Јас сега го загледав насловот на темата бил Експлицитни снимки со НЕПОЗНАТ партнер? WTF? Девојки искрено без снимање и со познат и со дечкото , ма колку и да се сакате! Веќе кога ќе бидете во брак по договор со другата страна можете да се снимате.
Е златна Југославија, прво шамарање од страна на полицијата па потоа прашање што било. Тогаш сигурно имало помалку серковци. На пример семејно насилство го собираат мажот му ја спојуваат кичмата со стомакот и после е цвеќе за мирисање. А не сега по суд ова она па уште се дрџнуваат да ја тужат жената за клевета. Секаде е тоа така со такви снимки што се објавуваат без знаење на девојката. Инаку ако се гледа машкото тогаш спаѓа во аматерски порнич и го објавуваат заедно видеото.
Не знам, не сум живеела тогаш. Мене ми имаат кажувано поинакви примери од тоа време, баш како син на полицаец ја злоупотребувал положбата на татко му, за да ја малтретира сопругата.
Работава може да се погледне и од поинаков агол. Под непознат се мисли и на човек кој намерно снима и објавува видеа за интернет страници, така да во согласност со девојката која добила надомест поради тоа се објавуваат видеата на интернет. Доста луѓе во Македонија почнаа да го работат тој бизнис.Познавам неколку типови кои со разговор со девојката и секако надомест се објавуваат видеа на страници како порнхаб. Србија е далеку пред нас во поглед на тој бизнис, тие веќе вадат висококвалитетни порно филмови, клипчиња и такви ствари. За другите пак кои се снимаат со некојси тип од некоја дискотека или кафич, нема оправдување. Дечко - девојка снимање е колку во ред , толку и нее. Може да раскинат па секакви видеа да излезат во јавноста.
Што ви е гаранција дека партнерот за време на односот нема да ја постави камерата на невидливо место, за потоа да ве уценува? Не треба во никого да имате доверба, но баш и ради таа причина да се изнаоѓаат изговори за да се нема секс, не е начин.
Во никого не треба да се има доверба. Особено не во непознати. Нити сум се снимала, нити ќе се снимам.
Сега гуглав, македонско порно, еден куп снимки. Дури и жените ги има со име и презиме. Јас не знам што е работата, дали се снимаат свесно, или си гледаат на тој начин да дојдат до пари, па ооппп видеото завршува на порно веб страница. Една дури од Битола со име и презиме ја пишале, дека е мажена и дека пуши како луда. Јојј, јас не знам дали во ваков случај жените имаат право да интервенираат, да тужат, дали ќе се тргне снимката. А што ако се тргне кога штетата е направена. Ние ако гугламе, којзнае, ќе најдеме и некои познати ликови можеби.
За клевета се тужат луѓето, не пак за ваква работа. СЕКОГАШ е виновен тој што ќе објави нешто без дозвола, без разлика во какви околности е направена снимката, колку се знаеле претходно, дали е снимано со согласност на двајцата итн. Секако, треба да бидеме и свесни за ризикот, дека некој-некаде-некогаш, ќе се погоди да е криминалец (да, криминално дело е тоа), па можеме да се заштитиме со тоа што нема да се снимаме. Ама нашата моќ е до тука.
На хартија е така, но во пракса не. Еве изгуглав пример порно скопје, и гледам излегува некоја професорка, со име пишана, фаца се гледа. И за секој поголем град ако така бараш ќе видиш еден куп видеа има. Снимани се жените, фаца им се гледа, име, презиме име, а го објавил некој маж со псевдоним. И од Битола една ја пишува со име и презиме, мажена битолчанка, еве како пуши ... И сега? Штом пишува дека е мажена значи некој ја снимил, швалер ваљда, и ја пуштил, инаку ако е мажот, нема да пишува мажена од Битола, таа и таа. И кој ќе тужи бре? Се знае кај живееме, а и за тужба, треба адвокат, па судови, па докажување. Кога ќе видиш вака 60.000 виделе, а ако се актуелизира дупло има да ја дознаат луѓе и дали воопшто ќе се тргне видеото. Може земаат мажите парите за тие видеа. Mногу мажи сигурно ја прават оваа финта. Треба да се внимава многу, но да не заборавиме дека сега не живееме во тоа време кога имаше љубов, па романтики, па те чека дечко неколку години за секс, ова постарите од мене знам дека така беше во нивно време. Вака како што испаѓа, човек може да се заштити само ако апстинира, а не е решение. Инаку, може да се снајде машкото да ја сними девојката без да забележи.
Не ти требаат пари за ништо, кога е направено кривично дело врз тебе. Значи клевета е ништо, тешко докажливо, а ти тука имаш практично, доказ дека кривичното дело е извршено, не мора да докажуваш ништо. Ова потпаѓа под кривичен и тие по дифолт си ја тераат постапката со јавен обвинител. Но што е проблемот кај нас? Луѓето не си ги знаат правата и затоа ќутат! Плус се плашат, плус се срамат. Ова се предмети кои автоматски би завршиле со казна. Значи... Треба да се пријавува! Не го прават тоа многу мажи. Од каде ти таква информација? И уште полошо, зошто мислиш дека живееме во време кога нема љубов, романтики? Има, само има и секс. Едното, не го исклучува другото. Замисли!
Да те посетам дека живееме во Македонија, каде воени злосторници владеат со години, а за еден порно клип знаеш што ќе се случи, ништо. Провери црни хроники, секој месец по неколку жени се уценувани со секс снимки или фотографии. Последен пат како што прочитав, еден познат водител тоа го направил на охриѓанец. Се сложувам дека треба да се внимава при избор на партнер, но 100% доверба нема. Кој јавен обвинител? Знаеме дека се пасивни. Ќе се замара некој со порно клип. Плус мажите под псевдоним ги објавуваат клиповите. Дали воопшто ќе се најде да речеме кој го објавил и дали ќе се тргне од странски сајт, сигурно нема да се тргне, ако си е платено. Тоа го прават мажи и затоа само на жената и се гледа лицето. Секако дека го прават, а го прават за пари и уцена. Од каде знам дека нема романтики? Од толку многу разводи, и манијаци кои се женети пример, а на фб се пуштаат на девојки. Ете нема романтики, нема љубов, па и почит нема кон жена и деца.
На брат ми една пријателка (20 години имаше) се снимала со некој Грк кога била на одмор во Грција за да ја обележи авантурата. Дечкото го ставил видеото на фејбук и со брзината на светлината стигна до Македонија и до сите нејзини познаници,родители,дечко и .. цел град ја озборуваше. На крај се пресели со родителите во друга држава и го избриша фејсот
Дефинитивно ќе има повеќе позитивни исходи ако пријавуваме, отколку ако не пријавуваме. Чиста логика.
Никогаш не сум се снимала и не верувам дека дечко ми би снимал. А и оние што спијат со секакви нека ги снимаат и нека ги поставуваат на порно страници.