Барав ваква тема, не најдов. Вчера си купив експрес лонец. Читав дека брзо се правеле јадењата. Ај тие со иксуство споделето што готвите во него најчесто, колку често го користите, некои рецепти или совети. Било што би ми било од корист моментално. Освен манџи, сарми и грав што друго може да се спрема во него? Јас купив еден турски 1600 ден од 7 литри, баба ми ми го предложи оти на него гума не требало да се менува. Вака изгледа.
Јас немам. Мајка ми имаше на времето, не сум сигурна дали уште го користи а ако не зошто не. Знам дека покрај за другото редовно го користеше за правење чорби. Ептен и ги фалеа, дали од лонецот или од неа беше... . Значи телешка чорба со коски, чкембе чорба, кои захтеваат подолго варење па со ова се скратуваше времето на подготовка. Не знам каква марка беше нашето. Пробај направи нешто па сподели искуство.
Јас имам еден во кутија уште не почнат ,незнам зошто ама ми е страв со такво чудо. Мајка ми ,свекрва ми многу го користат и се задоволни,и вистина се скратува времето за варење . Можеби треба да му се земи редот и нема филозофија .
Аааа го сефтосав денес. Правев нешто полесно за почеток, манџа грашок со свинско мевце. Ми го бендисаа многу дома. Значи мисија успешна. Варењето се на се беше 15 минути .... и месото и грашокот беа идеално варени. Не ми се верува дека имав ручек за 30 минути од почеток до старт. Ќефови сум. Ќе пробувам и други работи, степ бај степ. Важно, од пусти страв, ко за прв пат, капакот го отворав со оклопи околу мене, и ракавици, наметки преку глава, за секој случај.... хахаххахахахха. Беше комично, ама барем видов дека не е ништо страшно
Ме охрабруваш и јас да почнам да го користам. И мене така ми стои во кутија. Додуша, имам и slow cooker, па се двоумам меѓу него и експрес лонецот, ама вториов ми е поевтина варијанта. Не знам со отворање/затворање како е, и јас исто ко тебе со оклопи изгледа ќе го отворам
Оставете го на ладна рингла 5мин, па тек после отворете.. е јас 10 го оставав, од страв де Ми кажуваше колешка на мајка ми како кокошката и завршила во таван, па затоа да не треба да го варосувам пак Добра опција е за варење месо.. Сепак, во него не преферирам да зготвам целосен оброк.. Сакам кога ќе го промешам уз варење, додадам зачини итн.. Кај моите имав еден експрес лонец од Бугарија купен пред многу години, душа му извадивме. Бренд - непознат
Денес направив кременадли. Прво ги намачкав со сенф и зачин за свинско месо, ги запржив во лонецот во врело масло од двете страни, да заруменат. Турив пола литар вода со зеленчукова коцка супа, ловоров лист и црн пипер. 15 мин во лонецот, плус 10 додека падне притисокот. Супер испаднаа, и не личат на варени. Меѓу печени и варени.
Ние го имаме. Одличен е за се, за храна и други работи. Нема да се разочарате од него,секако ако имате кој да ве подучи.
И јас имам од 9л е кај мене го имам една год и макс го користиме најчесто за дивеч стави го и заборај го јадењето така викаме ние за експресов сум готвела и кокошка фантазии излева наставај све и затворај телешко сега за малата сето го обарив во него .. за отварањето бев хит и јас на балкон првиот пат го отварав и одалечена од него и тоа пола сат го остаив да мирува и чекав некој да има околу за случај помош да ми треба
Јас не сум користела експрес лонец. Но, мајка ми и баба ми често готвеа во него. Ми се допаѓа вкусот на храната и сакам да експериментирам со садови. Предноста е брза и чиста работа, а сепак домашен оброк.
Многу одамна, кога колевме свиња, кога ги полневме фрижидерите за длабоко замрзнување, користев експрес лонец за да се свари главата од свињата, потоа го вадев лесно месото и правец во рерна на потпечување. Сега ретко го користам, тежок ми е за миење..инаку го употребувам за варење пченка и за зелка..
Јас максимално го користам експресот. На почетокот ми беше страв, ама сега немам гајле. Еве денес направив грашак. пред тоа сарма, компир манџа. Речиси се' готвам во него.
Му го зедов јас редот, готово омилен сад ми стана во кујната. И мм среќен, и ќерка ми јаде повеќе мевце вака, повеќе го сака... И јас побрзо готвам. Win-win
Жаки пиши од каде го купи. Јас каде и да видам под 100 евриќи нема експрес лонец. А не знаеш колку ме настрви
Има поефтини, турски, исто си ја бркаат работата. Дури и подобро, зошто на тие гума не треба да им с е менува.Барај по продавнички каде што продаваат чинии, тави, такви работи. Или ако си скопје на пластичарска побарај.
Имам сличен погоре на сликата, но е многу стар иако сеуште си ја врши улогата на експрес лонец. Сега ќе почнам пак да го користам со оглед на скратеното време на готвење, а денес и тоа како е потребно во извршување на секојдневните активности.
Експрес лонецот ми е најискористено нешто во кујна. Подарок од свекор ми Готвам се во него. Моите се германски и одеа комплет од 4 и 8 литри со еден капак. За жена, поготово вработена, експрес лонец е спас.. Ние кога го купивме наводно рекоа дека е единствен експрес лонец што нема ризик да пукне.. А за отварање, јас го ставам цело тенџере под чешма, кај рачката тука има едни како дупчиња од кај што искача воздухот при варење. Штом влезе тука вода нема потреба од чекање, одма се отвара.. Еве ваков е мојот.. Fissler Vitaquick се вика моделот..
Јас морам да прашам зошто сите се плашите од отварање?Мислите ли дека може да експлодира? Немам искуство , а со вашите мислења ме ставивте во двоумење дали да си купам.Особено кога ќе одам на работа вчерашно јадење не јадеме , а за свежо и брзо ми фаќа око
И јас се плашев, мислев којзнае што ќе се деси, ама ете не било ништо страшно. Кога ќе си падне тоа како копче надолу, значи нема веќе притисок, и можеш да до отвориш. Сега веќе ич немам страв