Експресионизмот е правец во уметноста од 20 век кој го нагласува изразувањето на субјективните чувства и расположенија. Тежнее кон изразување на внатрешните напнатости, екстатичности, визионерството. Во ликовната уметност се забележува посебно акцентирање на боите, а како претходник во слиакрството се смета Ван Гог. Во литературата, се карактеризира со истакнување на лирски и драмски форми со слободен стих, екстатичен тон, хиперболичен израз. Експресионистите ја отфрлаат идејата за прекрасното во вид на склад, хармонија и остварено единство на надворешното и внатрешното. Затоа експресионистите ќе „запрат“ и кога нешто не е докрај доречено. Во сето ова има нешто што потсетува на романтизмот. Оваа сличност не е случајна: и двата правца се спротивставуваат на реализмот. Naked man with a knife, Jackson Pollock, 1938-40 Untitled, Mark Rothko, 1947 The Yellow Cow, Franz Marc, 1911 Edvard Munch, 1894-5. Гнездо III, Глигор Чемерски, 2003 Петар Мазев