Имаше случаи каде и просветни работници, а пред некоја година и на јавни личности им излегоа разголени фотки и видео снимки. Тие снимки или фотографии ги објавија нивните бивши љубовници или дечковци. Дали кај вас, посебно оние кои пишале дека не им е проблем секс со непознат дечко во таа тема ви е страв дека некој може да ве сними, слика и потоа да ги злоупотреби тие материјали?Не зборувам овде за сериозни врски, долги врски со изградена доверба, туку оние што би имале односи со странец, непознат.
seedno ako objavi se dodeka nema ime ili lokacija u imeto na objavata ili kako keyword....seedno, tolku mnogu pornici ima na net so...bahh zoso da se zamara coek
А што ако ти се гледа ликот? Нема да е сеедно. Да се потсетиме дека сега скоро директор даде оставка заради видео и фотографии.
Се додека не се гледа ликот е во ред. Ретко кој нема вакви експлицитни фотографии и видеа денеска особено со појавата на смартфоните
Зборувам за видео кое дечкото може да го сними кришум и да ти го пушти. Прееска случајно на фб видов македонско порно се шири и на девојката и лице и тело и се гледа, а дечкото освен органот ништо. Инфото беше дека си пуштиле видео на балкански сајт, а што ако девојката не ни знаела и сега порно ѕвезда стана.
Epa sega toa e, takva rabota na sekoj moze da mu se sluci. Lugeto uvek ke ti zabivaat noz vo grb. Ke mi bide krivo eden den i ke si prodolzam so zivotot.
Се сеќавате на случајот од лани од Хрватска? Директор и наставничка во канцеларија кај него,учениците ги снимале со мобилен. Па директорот неможеше да го издржи притисокот од околината и се самоуби. Сакам да кажам дека не секој може да ги поднесе последиците. Во момент на занес може идеата ти стои ОК,ја засилува страста, ама после тоа..немој некој мишомор да бара..
Па јас не викам дека треба некој да си се обеси, ама сепак има луѓе на кои работата, функцијата, бракот ќе им биде загрозен. Пример ми се директорот на гимназија, а имаше и една професорка што си даде оставка или ја избркаа кога се појавија фотки од неа.
Знам дека е казниво, и за тоа треба да се пријави во полиција. Имаше случај дечко околу 30 години снимил 16 годишна и го покажувал видеото на други, по што заврши во притвор. Меѓутоа ако додека да дојде до полиција, штетата е направена.
Може да пријави, може да го тужи, може да прати да го претепаат... зависи од точната ситуација, ама може да направи многу. Инаку, треба да се внимава со кого се фаќа работа во животот. И како пишувате, како да е нормално директори на училишта и други просветни работници да се снимаат. Тоа ce веќе психопати кои влегле во професија што никако не е за нив.
Точно. Сепак не е сеедно. Професорката топлес и по секси гаќи уште си ја чуваат еден куп мажи по мобилни, а таа жена во 50 години. И сите деца ја имаа видено, затоа што пријатели и биле на фб. Не е тоа вкусно, ниту е нормално, посебно не за луѓе кои вршат некаква функција.
Какво време дојде јас велам тешко на девојињава кави се кретени има на светов. Денес може да те сними буквално како сака, има минијатурни камери кои може да се стават во било што, пенкало, саат, обична играчка.... тешко на девојчињава особено ако се земе предвид нашиов балкански менталитет. Никој не вика срам да му е нему него сите викаат срам да и е нејзе, демек кога мажот е гол тоа е знак дека е тој фраер ама жената кога е гола таа е к,,,а. Имам женско дете и знам како е да си родител и колку може некој таков кретен да го упропасти жвотот на цело семејство, не 20 години затвор, него веднаш за јаца со извинение би го обесил таквиот кретен кој ќе искористи жена да води љубов со неа а потоа да ја исмева. . Исто така не можам да разберам како таа што е снимена е к...а а таа шо не е таа е поштена а истото го прават? Она што посебно ме зачудува што таквите осуди доагаат најмногу од жене, се прашувам дали се они фригидни па лечат комплекси на други или не се свесни дека и они истото го прават и дека еден ден и они може да бидат жртви на некој кретен. Велат зошто се снимаат не ли знаат дека утре може да заврши тоа на интернет? А јас велам, зошто седнувате во кола кога знаете дека еден ден можете да бидете жртва? Сите кога сме во врска со некого и имаме бескрајна доверба кон таа личност си велиме ок зошто да не чисто да видам како изгледам во такви моменти, зата што многу е поинаков впечатокот кога гледаш со твои очи и со окото на камерата. кога гедаш со сопствени очи себе и сопствените реакции не можеш да ги видиш. Јас не ги кривам жените туку мажите кои злоупотребуваат неија доверба и љубов, несаќајки дека со самото тоа што им дозволиле да ги снимаат тие ооби имаат бескрајна доверба во нив, а да злоупотребиш нечија доверба треба да си тотален кретен.
Искрено тука ги наоѓам девојките криви. Зошто бе му дозволувате да ве снима додека имате секс? Од кај да знаеш со каков тип си имаш работа. Па после настануваат триста глупости, сценарија, плачења, самоубиства, па ке го тужиш. Ем дозволуваш да те снимаат па после ке тужиш. Едноставно е нема да дозволиш. Искрено и на дечко ми не би му дозволила да ме снима иако во врска сме две и пол години, па не на некој непознат.
Е ова е реален, праведен и хуман човек, како прво, и како второ маж во вистинска смисла на зборот. Алал на сопругата и децата, и се надевам дека некој ден и јас ваков човек ќе си земам. Секоја чест, од збор до збор вистина.
Се надоврзувам на мислењето на @Simeon-Simo , но и девојќите сносат огромна одговорност конкретно во контекст на темава - секс со непознат!!! Па како межеш да знаеш со кого си имаш работа кога се нафаќаш на нешто екстремно интимно па уште и со странец Дури и да е партнер кој "го познаваш" атер на денешните модерни, виртуелни канали на запознавање, па непознат е непознат и точка, ризик е кафе средба а камо ли интимни односи
А ако жените го снимаат и објават? Па си ја замаглат својата фаца и оцрнат некого.. И кај двата пола има идиоти .. за жал
Сепак, колку и да е модерно време и кој и да е и каков ризик потенцијален ( по фамилија на пример ) да има за машкото,сепак тој е машко и е*ал, а женската, сепак ја е*але