Јас да пријавам дека најдов експрес лонец и тоа тој турскиот го нарачав од Нама за 1300денари. Денес правев манџа од телешки ребра и многу вкусна беше, месото за мерак, се топеше. Имам смрзната селска кокошка, е тоа ќе биде вистинскиот тест Danke @jacqueline.s ти ме настрви
Ех, каква кокошка сум направила во саботата... лепота. Ама не беше селска (граЦка беше, хахаха) и не беше смрзната
го пробав денес.Телешко со компир варев.Поубаво телешко немам јадено во живот.За 35 мин се свари месото до распаѓање дури.Компирот се топеше во уста.Пропржив малце кромид,морков и домат.Ставив 6 цели шницли телешко и неколку компири на пола сечени,зачини и мал филџан вода.Ни запршка ни ништо.10 тина мин го оставив настрана да олади ,отворив и јадевме .За утре ќе пробам грашок со пилешко.Верувам уште побрзо ке се свари тоа.
Грашок со пилешко, не повеќе од 15 минути, инаку преварено ќе ти е Јас прво ставам на најјако додека почне на шишти лонецот, после намалувам на единица и мерам 15 минути време.
И јас имам дома експрес лонец ама од старите типови некој да сподели искуство каков е за работа ниеднаш не е користен а баш сакам да го пробам .
Решив денес да го сефтосам, ќе правам мисиркино со грашок. Да ве прашам, дали некоја готви на плин или само на струја? Дали е исто готвењето во експрес лонец на плин со ова на струја?
Баба ми готви во експрес лонец на плин. Исто е. Прво пушташ на појако додека се направи притисок, па намалуваш на најтивко.
Морам да си кажам, вчера за пола саат имав ручек кој буквално се топеше во уста. Ама вистинскиот тест е денес, со домашно пиле, обично суво и тешко е за џвакање и после неколку часа варење. Сега моментално вари, па ќе видиме како ќе испадне. Е сега, за плинот - имам комбинирана плоча, со плин и на струја. Експрес лонецот го ставив на помалата, на најмала јачина на пламенот, оти на големата плинска рингла и најмалата јачина на пламенот е некако пресилна, многу голем притисок се создава, па пропушта и вентилот иако е затворен.
Да ви се пофалам, денес правев мисиркини копани. Одлични испаднаа, ги готвев 30 мин. Прво ги зачинив, па ги запржив во лонецот (без капакот) за да добијат убава боја. Ставив вода и ловоров лист, го ставив капакот и 30 мин на тивко.
Jas gotvam na plin,i ekspes lonecot epten go koristam.Brzo i vkusno jadenje.Ekspres lonecot go imam oddamna i go koristev i vo Mk.i si do donesov i ovde.I vo Mk.gotvev na plin. Edite izvinuvam na latinicata,nemam mk.podrska Ili da go ostavis sam da se izladi ili pod mlaz ladna voda vo sudoper da tece vrz kapakot.Koga ke ispusti vozduh i ke bide labav kapakot ke mozes da go otvoris. Mojot normalno vreme sam da se oladi e 20 min.nekogas nemam tolku i po brza postapka pod voda.
кај мене има копче кое се крева кога почнува внатре да врие и тогаш намалувам.И истото се спушта кога треба да го отворам лонецот
Така и правам, чекам да се олади. Или под вода. Пилешкото го помина тестот, за еден час се свари супер... не беше баш ептен меко и сочно какво што сакам, ама помеко отколку да го варам неколку часа без прекин и далеку полесно се џвакаше. Вчера имав телешко со зелка, исто супер излезе. Ама немав мера за водата, малку повеќе ставив, потечна ми излезе. Заборавив дека не испарува како кај обичните тенџериња. Ќе морам да се научам да ставам помалце течност.
колешка моја работи со Фагор продукти.Преку неа го зедов.Околу 6000 ден беше ама даваат и на рати преку нив