Екскурзија

Дискусија во 'Образование' започната од kristii, 12 април 2011.

  1. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.688
    Би сакала во оваа тема да подискутираме за ексурзиите кои верувам дека се реализираат во секое средно училиште.Дали сте биле?Каде сте биле?Како сте си поминале??..Некоја случка од тамо?...и слично....

    Мислам дека не се повторувам со оваа тема,и дека ќе биде доста интересна.Но ако не се согласувате со мене слободно избришете ја


    Оваа година од моето училиште ќе се оди во преубавата Италија.Со нетрпение очекувам да дојди тој ден :) За друго ќе ви раскажувам откако ќе се вратам :)


    П.С Може и некоја фотографија да поставите :)
     
  2. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    129
    Екскурзија во трета година

    Будимпешта и Виена....преубаво :inlove: Ехх да ми се вратат тие времиња :(
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.541
    Екскурзија во трета година

    Колку ми е смешен насловот на темава :D па ние не одевме во трета туку во четврта и да прекрасно си поминавме бевме Будва, Дубровник, Шибеник, Спит, Водопадите на Крка, Плитвички Езера, Мостар и Сраево :)
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.888
    Екскурзија во трета година

    Нас не ни организираа. Незнам од која причина, а инаку сите други средни од градот беа.

    Како и да е, темава ќе ја преместам во образование.
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Екскурзија во трета година

    Па кажете подетално како сте си поминале, не само каде сте биле, интересна е темава :)

    Нас не носеа Будимпешта, Прага и Виена.Општо гледано, екскурзијата ми беше прав замор!Скоро една недела не се наспав како човек и да бидеме реални за неколку саати не можеш ни приближно да запознаеш некој град, особено овие огромни метрополи.Многу е попаметно да не носат на Јадранско Море и да поседиш раат неколку дена отколку вакво мрцварење по автобуси.Не памтам ниту една работа од историјата што ни ја раскажуваа, кога ги гледам сликите едвај ми текнува за кој град станува збор.Епа од три дена едно по друго не можеш да запамтиш.

    Исто ми сметаше што не поделија во различни хотели што не беа воопшто блиску и баш друштвото ми беше во други хотели и не беа со мене :devil:

    Ама и покрај ова, екскурзијата е една и секако ќе остане во добро сеќавање.Памтам и дека со другарките се изнакупувавме гардероба и поклони за дома.Исто со две другарки се изгубивме во Прага, кутрите по една улица не знаевме кај одиме и после пола саат се најдовме со групата и сите беа бесни зашто автобусот останал подолго време на паркинг, па требале да се платат плус 50евра, што професорите така дрско ни ги побараа да ги платиме :|
     
    На Sunshine88 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    453
    Екскурзија во трета година

    Нас не носеа во Будимпешта и во некои други градови кои ни беа по пат,но сега неможам да се сетам на нивните имиња. Преубаво си поминавме,знам кога се вративме преговаравме за во четврта пак да не носат но ништо не искочи од тоа.Во сеќавање ми остана парламентот каде што не вртеа по 10 пати за од секоја страна да го видиме и водичот само за тоа ни збореше.Стварно е прекрасен еве и слика од него
    [​IMG]
    Исто така поминавме по мостот со лавовите кој исто така е прекрасен
    [​IMG]
    Не носеа и на ноќно крстарење по Дунав и на уште едно доста убаво место само што не ми текнува како се викаше. Бевме и во золошката,Аква паркот и еден ден одвоивме за шетање по еден доста голем трговски каде што се изнакупивме секакви работи.
    Ахх сега кога си се потсетив сакам пак да се вратам во средно и на уште една ваква екскурзија :$
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    50.008
    Пол:
    Женски
    Екскурзија во трета година

    И ние бевме во четврта година, и тоа низ Македонија :D
    Ќе одиме ваму, таму, на крај испадна низ државчево наше. Не е важно, преубаво си поминавме.
    Ептен беше весело и имам многу убави спомени од таа екскурзија, зашто прекрасно си се дружевме.
    Најсмешно беше кога не’ однесоа во едно село Брајчино :^)
    Имаше семинар во хотелот каде што требаше да одиме, па зафатен беше и мораше да се губи време некако, ама кај го откопаа тоа село уште не ми е јасно. Си се шетавме по калта, немаше ништо за гледање, ама битно имаше здраво смеење.
    На крајот сфативме дека не е важно што не сме отишле низ Европа, туку важно е друштвото и забавата. Се засмеав сега само што се сетив на некои моменти. Тогаш блеснаа ѕвезди што цело време се криеле мирно зад клупите. Првото пијанство на едно мирно дете беше незаборавно. Еј ако ми верувате, запаѓам во смеење во моментов.
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Екскурзија во трета година

    Сега, јас не сум трета година, туку прва, ама ќе го споделам искуството.
    Верувам дека нема да ви пречи :)
    Бевме Истамбул, една недела. Прекрасно, немам зборови. За организацијата нема да зборувам бидејки таа зависи од одговорноста на професорите, а за моите професори стварно имам само пофални зборови.
    Престојот беше супер организиран. Посетивме многу знаменитости и плус имавме слободно време, за шопинг, шетање и сл.
    Имавме мотел, цел ни беше на располагање. Си бев во соба со другарките и екстра беше. Остатокот од друштвото не беше на наш спрат, ама навечер се збиравме и си правевме супер журки. Имавме една диско-забава и една вечер бевме на жива музика. Супер беше. Би отишла пак кога би можела, ама ајде следната година се надевам дека ќе биде исто толку или повеќе убаво од сега.
     
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Екскурзија во трета година

    Кога ќе се вратам ќе раскажам, не очекувам нешто посебно освен напорно возење, ми се чини кога ќе се вратам уште една недела ќе се возам у кревет :yawn: |(
     
  10. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.480
    Екскурзија во трета година

    Не сум трета средно али ајде... :)
    Само што се вратив од екскурзија.
    Кај ме болеше грло сеа сум зарипната и глава ме боли.
    Спиевме во Струмица во хотел Самоил се беше ок освен кадата што беше рѓосана.
    Втората вечер спиевме во Дојран во Полин и беше доста подобро од Самоил ама таму и се испоразболевме.
    Се беше супер таму освен прозорите, многу беше ладно во соба.
    Иначе супер си поминавме, расправии со класната, расправии мегу нас, игравме карти со класната, игравме карти цело одд кај нас во соба итн.
     
  11. dejan123

    dejan123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    јас учам во Пехчево и цела година ја чекаме екскурзијата а сега директорката ни вели дека по новиот план веќе одат шесто и осмо одд... МАЛЕЕ ШТО ЌЕ СЕ ПРАВИ -дали и некој друг од седмо одд го знае тоа или не ЛАЖАТ??????!!!!!!
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Веројатно мислип на екскурзијата низ МК?
    Епа, јас колку што знам се оди во 6то одд.
    А и не се секирај, ќе бидеп догодина 8мо. :D
     
  13. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    538
    Ниее одиме во Италија лелее и јас едвај чекаам,конечно ќе ми се исполни една желба,да одам за Венецијаа :inlove: :D
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.271
    Прва година во Отешево 2 дена, втора година во Охрид 3 дена, трета година во Романија и Бугарија 5 дена, четврта година во Бугарија 3 дена. Орце закон :)
    Уживав, многу сакам екскурзии, интересни случувања секогаш има, како и да е не бев проблематично дете и не ги поврзував екскурзиите со алкохол, туку баш забава и шетање што е можно повеќе. Преубави спомени од оние 2-3 екскурзии во основно, овие 4 во средно, на факултет посебни спомени си имам за семинарите еднонеделни во Дубровник и Истанбул и секако она најдоброто апсолвентската екскурзија. Подобро нешто во животов не ми се случило. Тие 21 ден ми беа како во сон. Уште 10 пати би одела на апсолвентска :lol:

    Знам дека многу ни беше страв да шетаме во Романија бидејки во гратчето кое беше на повисока надморска височина имаше многу мечки, кои некогаш и си шетале по улица, ние 2 видовме од хотелската тараса едната си преминуваше улица а другата буричкаше во канта :D
    И вечерта за да си купиме сок и чоколадо во блиската трафика се покакавме додека да отидеме :rofl:
     
  15. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    И од моето школо одат во трета година во Будимпешта, Прага и Виена... Ама оваа година ги фатија со марихуана и го кркаа на големо... Така да ништо чудно ако ние не одиме следнава година. И тоа се ради дечишта бре, бре.. Иако јас бев во Будимпешта и Прага... Ама секогаш незаборавно се поминува :) И уште сто пати би отишла.
     
  16. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    168
    Нас не носеа во Белград, Виена, Прага и Будимпешта.
    Премногу заморно беше, но преубаво.
    Во Прага не однесоа во една дискотека, сите беа напушени, женски, машки во вц-то, ХАОС беше.(граѓаните на Прага,не ние)-Што се не правеја, голи се слекуваа. :D Сепак беше интересно да се види и тоа. Кај нас ретко да се осуди некој да го прави тоа во јавност. Тешко на професорите. Помнам, посетивме многу трговски центри и тие ми оставија повеќе впечаток одколку дворците. Лудо беше премногу.
    Најмалце време поминавме во Виена но најмногу ми се допадна овај град.
    Во Прага се беше дива лига.
    А Будимпешта е место кое најмногу ме потсетуваше на мојата мила Македонија. Беше најтопло, а исто така не беше и многу скапо.
    Имаше многу скандали навечер, но собравме и многу знаење во текот на денот.
    Уште ги паметам фаците на професорите како не трпеја воопшто. :D
     
  17. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    2.421
    Ние оваа година одиме Братислава, Виена, Прага, Будимпешта, Белград и се надевам ќе си поминеме лудо и незаборавно. Па ќе ви раскажам кога ќе си дојдам :) :D :D
     
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.568
    Јас повеќе си ја памтам екскурзијата во осмо одделение што ми беше,отколку таа од трета.
    Во осмо бевме низ Македонија (wow колку добро звучи), всушност тоа беше само северозападна Македонија.
    Прекрасни спомени,ми се чини колку помали,толку побудали бевме.
    Во хотелот каде што не однесоја, воедно незнам дали навистина беше дом за старци,ама ги имаше во изобилство.
    Собите беа со катастрофални услови. Да би знаеле родителите во што се впуштаат,немаше ни да не пуштат на таква "авантура". Од чешмите течеше кафеаво, зошто сигурно никој не се осмелил да преспие тука,освен претходните екскурзијанти, под креветите смоки, бубачки некои,пајачиња, прашина насекаде, во тоалетот шолјата пожолтена,кадата исто така, тој балконот беше со гомна од птици целиот, плус имавме една мачка што ни доаѓаше на посета,тие ќебињата ужасно мирисаа на стари.
    Меѓутоа забавата беше феноменална, бидејќи бевме единствени 12 во тој ходник од нашиот клас (6 машки и 6 девојки) и цела вечер се плашевме меѓусебно, се смеевме, се глупиравме иако класната строго забрануваше да одиме во нивна соба, ние си префрлавме во балкони и така натаму.

    Од трета година екскурзијата, Прага,Карлови Вари и Виена.. од кои подобро ја запомнив Прага,а од Виена само чаршијата...не ми беше којзнае колку wow. Уште на почетокот имавме проблеми и мислам дека тоа не "спушти" сите.
    Но, со една другарка имавме една незгода во тоалетот во Виена, епик феил зачинет со огромна доза на црн хумор во H&M, масажерот во Прага, пијаната вечер...
    И секако за парите не вредеше ни денар, бидејќи сега гледам 9 ноќевања во Прага=81 евро + автобуски превоз,а нас само во дестинацијата што ни вметнаа 2 саати шетање во центарот на Виена и незнам колку саати непотребено панорамско разгледување на градот плативме 250 евра некаде.
    Превранати.
    Би ја повторила екскурзијава во секој случај, но сега апсолвентска си ја чекам.
    Е,тоа е екскурзија.
     
  19. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    2.421

    Во четвртокот се вративме, прекрасно си поминавме.Можеби беше напорно и не бевме наспани но си поминавме преубаво. Виена е најубава дефинитивно, а и крстарењата по Волтава и Дунав беа прекрасни, и сега се вративме и сонот заврши, но ни останаат многу убави спомени и некое знаење за тамошните луѓе и култури.
     

    Прикачени фајлови:

    На LivingGlam и Smilly им се допаѓа ова.
  20. sweety-m

    sweety-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    52
    Во основно не носеа на еднодневни екскурзии и си мислев како кузнај кај да одиме, ах мали будали :lol:
    во средно во втора година бевме неколку дена во Бугарија и навистина беше преубаво, потоа во трета бевме Будимпешта, Виена, и Србија и можам да кажам дека Виена е навистина незаменлива :inlove: радо би живела таму... е сега ќе си ја чекам екскурзијата за апсолвентскта, ајде ајде и то ќе биди :rofl: