1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Експрес лонец

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од jacqueline.s, 10 јануари 2018.

  1. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    7.313
    Пол:
    Женски
    Јас имам ваков само поголем. Во врска со што не ти е јасно? За користење во внатрешноста имаш MAX и до таму можеш да ставаш течност. Црното копче на капакот треба да го подигнеш нагоре за да испадне воздухот па да го отвориш капакот.
     
  2. Mila1990

    Mila1990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу на одговорот. Ме интересира уште нешто, прочитав во упатството дека додека да зоврие, црното капаче треба да е подигнато, па потоа се спушта. Дали е така правилно? Поздрав
     
    На luna. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    7.313
    Пол:
    Женски
    Мене од сам старт ми е спуштено. Од кога ќе зоврие почнува да испушта звук да свири/шушта тогаш ќе ја намалиш јачината на ринглата и од кога ќе почне да шушта ќе гледаш колку време треба да готвиш( јас вака правам- за пилешко 5мин, за свинско 20мин и за телешко-30мин). После тоа тргаш од рингла и чекаш уште некое време пример 20-30мин, ќе видиш се слуша дали уште вари внатре ако не вари го подигаш црното копче нагоре( доколку е сеуште под многу јак притисок ќе почне многу јако да го испушта, тогаш ќе го спуштиш пак и ќе пробаш пак по некое време) кога ќе го испушти убаво воздухот го отвараш капакот и толку.
     
  4. Mila1990

    Mila1990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Фала уште еднаш многу за деталниот одговор.Поздрав
     
  5. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Гледам темава одамна не е активна.
    Сакам да прашам дали некој го има експрес лонецот на Делимано?
    Доколку има таков нека ми пише сакам да го прашам нешто
     
  6. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да прашам дали го купивте и како сте задоволна?
     
  7. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    Го купив, но моментално така ми стои.
    Го користев за варење на месо кога правев кашички за ќерка ми.
    Чудно ми е некако, или јас не знам како да го ракувам.
    Пена од месото не смее да има, зошто се затнува вентилот и прска од сите страни.
    Прво го ставав месото така да зоврие, па ја фрлав таа вода, па потоа го затварав.
    И временски не се вари колку што пишува на упатството, туку подолго.
    Не знам дали се исплати.
    Сигурно јас не знам да го ракувам, ама тоа со пената, баш ми е безвезе.
    Нека пише некој што знае убаво како се ракува со него, па да ме просветли.
     
  8. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    Moze da go sliknes ,za koj lonec se raboti,jas sakam mulicuker da kupam.
     
  9. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Благословен да е тој што го измислил.

    Мајка ми сигурно едно 30 години користи.
    Јас како експрес домаќинка, која не сака многу да губи време во кујна, спас невиден ми е.
    Она што 2 часа треба да го правиш, во експрес лонец е за 30 - 40 мин. готово.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    А каков експрес лонец имате?
     
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Сега имам некој германски, ама пред него сменив 2 турски (слаб квалитет имаа и тоа гумата кај капакот ми се скина).
     
  12. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    Може да ми објасниш за месото, како го приготвуваш во експрес лонецот?
    Не ти излегува пена?
     
  13. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2021-11-21-23-33-26-195_com.google.android.googlequicksearchbox.jpg
    Овој го имам јас.
     
  14. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Месото го ставам во лонецот, ставам малку масло и го запржувам од сите страни да фати браон коричка ( ова без капакот, се разбира ). Налевам вода, нешто над парчето месо, ставам целер, морков, пашканат, ловоров лист, зрна бибер, карафилче ( по избор, може и без ништо, само вода, јас ја користам водата од месото за ориз или нешто друго ). Затвораш капакот, пушташ на најсилно, чекаш да почне да пишти пареа кај вентилот, намалуваш температурата, да нѐ фиучи толку, нема потреба на јако, туку на умерена температура.
    За парче јунешки мускул на пример, потребно е околу 35 мин. варење.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу.
    Сега ми е јасно, треба месото прво да се запржи.
    Јас само го варев, дека за бебе за кашички ми беше, па ако не ја фрлав првата вода, од пената се затнуваше вентилот, и излегуваше од сите страни.
     
  16. svekaroska

    svekaroska Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Јас никогаш не запржувам месо,и мене ми излегуваше пенадодека не ме просветлија:)За телешко месо вода мин.или колку може помалку зошто пени и од тогаш не ми се десило тоа
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Можеби од тоа што ставате многу вода и под јака температура, затоа ви пенело.

    Месо не мора да е запржува, јас така правам затоа што така ми е повкусно :D
     
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    17.141
    Јас имам трауми од експрес лонецот. Прв ручек во новата кујна, не знам што се деси ама додека го отворав ми експлодираше. Пола ручек летна во сред соба:rofl:
    мм во тој момент занесен на мобилен, шлог доживеа не знаеше што го снајде. Имаше ксмет што не го испогорев. Од тогаш и го дадов на Свекрвица малку и она да право манџа парти:rofl: а јас се префрлив на мултикукер8)
     
  19. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    713
    Допаѓања:
    1.832
    Пол:
    Женски
    Дами домаќици што имате Делимано експрес лонец, го користите и вреди ли? Сега е 6.400 се мислам да го земам ама дали вреди или да пробам со поефтина опција прво? Со две деца готвењето хорор ми стана, дур се успало бебе, па на бато му требам, па бебе станало, ручекот најчесто вечера ни е.. мислам дека експрес лонец ќе ме спаси за манџи, и мајка ми има 20 и кусур години - за јадења со месо знам дека многу го користи. Само ценава ме изненади, а не знам дали е добар
     
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Јас два имам, види поназад имам споделено. Едниот го купив 1500, 7 литарски, па од што бев презадоволна зедов 5 литарски ист. Ене ги години ги имам, и да ми се расипат пак исти ќе купам. Не ми се дава толку искрено за експрес лонец кога и ефтините ја бркаат истата работа.
     
    На Anaksunamoon му/ѝ се допаѓа ова.