Сакам да прашам...? Не добив одговор прв пат. се надевам сега ке ми одговорите. Што и колку облека да земам за на екскурзија? ке идеме во охрид два дена. и што да носам вечерта во диско? фустанче и сандали, сукњичка(цветна), маичка и сандали(бели) или ако е поладно хеланки или фармерки и маичка и сандали или балетанки? штикли да носам ли? зш сум 8мо одд.. http://www.polyvore.com/%D1%86%D1%80%D0 ... =32576853-вакво фустанче само со бел каиш
Сакам да прашам...? Па земи фармерки, тренерки, некоја маичка по кратки и блуза по долги ракави, дуксер, и јакничка земи си зашто е ладно.И боди, гаќи и чорапи и пижами најбитно. За во дискотека ќе се смрзнеш во фустан или маица и сукња, најубаво фармерчиња, маиче штосно и балетанки.Штикли нема потреба, на ескурзија идеш, а не на модна писта. Спојлер Те, па колку оптеретување му удри.
Сакам да прашам...? Одговорот на ова прашање е индивидуална работа и зависи од тебе и твојот карактер.Пр. јас кога бев 8мо,носев свашта,исто ко што носам и денес после 7 години и кај и да патувам.Менувам комбинации при секое искачање и пристигнување во хотел,и затоа се товарам без потреба,бидејќи сакам да сум во различно секогаш(поготово тие неколку дена).Ако си практична,одбери си од дома,што би носела за по пат(советувам тренерка и патиче),одбери си друга пријатна облека за во хотел(сигурно нема да седиш со облеката со која си патувала во автобус),земи си комбинација од фармерка,блузичка и некое џемперче,во комбинација со патиче и некоја ташна преку рамо,или ако е посвежо(немам информација за времето во охрид)земи си јакничка и некоја интересна марама ако носиш.Понеси си и наочари за сонце за секој случај.За диско,ти препорачувам некоја светла фармерка,со некоја интересна кошулка или маичка во комбинација со балетанки или кондури на плута(пак во зависност од твојот стил на облекување,а за 8мо одделенка е таман) и додади интересен часовник и долг ѓердан-ланец кој би го зачинил вечерашниот изглед.Биди своја тинка и уживај во едноставноста и убавините на годините.Убав помин
Сакам да прашам...? Па збори со другарките, консултирај се, види што ќе носат они и од прилика според тоа ќе сфатиш што да носиш и ти. Фустанчево инаку е убаво, за штикли не сум воопшто против, ако носат другите и ако и тебе ти е мерак носи и ти. Количински колку да носиш, тоа е твој избор, јас би носела по 3 маички, 3-4 џемперчиња, 2 пара фармерки и слично.. нема потреба од повеќе, а можеби и ова е многу. Како и да е, ти реков, збори со другарките. Распрашај се..
Кај нас во прва година ги носат еднодневна некаде низ Македонија. Во втора 2 или 3 ноќевања во Охрид. Трета во претходните години се одеше во Будимпешта,Прага.. но од лани 10 дена во Шпанија,Франција и Италија.Екскурзијата во трета мислам е најдобрата ама и местата се одлични. Во четврта мислам досега сме немале но можно е и да се организира.
Ние во 3та година бевме Белград , Трст , Лидо ди Јесоло , Венеција , Верона и Загреб бевме 5 дена и си поминавме феноменално. Ни се погоди и временскиот период бидејки бевме во јуни и се бањавме во Јадранското море.. Кога се вратив дома бев ко црнец лелее колку само ми недостига ... Но ајде сега 4та како матурска екскурзија ке одиме 7 дена во Турција незнам точно во кое место, сигурно и ова ке биде незаборавно
Јас сум тотално разочарано од моето училиште.На екскурзија не имаат носено само 3 пати.Еднаш во трето,днаш во четврто и после еднаш во петто.А сега сум осмо.Па не се фер
Мене ме интересира дали екскурзиите во средно кога се оди во странство се многу скапи(ако може некој и отприлика да ми каже цена), Зашто ми се оди на екскурзии но секако ако се за секој пристапни цените, ( да знам какви цени ме очекуваат од екскурзиите што во сите средни училишта се планираат за во странство)
Лани одеа 2 година во странство но не на исто место со 3 а оваа година нема затоа што мала била бројката , а јас сум 2
Повеќедневна средношколска екскурзија Дали можеби некој знае колку пари од прилика е неколку дневна средношколска екскурзија во Италија ??
Повеќедневна средношколска екскурзија Зависи колку дена, но од прилика е некаде 12 000, но не ме држи за збор.
Ако е само Италија за 6 - 7 дена до 12 000 денари, обично 11 900 како што ги ставаат цените, а може и поевтно да биде. Колку за споредба ние лани бевме за Австрија, Франција и Италија, 9 дена, а се плаќаше по 17 990. А имаше понуда од агенцијата и само за Италија и мислам дека беше 10 900 денари, меѓутоа сепак тоа зависи од туристичката агенција, број на денови, каде и колку ќе бидете сместени во хотели, со вклучени оброци или без, со автобус ли ќе се патува цело време или можеби и брод, заради тоа што колку што се сеќавам од лани кај нас таа понуда што беше за Италија, вклучуваше и патување со брод од Албанија до Лидо ди Јесоло ( Италија ).
Нашата екскурзија до Италија 7 дена чинеше 13 990 ден. Тргнавме од училиште до Албанија бевме Драч и од таму со брод до Бари. Па Рим, Верона, Венција, Ватикан, Лидо ДИ Јесоло и Пиза.
моиве сега ке одат на екскурзија во Италија и кошта 16 780 за 7 дена.. сакамм да прашамм дали е некој запознаен со некој закон со кој од 2014 се викаа дека 4та година средно повеќе нема да одат на екскурзии заради матура и што ја знам уште.. така наслушнав, но дали некој знае повеќе да ми каже??
Јас бев на екскурзија во шесто. Многу убаво си поминав. Имаше и во четврто, но јас не бев (бидејќи мама не ме пушти, а и во право била, за некаде била екскурзијата).
Да се консултирам со некои што сте биле на екскурзија во Прага, Братислава, Дрезден и Виена 1. Колку ноќи бевте? 2. Колку пари носевте со вас? Колку ви останаа? Колку се доволни според цените таму? 3. Некои цени ако памтите 4. Како менувавте пари?
Јас вчера се вратив од екскурзија. Бевме 6 дена со 3 ноќевања преку Фалкон травел Прага-Дрезден-Виена. Екскурзијата беше супер, за моите впечатоци нема да раскажувам, тоа е лично доживување и сопствен вкус. За пари повеќето носеа околу 200-250 €, преку сила 300 за секој случај. Ние планиравме шопинг во Дрезден бидејќи ни рекоа дека многу е евтино, ама не изнакупивме премногу бидејќи немаше такви попусти како што кажуваа па така јас, а и повеќето си вративме голем дел од парите. Реално 200-220/230 за секој случај ти се доволни ако не планираш да се расфрлаш и трошиш на глупости. Јас дома вратив 190 евра. Во Чешка се плаќа со круни, кога ќе шетате низ Прага ќе ве однесат во менувачница каде што не зимаат провизија, 1€ е 27,50 круни. Ама по пат ако некаде плаќате во евра ќе ви враќаат кусур во круни и така крадат и после се чудат од кај им фалат пари. Инаку за цени ми текнува во Мекдоналдс во Прага Биг Мек оброк 6 евра, Хамургер во Дрезден 4 евра, Чизбургер во Виена 5 евра. Во Старбакс во Прага цените се од 99 до 199 круни, за другите градови не знам дека не влегов. Магнетите за на фрижидер во Прага се 30 круни. Одете во една продавничка во близина на Астрономскиот часовник, не во уличката кај што е Старбакс, туку од другата страна, има една со огромен избор на магнети. Ние бевме поголема група и вработената беше македонка и кога не слушна дека збориме ни ги наплати по 25 круни. Во Дрезден магнетите се 4,5 до 5 евра, а во Виена од 2,5 до 8 евра. Во Хард Рок кафе маиците во Прага беа 28 евра, а во Виена машките 23, а женските 25 евра. Дрезден одете во Прајмарк огромна продавница за облека, најевтина е, а во спортските продавници е поскапо и од Македонија. H&M е најевтино во Прага, нешто слично во Дрезден, а во Виена е изгор скапо во било која продавница. Се на се, убаво доживување и најмногу ми се допадна Прага. Убав помин и пиши впечатоци кога ќе се вратиш. П.С Многу долг и мачен пат, сите се разболевме.