Во ред, тоа би имало смисла доколку е тоа така, но колку што гледам ние воопшто и не знаеме за што се работи, а камо ли дали се даваат парични влогови, дали некој се богати од тоа и дали навистина не им помага на лицата кои тоа го посетуваат или практикуваат ли. Пак ќе речам не велам дека е така или дека не е така, ама дај првин да дознаеме за што станува збор. На пр. и во скопски Соборен храм се оставаат пари по икони, некои тоа го прават со верба дека тоа ќе им помогне, па ај сеа да се интервенирало бидејќи се лаже народ. Но ако прашаш луѓе што се упатени во православието ќе ти речат дека тоа не е во ред што поединечни верници го прават.
Според неколку претходни постови од различни членови, постои некаков воведен паричен влог од 100 до 300€. Колку оваа информација е точна, не можам да гарантирам, но еве истата е потврдена од неколку членови чии блиски се инволвирани во организацијава.
Луѓе ви ги читам поназад коментарите, незз зошто им се чудите на сектите и ви изгледаат толку далечни....па пред да се пронајдам во хрис. вера, кога бев спиритуалист немате поима меѓу какби луѓе се имав најдено....бесплатни патувања, бизнис муабети па после зборување за спритиуалности, па те опипуваат каква си, карактер, слабости, трауми, недајбоже заедно на патување тука 24 те нагледуваат и некако све е на нивна сметка...частење ова она...на крај емотивни муабети за нивните трауми, шамани, ритуали и тајни здружениа... ова е само дел низ што ја поминав и да успешно ме ограничија од семејството и...имајте на памет се ова беше премнг постепено и спакувано на начин абе ни на крај памет... и да сето ова во СК...
Во Скопски соборен храм се влегува слободно, никој не застанал на врата да ти побара членарина да платиш спакувана во фин израз “бериќетен влог”. По икони се оставаат пари ако сакаш и колку сакаш, можеш 1 денар, 10, 50, 100, 100 евра или можеш ич да не оставиш, да си поседиш, да се помолиш и да си одиш. Никој не те тера да посетуваш црква, ниту да не користиш мобилен и огледало, никој не се обидува да ти го испере мозокот ниту да ти дава да јадеш одреддна храна во одредено време. Немој да мешате секти со религија. Религијата ти дава слобода на избор, слобода на верување, не те тера ниту присилува на ништо, твое е си е колку и во што ќе веруваш. Сектите не се толку наивни како ти што ги сфаќаш. Да, пристапот им е таков да те придобијат, на фин, наивен начин. Внимателно одбираат луѓе со кои може да манипулираат, ги доведуваат во тешки заблуди и после ги раководат ко марионетки. Да застанеш во одбрана на секта можам да сфатам само ако имаш финансиска корист од истата, во спротивно, човек што не е дел од секта и колку толку располага со здрав ум и разум да брани секта ми е ненормално и надвор од памет.
Е сега дали е тоа паричен влог или цена на некаква обука или услуга. Одиш на шишање да речеме, плаќаш за услугата, се запишеш на курс по програмирање си плаќаш за обуката. Е сега прашање тоа што ти спомна претходно дали е регулирано со данок и сл. Мене лично ако правиме муабет за некакво просветлување (ако е тоа што они нудат) дискутабилно ми е тоа да се наплаќа. Разбирам дека организирањето обуки може да има трошоци, ама да живееш од профитот на таков тип обуки ми е некако невкусно. Но дури и така, законски гледано не е проблем ако е регулирано со ддв и сл. Освен ако не правиш крштевка, венчавка, помен и сл. тогаш и те како си има тарифник. Секако, тоа си е право на црквата да си одреди. Ама така и другите си имаат право на тарифник, иако велам мене тоа ми е некако невкусно. Прашај ги монасите по манастирите дали е баш така без забрани. А за пост имате слушнато? Се прави во одредено време само со одредена храна! Во православно календарче прочитав дека е грев ако не се причестува верникот. Значи верникот ако е искрен има суптилна присила сепак да оди в црква. Јас знам дека има искрени верници кои одат од срце и се бават искрено со православие, но сакам да речам како што имаат право тие да си одат таму и како што во православието постојат одредени правила на однесување, така и другите имаат право да си одат на други места кои пак си имаат свои правил на однесување. Низ медиумите некаде околу 2000-та година имаше поплаки од родители дека децата им завршуваат по манастири со испрани мозоци. Но тие деца, кои патем беа возрасни, си заминале по сопствен избор. Во весници подоцна имаше шпекулации дека по манастирите се пакува дрога. Сето тоа беше далеку од вистината, но се ширеа такви муабети на принцип: „Другарката на еден братучед кажа...„ . Е сега кому требаше јавноста да верува? Јас би рекол нема што јавноста тоа да ја интересира. Духовните и верските убедувања се лична работа. Штом пишуваш така значи дека не си запознаена со историјата на црквата. Не те присилува бидејќи живееме во секуларно општество, Црквата е одвоена од државата денес. Но во минатото присилата била поизразена. Отстапувањето од верата се казнувало со мачење па дури и со смрт, читај ги проповедите на Свети Сава и Душановиот законик. А за католичката црква која е рекордер во тој поглед да не правиме муабет. Но тоа сега не е темата. Она за кое се обвинуваат другите религии или групи од страна на црковните теолози, тоа неретко го имаат и во сопствените редови.
1. Можеш да не правиш венчавка, крштевка и помен, никој не те тера на тоа. 2. Монасите и монахињите решаваат по своја волја да го посветат животот на Бог, не им доаѓа другарка монахиња со зборовите “абе се замонашив, многу ми е убаво, ај и ти дојди, поседи една недела да видиш колку ќе ти биде подобро. Се плаќа ситно нешто колку за бериќет 150-200 еур на еден таму главен што ни е, Отец се претставува, име вистинско не му знаеме, ама во глобала све е супер. Се навикнуваме таму да веруваме дека ние сме богови.” Монасите помагаат несебично, во манастирите низ Мкд многу лица излечиле зависности без да бидат терани да постат или да платат фиксна сума. Може не си имал прилика да разговараш со такви лица и не знаеш или не веруваш во ова, тоа си е твое. А за историјата на црквата нема да дискутирам тука зашто не се дискутира ниту историјата на сектава која толку ја браниш туку сегашноста. Таа дејствува сега и сега треба да се зборува за негативностите кои произлегуваат од неа. Ако е толку во ред и чисто и добронамерно нејзиното постоење зошто не се регистрираат како организација, друштво, здружение што и да се и зошто се кријат?
Дечки прочепкав малку низ интернет, и глеј чудо, не е дека немало информации, ама ве мрзи да пребарувате, читате и анализирате. Добро... да бидам искрен и мене понекогаш ме мрзи, ама еве што дознав накратко: Ама пази тоа ти велиш врз основа на неговото раскажување. Што ако дечкото лаже? Или можеби не лаже но погрешно разбрал па погрешно и го пренесува понатака. Вториот дел си поконкретна во одговорот, фала ти, но сепак останува нејасно бидејќи многу други религиозни групи и организации нудат слично. Дознав дека основач е Живорад Михајловиќ Славински, психолог и автор на повеќе книги. Дури и слика најдов: Добро е значи, не била некоја секта сектосана! За тоа дека им го поматуваат паметот на луѓето е наша претпоставка. Но тоа можеме да го кажеме и за политичките партии и за црквата. Колку пати имам чуено муабет, онаа откако ѝ се случи ова или она почна у црква да оди стана многу побожна ѝ се помати паметот. Дали перат пари или не, тоа може да каже фиансиска полиција, ние можеме само да спекулираме. Е сеа тоа што велиш „под нивна окупација„ не знам можеби е така, но тие доброволно отишле таму со доверба во таа неколкудневна програма. И да уплатиш во камп некој има некаква програма на активности и некаков куќен ред што е дозволено што не е. Ако не ми се допаѓа, нема да уплатам таму и крај на приказната. Изгледа дека сепак постоела, и тоа со истиот наслов: Екскалибур! И тоа не една туку две Уште да дознаеме што пишува во нив... За Саи Баба знам веќе (ако станува збор за Сатја Саи Баба, дека има и еден Саи Баба од Ширди - двајцата се веќе покојни), ама тоа е сосема друга организација, и тоа верска. Човекот велеше деке е аватар - Бог што се симнува од Небото, не филмот на Џејмс Камерон Претскажуваше дека ќе умре крајот на минатата деценија, ама утна за 7-8 години. Умееше да прави трикови со материјализација, а дел од поранешните следбеници го обвинуваа за сексуално злоставување кога биле момчиња. Ама тоа е сосема друга тема.
Po se tolku procitano i jas toa go pomisliv ili e on ili nekoj od negovite asistenti taka gi vikaat oni a i Kum imaat on so ke te vnese kaj niv ti e kum
Како волку голем поборник за сектава можеш лично да се зачлениш па после дојди кажи ни ти, ама по муабетот се мислам дека си веќе дел од ова. Ако е ова за тебе нормално, за мене не е. Како може нешто да е легално а да се одржуваат сеанси и вакви организации на скришни места и во планини. Ете дечкото кажа локацијата се менувала постојано, изнајмуваат некој простории или одат во планина. Ако е нешто регистрирано ќе имаат една локација и ќе стои реклама на вратата 'Екскалибур- духовно будење.' Како што има ете поделени цркви како што се: евангелска црква, адвентистичка, јеховини сведоци итн.
Luge koga idat po tie intenzivi od petok 16h do pon za zivi gi nema na tel,jas ja barav bratucedkami da ja pokanam kaj mene na rod i mi pisa pon navecer vika na intenziv bev,ona ide po ne znam koj 20ti pati gi lecela bolkite od minatite zivoti i za ova se plaka mn poveke od 7.200
Колку и да сакам да сум open minded, и да, се е право на избор, никој со сила не ги одвлечкал таму, ама сериозно??? Болките од минатите животи ги лечела… И ова е тема кај што треба да се дискутира, не ми се верува што прочитав.
Не одат на сила, ама многу малку му треба на човек да му 'влезе чивијата'. Земајки во предвид дека си поигруваат со нивната психа. Прво ти прават чувство дека си најбитен, се чувствуваш ко бог, леташ во облаци, и после за да те задржат продолжуваат се подлабоко да делуваат на човечкиот мозок. Којзнае што се се случува, што не се знае.
Јасно тоа, ама ич не се збори отворено за вакви теми, па луѓе се вплеткуваат во вакви измами без да знаат во што влегле. Ете пример првите мислења на темата Нема што подлабоко да се истражува и да се правда некој што бара пари за чистење на болки од минатиот живот, туку најстрого да се осуди. Да се знае кои се, што точно проповедаат, зошто земаат пари. Некако многу сме нежни на темава.
Па нели рече дека не се секта, нешто духовна организација биле?! Во една друга тема, не се сеќавам ти ли беше или некој друг, рече дека сум поборник на адвентистите а во трета на јеховини сведоци... Не сум јас ништо од тоа, само се залагам за правата на сите луѓе да си веруваат во што сакаат или да не веруваат, а не површни петпарачки муабети од рекла - кажала. И планинарско друштво Бистра одржува тури по планини, и они да не се некоја секта? Шо знаеш, можеби киријата им била скапа или се намножиле па просторијата станала претесна и се преселиле. Па убаво ти кажала, била зафатена. Како што рече една феминка и јас не разбирам каде е во тоа криминалот? Освен тоа, што има братучетка ти на родителска да ја каниш, ќе си ги поканиш родителите. Всушност класната треба да ги покани! Конечно да ја погоди некој суштината! Дај да видиме што проповедаат овие екскалибуржани (или екскалибуријанци би било поправилно?) никој не раскажува за тоа, освен @Snowflake97 што се обиде нешто да каже ама премногу кратко. А некој тврдеше дека освен на форумов немало нигде ништо за нив, ете прочепкав по интернет испадна дека имало. Не сум, ја сум Axl Rose од Америка, на студентска размена во Македонија, вежбам малку маседоуниан и врбувам луѓе за новиот хард рок бенд. Ама слабо се нафаќа нешо младинава, све се на турбо фолк луѓето тука... инаку меѓу нас нека остане ова, не кажувај дека сум пејачот.
Еве уште нешто што дознав од интернет кое веројатно ќе ја разреши целата мистерија. Основоположникот има напишано уште една книга Нов Екскалибур (на хрватски е) таму вели дека со тоа курсевите почнал 1991 но дека во меѓувреме низ просторите на поранешна Југославија се појавиле разни имитации на ова. И навистина спомнува некакви мајстори: Ž.M. Slavinski: Novi Ekskalibur - Alkemija svijesti, 1994 Вовед стр.2 Е сега дали се тие во Македонија официјални или барем овластени претставници на тоа што авторот го раскажува, не знам. Како и да е, според она што може да се прочита кон крајот од книгата изгледа дека сепак се работи за некаква црква. На стр. 97 во 23 -то поглавие напишан е манифест на Белата Гностичка Црква, и вели дека секој независно од националност, раса и пол може да стане член под услов да се полнолетни. Може да се прочита повеќе во горниот линк. Јас фала не сакам, за мене важи мотото: Бог - ДА, Црква - НЕ! ----------------------------------------- Абе можеш, ама ако си навистина втемелен во верата нели, ќе правиш. Ако е така тогаш зошто велиш: И откако ќе поразговараш ќе те залажат со манастирски мед, сиренце, вино и ќе си речеш еј овде све било супер, и толку му треба на некој наивен да се поправослави... Дур трепнеш ќе го сторат побожен верник завеан во црна облека у некоја скриена осоговска планина или покрај Радика... Те разбирам јас што сакаш да кажеш, и сè си е во ред тоа, немам ништо против. Сакам да укажам на избрзаниот и површен пристап кога се сретнуваме со нешто кое не е во склоп со нашите верувања и навики, и како нашите предрасуди кон другите всушност неретко можат да се најдат и кај нас самите. Исус предупредувал за раската во окото, а Бог уште во заповедите преку Мојсеј опоменал да не даваме лажно сведоштво за другите. Кога се прават муабети за другите верски заедници и религиозни групи (така световните закони ги нарекуваат) на ваков начин како што е тоа на странициве од темава (рекла-кажала без да се испита внимателно, макар од дистанца) тогаш токму таа грешка ја правиме.
Браво за Axl. Rose од Америка, уште малку ќе заплачев, се осетив доста прослетлено после ова мислење .
Ах, не стигнав ни да пробам од медот веќе добив желба да се завијам во црна облека. Друже, ако си припадник на оваа или било која друга секта или како сакаш наречи ја, биди си, немам ништо против. Овде гледаш дека нема да најдеш жртви за перење мозок. Доста е мислам убедување дека ова е во ред зашто сфативме дека не е. Ако не си припадник, или тролаш или имаш потреба да посетиш стручно лице да ти помогне околу здравото расудување на нештата. Поздрав.
Знам, така е претскажано дека ќе биди уште во песната: Донч` ју крааај тунајт, дер из хевен абоув ју бејбе (за тие што не знаат англиски: песната Дончо крај пее за Дончо и неговиот роден крај)