Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екскалибур

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kelebeim***, 23 октомври 2015.

  1. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Цела држава е тежок криминал.

    ...За 300к по човек ако треба на Монт Еверест ќе организирам духовни сесии со Тибетски чај.
     
    Последна измена: 29 јули 2021
    На Oneo, Elf, Dream-Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Во превод, не го перцепираш туѓото мислење, освен она на "Богот" во сектата. Слеп си за сѐ останато и единствен интерес е сектата и идентификувањето како нејзин припадник. Многу убаво објаснето @orce , фасцинантно е како го постигнуваат тој момент на целосна ментална блокада и слепило кај членовите.
     
    На venus♡ и orce им се допаѓа ова.
  3. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Мислам дека токму во тоа е целата замка. Како што сфатив од погоре, на некој начин си хипнотизиран, те пунат со самодоверба дека си "бог". Се гордееш со тоа што толку те возвишуваат и потоа тоа ги исполнува членовите дотолку, што стануваат зависни од сектата. Не сфаќаат дека се што се случува е на твоја ментална штета + ти ги зимаат парите.
    @orce мило ми е што си успеал да согледаш дека манипулираат, и што си успеал да се избориш од таа зависност. Само едно не сфатив, каде се одржуваат тие сеанси? Дека некаде прочитав Аеродром, некој имаше пишано на некоја планина. И како успеваат да ја задржат таа тајност дотолку?
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    178.998
    Сега да не те разочарам, ама речиси сите директори на фирми се такви, за политичари да не праиме муабет:D Колку поуспешна фирма/позиција толку поголем бог8)
    Може сите се од сектата, штознам:?: Има нешто во тоа...
     
    На Аргентина * и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  5. lemon_yellow

    lemon_yellow Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Мене ми е жал за луѓето на кои навистина им е потребна помош и поддршка, но за жал налетале на овој мајстор на манипулација. Обичен измамник со его до небо и комплекс на господ Бог. Секој којшто и малку имал контакт со психологија на човекот како наука од старт ќе му ги познае техниките за манипулација кои ги користи. Во последно време е очаен да дојде до пари, па организира Интензиви и Екскалибури на големо. Во сред пандемија само колку пати ги влечкаше луѓето по викендици и сомнителни запуштени објекти. Нема никаков обѕир кон ништо, битно да си ги собере парите што си ги зацртал како цел. Жално е што на некои им треба толку време да се освестат и да сфатат дека ова е криминал. 10.000 евра добива во кеш од настан и нема никаков доказ за таа трансакција. Ни данок плаќа, ни ништо. Ама си нашол плодна почва за бизнисот и тера. Друго е кога имаш работа со свесни и критични луѓе, не можеш така лесно да им продаваш магла.
     
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Аии ова како на филм. Да не беше форумов немаше да знам дека навистина се случуваат вакви работи. Се има по светов.
     
    На Mumoftwo30, Аргентина *, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.
  7. make90

    make90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    26



    Моја блиска е таму... отворено ни кажа и точно преку препорана на нејзина другарка кои се цело семејство таму. И ја начека во моменти на огромна психичка слабост ( неуспешно ин витро) и толку многу е занесена што проба мене да ме убеди колку сум јас за таму.
    Ја прашав да ми објасни од прилика, рече не смее се да ми каже, како и дека нешто за дискреција потпишала не смее да каже ни кој е таму. Од кога површно ми објасни и кажав директно дека она е во секта и дека не е нормална како можела да потпадне. Ми се изнасмеа во фаца и од тогаш сме еднаш видени само. Се распрашав бидејќи не можев ништо да најдам на гугл за нив, а и не ми ни даде име на чудово освен ескалибур метода и за среќа имам блиска која работи децении со жртви од секти и од се што и кажав и она не беше запозната со ова само рече дека многу потсетува на тој некој србин психолог како и дека и личи на некоја подгранка на скиентологијата. Не располагам со мн инфо и би ти била благодарна ако ми дадеш повеќе инфо. Вчера и се обратив на мајка и и знам дека нема да поминам лесно кога ќе дознае. Но веќе месец дена од кога се уверив дека е секта се обидував да премолчам но не можев. За нејзино добро, иако знам дека не е во рационална состојба да процесира така. Сепак почна да оди по некои места надвор од скопје каде по 4-5 дена нема ни телефон ни контакт со неа. Не ми сс верува сеуште искрено...
    На кое верување се заснова нивната секта? По се што кажа ми личи дека е добар начин за заработка од жртвиве. Валда друго не прават. И на кој начин да ја отргнеме совет?
     
  8. make90

    make90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    26

    Дали целта му е финансии? Мене ме плаши дали ги наведува и на др работи... точно е во време на пандемија 2 пати со сигурност правеа дешавки шо им се таму незз во скопје и еден од повеќе дена надвор од скопје, а се сомневам дека к сега имаше еден пак во скопје од 4 дена. Навистина не знаев дека постои ова до сега а и не можам да најдам информации точни освен тука. На гугл ништо концизно не постои. Не знам на кој начин да и се помогне да сфати? Да располагам со повеќе аргументи може и ќе можеме нешто да направиме. Од кога и дадов отпор за мое вклучување ништо не споделува на таа тема. Освен што уште раствара емоции (ги растварале негативните емоции во позитивни).
     
    На Infinity freedom му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Infinity freedom

    Infinity freedom Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2021
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Izvinete sto ne pishuvam kirilica
    Ova zlo mora da se sopre nekako, malku da kazam e izmama,kolku e samo se pretochno site sto imaat napishano,sega povtorno imaat sobir na 17 18 19 sept ...luge otvorete oci da bilo neshto navistina dobro nemalo da e tolku tajno,i kako toa koga samo nareceniot "majstor" ke dobie povik togas ima sobir zivi gluposti
     
  10. Infinity freedom

    Infinity freedom Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2021
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Da strarshna rabota i jas ke se navlechev za zal
     
  11. Infinity freedom

    Infinity freedom Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2021
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Da se nadopolnam sega poveke mislam deka ne se vo aerodrom nez od koi pricini mislam deka okolu lugeto pocnale da reagiraat,sega se vo nekoj nob objekt ne znam kade,kako i da e strashno i katastrofa covekov ne se kazuva nisto ni kade zivee ni kako se vika
     
  12. lemon_yellow

    lemon_yellow Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски

    Мајсторот од овие работи живее. Значи, сите овие настани за "просветление" што ги организира, тој ги наплаќа. Единствен интерес му е да има следбеници, односно луѓе кои постојано ќе се пријавуваат на неговите Интензиви / Екскалибури, бидејќи на тој начин може да си обезбеди редовни приходи и да си ја тера живеачката по негова замисла.

    Тој не посветува многу време на секој учесник одделно. Организира групни сеанси на кои користи и комбинира доста техники на самопомош, од типот на позитивни афирмации, техники на дишење како што има во јога, медитации, а во одредени случаи и нешто што во современа психологија би се окарактеризирало како хипноза. Само што тој сите овие работи ги пакува и продава под други имиња, па така на понеискусните учесници ова им е нешто фасцинантно и ново, езотерично, out of this world experience. Ако некој сака реално соочување со себеси и индивидуален пристaп, психолог / психијатар е многу поефикасно и покорисно, според мене.

    Лошото е што низ сите овие настани тој наметнува и протнува одредени негови ставови/сфаќања, општо за секојдневното живеење кои никако не се научно издржани и поткрепени, туку се на ниво на псевдонаука.

    Така, на пример е оспеднат со епифизата или надмозочната жлезда. Оваа жлезда во источните култури се поврзува со чакрата агја или третото око. И за да ги согледаш нештата јасно и вистински истата не треба да ја контаминираш и оштетуваш. Така на пример, не смееш да ги миеш забите со паста која содржи флуор, бидејќи флуорот е токсичен и го ограничува потенцијалот на епифизата. Дозволено е да с екористи само сода бикарбона. Која ако прашаш секој нормален стоматолог ќе ти каже дека ако ја користиш пречесто, ќе си ја уништиш глеќта на забите и ќе бидеш склон кон развој на кариес и други инфекции. Исто, не смееш да пиеш вода од градски водовод, бидејќи во водоводните цефки има исто така флуор. Бремените жени не треба да одат на ехо. Така фетусот се зрачи непотребно и му се оштетува епифизата и тоа дете нема да може да постигне просветление во животот. Не смееш да јадеш месо, само вегетеријанска исхрана. Има еден куп вакви примери за работи кои суптилно ти ги наметнува и ти го менува начинот на живот и одредени навики.

    Сите луѓе кои не ги следат овие препораки, не можат да достигнат вистинско просветление, кутрите талкаат во животот без цел. Ова според негова логика, нормално.

    Има на Netflix серијал документарци посветени на неколку секти. Може да ги погледнете, и отприлика да видите како функционираат нештата, одвнатре.

    Во однос на другарката што имала неуспешно инвитро. Еве, јас лично знам пример на жена која три години се обидуваше преку неговиве техники да се реализира во улогата на мајка, но не успеа. Потоа отиде во Систина и после само три месеци терапија, успеа да забремени и да роди, здраво бебенце.
     
    На La Stilla, WildMk, make90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. make90

    make90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    26
    Токму тоа и се плашам. Ја има убедебо дека она нема вистински проблем и дека всушност ја лажам докторите и дека нема причина зошто да нема детенце. Треба да практикува се и дека е потполно здрава физички и дека со тоа ќе има. А всушност не е така и има медицински проблем кој со време станува и потешко да забремени. Точно е за месото. Не јаде месо... страшно. Јас се обратив и до семејството нејзино. Од првин добив реакција како ќе го решат ова, но сега добив само ghosting од сите нив, дури мислам дека станав и персона нон грата во нивната фамилија, но јас знам дека со чисто срце и љубов го сторив тоа. Повеќе од тоа не можам... мене совеста ми е чиста и од тогаш заспивам мирно затоа што барем пробав да им отворам очи. Многу се двоумев, но ми создаваше немир и не можев да си простам да знам дека пропаѓа, а не сум пробала да ја извлечам. Дури мислам дека веќе и работи на регрутација на нејзината сестра, бидејќи последно ми рече дека сестра и била печена за таму. Господ нека ги чува и нека им помага, нека им отвори очи затоа што веќе се приметува дека е променета, но не е на подобро. Станува неподнослива во комуникацијата, надмена, од високо се обраќа, со некои тешки филозофии во муабети што тебе како соговорник ти паѓа незгодно и срам, наместо обратно. Не знам... ова е страшно! Толку време да се активни и никој да не може да ги разбие не ми е сфатливо.


     
    На WildMk, Snowflake97 и Infinity freedom им се допаѓа ова.
  14. lemon_yellow

    lemon_yellow Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Познато ми е таквото однесување. Егото ѝ е зголемено и се чувствува супериорна во однос на оние кои немале искуство како нејзиното. Таа се чувствува просветлена. И тоа е тој апстрактен и немерлив поим што го продаваат на овие настани - просветление. За жал не можеш ништо да смениш, додека самата не се освести дека ова не води никаде на долг рок. А ќе се освести во првиот момент кога ќе се разочара и ќе сфати дека поминало време, а техниките на мајсторот-манипулатор не делуваат така лесно. Не знам на која возраст е и која е точната дијагноза, но се надевам дека нема да изгуби драгоцено време и потоа да се кае за евентуално пропуштените шанси за забременување. Психичката благосостојба е важна во процесот на потпомогната репродукција и не треба да се занемарува. Тоа го кажуваат и самите доктори кои работат со ваков тип на пациентки. Но, постојат и други начини како да се справиме со притисоците. Конкретно на темава, има кај нас психолози кои работат со жени кои имаат проблеми при зачнување и кои поминуваат низ инвитро процесот. Мајсторов не е еден од нив. Тој негира сѐ што е поврзано со современа медицина. За било која болест, не само за стерилност. Тој верува само на неговите техники и смета дека секој е во состојба да излечи сè преку истите. Од витилиго, рак, церебрална парализа, зависност од хероин, коцка, ковид, абе буквално нема граници. За него докторите и психолозите се лошите. Тие ги лажат своите пациенти, не треба да им се верува и не треба да се оди на контроли во бременост. Да не се зрачел фетусот. Не е свесен дека кај некои жени постојат ризици и дека контролите се прават со цел да се следи состојбата и да се избегнат несакани нешта кои можеле да се спречат ако биле навремено детектирани. Да е до него, жените би ги раѓале децата дома, само треба си кажат неколку афирмации и сѐ ќе биде во ред. Афирмациите се океј за психички да си помогнеш, да се охрабриш себеси, но не значи дека треба да се откажеш од секоја медицинска помош. И сета оваа аверзија кон медицината и општо науката ја проповеда човек кој нема ама баш никакво искуство од тоа што значи за мајката да износи и да роди здраво бебе. Ниту пак знае што значи да водиш нечива бременост или пак да породиш жена во родилиште и да помогнеш да донесеш нов живот на светов.
     
    На Mumoftwo30, make90, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Ауу не ми се верува што прочитав, ова е страшно бре луѓе, морници ме лазат.
    Ем перење мозок, ем перење пари на црно.
     
    На Mumoftwo30, Waverly Raven, $ophia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. $ophia

    $ophia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    928
    Пол:
    Женски
    Стварно не ми требаше темава да ја читам во 2 навечер... :|:tmi:
     
  17. Infinity freedom

    Infinity freedom Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2021
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Што е ова, просветлете ме?
     
    На Infinity freedom му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Infinity freedom

    Infinity freedom Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2021
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Vrati se procitaj na prvata str i se ke ti bide pojasno
     
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Fuck this shit, глупости
     
    На orce и Аргентина * им се допаѓа ова.