Експрес лонец

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од jacqueline.s, 10 јануари 2018.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    11.490
    Пол:
    Женски
    Барав ваква тема, не најдов.
    Вчера си купив експрес лонец. Читав дека брзо се правеле јадењата.
    Ај тие со иксуство споделето што готвите во него најчесто, колку често го користите, некои рецепти или совети. Било што би ми било од корист моментално.
    Освен манџи, сарми и грав што друго може да се спрема во него?
    Јас купив еден турски 1600 ден од 7 литри, баба ми ми го предложи оти на него гума не требало да се менува. Вака изгледа.
    [​IMG]
     
    На Esmeralda-MD, cresa-jagoda, chocolade и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Espadrila

    Espadrila Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    15.789
    Јас немам. Мајка ми имаше на времето, не сум сигурна дали уште го користи а ако не зошто не. Знам дека покрај за другото редовно го користеше за правење чорби. Ептен и ги фалеа, дали од лонецот или од неа беше... :). Значи телешка чорба со коски, чкембе чорба, кои захтеваат подолго варење па со ова се скратуваше времето на подготовка. Не знам каква марка беше нашето.
    Пробај направи нешто па сподели искуство.
     
  3. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    57.397
    Пол:
    Женски
    Јас имам еден во кутија уште не почнат ,незнам зошто ама ми е страв со такво чудо. Мајка ми ,свекрва ми многу го користат и се задоволни,и вистина се скратува времето за варење .
    Можеби треба да му се земи редот и нема филозофија .
     
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    11.490
    Пол:
    Женски
    Аааа го сефтосав денес. Правев нешто полесно за почеток, манџа грашок со свинско мевце. Ми го бендисаа многу дома. Значи мисија успешна. Варењето се на се беше 15 минути :o.... и месото и грашокот беа идеално варени. Не ми се верува дека имав ручек за 30 минути од почеток до старт. Ќефови сум.
    Ќе пробувам и други работи, степ бај степ.
    Важно, од пусти страв, ко за прв пат, капакот го отворав со оклопи околу мене, и ракавици, наметки преку глава, за секој случај.... хахаххахахахха. Беше комично, ама барем видов дека не е ништо страшно :D
     
    На Esmeralda-MD, cresa-jagoda, irenna и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    133.645
    Пол:
    Женски
    Ме охрабруваш и јас да почнам да го користам. И мене така ми стои во кутија. Додуша, имам и slow cooker, па се двоумам меѓу него и експрес лонецот, ама вториов ми е поевтина варијанта. Не знам со отворање/затворање како е, и јас исто ко тебе со оклопи изгледа ќе го отворам :lol:
     
    На Esmeralda-MD, kankus, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.624
    Допаѓања:
    135.158
    Оставете го на ладна рингла 5мин, па тек после отворете.. е јас 10 го оставав, од страв де:wasntme:
    Ми кажуваше колешка на мајка ми како кокошката и завршила во таван, па затоа:rofl: да не треба да го варосувам пак:angel:

    Добра опција е за варење месо..
    Сепак, во него не преферирам да зготвам целосен оброк..
    Сакам кога ќе го промешам уз варење, додадам зачини итн..

    Кај моите имав еден експрес лонец од Бугарија купен пред многу години, душа му извадивме.
    Бренд - непознат:lol:
     
    На Esmeralda-MD, cresa-jagoda, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    11.490
    Пол:
    Женски
    Денес направив кременадли. Прво ги намачкав со сенф и зачин за свинско месо, ги запржив во лонецот во врело масло од двете страни, да заруменат. Турив пола литар вода со зеленчукова коцка супа, ловоров лист и црн пипер. 15 мин во лонецот, плус 10 додека падне притисокот. Супер испаднаа, и не личат на варени. Меѓу печени и варени.
     
    На cresa-jagoda, irenna, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.619
    Допаѓања:
    103.746
    Пол:
    Женски
    Ние го имаме. Одличен е за се, за храна и други работи.
    Нема да се разочарате од него,секако ако имате кој да ве подучи.
     
    На cresa-jagoda и Annath им се допаѓа ова.
  9. Poppins

    Poppins Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.484
    Допаѓања:
    3.198
    Пол:
    Женски
    И јас имам од 9л е кај мене :tmi: го имам една год и макс го користиме најчесто за дивеч стави го и заборај го јадењето така викаме ние за експресов сум готвела и кокошка фантазии излева наставај све и затворај телешко сега за малата сето го обарив во него .. за отварањето бев хит и јас на балкон првиот пат го отварав и одалечена од него и тоа пола сат го остаив да мирува :D:D и чекав некој да има околу за случај помош да ми треба :D
     
    На Ava.84, cresa-jagoda, victoria и 3 други им се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    30.018
    Пол:
    Женски
    Јас не сум користела експрес лонец. Но, мајка ми и баба ми често готвеа во него. Ми се допаѓа вкусот на храната и сакам да експериментирам со садови.
    Предноста е брза и чиста работа, а сепак домашен оброк.
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980 и Annath им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.459
    Пол:
    Женски
    Многу одамна, кога колевме свиња, кога ги полневме фрижидерите за длабоко замрзнување, користев експрес лонец за да се свари главата од свињата, потоа го вадев лесно месото и правец во рерна на потпечување.
    Сега ретко го користам, тежок ми е за миење..инаку го употребувам за варење пченка и за зелка..
     
  12. Ana Marija 1

    Ana Marija 1 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    3.507
    Пол:
    Женски
    Јас максимално го користам експресот. На почетокот ми беше страв, ама сега немам гајле. Еве денес направив грашак. пред тоа сарма, компир манџа. Речиси се' готвам во него.
     
    На cresa-jagoda, Annath и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    11.490
    Пол:
    Женски
    Му го зедов јас редот, готово :) омилен сад ми стана во кујната. И мм среќен, и ќерка ми јаде повеќе мевце вака, повеќе го сака... И јас побрзо готвам. Win-win
     
    На joy1, Ava.84, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  14. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Жаки пиши од каде го купи. Јас каде и да видам под 100 евриќи нема експрес лонец. А не знаеш колку ме настрви :D
     
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    11.490
    Пол:
    Женски
    Има поефтини, турски, исто си ја бркаат работата. Дури и подобро, зошто на тие гума не треба да им с е менува.Барај по продавнички каде што продаваат чинии, тави, такви работи. Или ако си скопје на пластичарска побарај.
     
    На Annath, cresa-jagoda и irenna им се допаѓа ова.
  16. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    26.401
    Пол:
    Женски
    Имам сличен погоре на сликата, но е многу стар иако сеуште си ја врши улогата на експрес лонец. Сега ќе почнам пак да го користам со оглед на скратеното време на готвење, а денес и тоа како е потребно во извршување на секојдневните активности.
     
    На jacqueline.s, Annath и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    23.276
    Пол:
    Женски
    Порано по дома го користеа, мала бев и многу ми беше страв од него. :D
     
    На Matotheja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    6.662
    Пол:
    Женски
    Експрес лонецот ми е најискористено нешто во кујна. Подарок од свекор ми :lol:
    Готвам се во него. Моите се германски и одеа комплет од 4 и 8 литри со еден капак.
    За жена, поготово вработена, експрес лонец е спас.. Ние кога го купивме наводно рекоа дека е единствен експрес лонец што нема ризик да пукне.. А за отварање, јас го ставам цело тенџере под чешма, кај рачката тука има едни како дупчиња од кај што искача воздухот при варење. Штом влезе тука вода нема потреба од чекање, одма се отвара.. Еве ваков е мојот.. Fissler Vitaquick се вика моделот..

    Fissler_Vitaquick_Quattro_Set_1_1000.jpg
     
    На joy1, victoria, jacqueline.s и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Ava.84

    Ava.84 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    20.329
    Пол:
    Женски
    Јас морам да прашам зошто сите се плашите од отварање?Мислите ли дека може да експлодира? Немам искуство , а со вашите мислења ме ставивте во двоумење дали да си купам.Особено кога ќе одам на работа вчерашно јадење не јадеме , а за свежо и брзо ми фаќа око:)
     
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    11.490
    Пол:
    Женски
    И јас се плашев, мислев којзнае што ќе се деси, ама ете не било ништо страшно. Кога ќе си падне тоа како копче надолу, значи нема веќе притисок, и можеш да до отвориш. Сега веќе ич немам страв :)
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.