uste se aktivni i toa kako pred Eden mesec imaa toa kako li im se vika prosvetlenie me vikna moja bratucedka
Оваа секта е многу распространета т.е истата идеологија се провлекува низ многу книги за познатата таканаречена манифестација.
Не мислев конкретно за тебе, за нас. Мислев на членовите кои пишале од прва рака искуство со групата.
Ако може некој да ме контактира како да се извлече личност од оваа с***. Моја блиска личност е навлечена на нив. Помош
И мојата пријателка е навлечена, нејзините плачат, оди и низ други градови, никој не може крај да и најде каде и кога оди и кога ја организираат оваа глупост
Да, сектата сеуште е активна. Од денес им почнува интензивот и мислам дека трае до недела. Човекот што се нарекува мајстор, очигледно е психопат: мами, манипулира, слаткоречив е, има веројатно грандиозна самодоверба, недостаток на каење и бла бла. Дали некој од овде јавно има пишувано за овој такозвани институт и бајачот Мајстор?? Искрено коа прочитав се овде, ме фати језа и почнав да си поврзувам мн ствари бидејќи имам блиски луѓе кои оделе и уште одат кај него, но секако не може да се добие инфо од нив што точно се работи.
Ако таа личност е задоволна со патот по кој одбрала да врви, немаме право да ѝ се мешаме. Замисли тебе да ти се меша некој во твојот личен живот, како би ти било?