Купив, евтин турски, со надеж дека материјалот е безбеден за бебе. Тој капакот чуден, некој еластичен материјал Уште сум до читање упатство, утре сефте ќе правам со телешко за бебе кашичка
Турските се супер, со здравје да го користиш. Ич да не се секираш за безбедност, нерѓосувачки челик е како и сите тенџериња.
Може ли да споделиш како го користиш за кашички со мевце, можеи некој брз рецепт да пишеш и која марка лонец
Каде да барам експрес лонец по нормална цена? Порано знам капакот им беше обичен а сега ми рекоа имало лонци каде капакот се превиткувал?! Ако добро кажав
Некоја турска, ја фрлив одма кутијата ама ги има скоро секаде. Кашички најчесто го варам месото само си вода, а настрана зеленчукот оти побрзо се вари или го ставам на пареа. На беба омилена ѝ е телешко со компир, морков, кромид, целер или пиперка. Можеш да мешаш и со сладок компир, брокула, карфиол..
Го добив на подарок. Некоја ако има искуство со конкретниов модел да ми појасни малку околу користење ќе може? Или сите работат на ист принцип?
Ја прочитав темава и видов дека мора да се подизлади лонецот пред да го отвориш. Тогаш, како знаете колку време му треба на јадењето? Јас секогаш кога готвам ѕиркам до каде е.
Треба да, да не дојде до "експлозија" . За секое јадење на упатството пишува одприлика колку време му треба да се зготви. Јас го научив веќе и само во него готвам. Многу лесно и практично
Фала, а за варење манџа како правиш (дека на месото вообичаено му треба подолго отколку на зеленчукот)?
Се наеднаш ставам, и се се готви во исто време. Баш вчера правев грашок со јунешко. Ставам главица кромид, морков, пиперка, компир, грашок, јунешко, вода до минимум кај што е означено зачини и малку томатело. За 35,40 минути се распаѓа месото и другото е супер зготвено. Некогаш сецкам зеленчук а некогаш кога ептен ми се брза ставам се како што е внатре па одкога ќе се зготви го блендирам.
Дали не е добар лонецов или јас не знам да го работам. Голем е 7 л. Ставив вода до минимумот што пишува со месо. Уклучив на најјако. Дури после 20 мин се загреа и почна да испушта пареа кај што е дупчето кај рачката. И намалив. Нели треба на средината да испушта пареа тоа што е со повеќе дупчиња? Дали прерано го намалив па не створи доволно притисок за да почне да пушта пареа?
Штом пушта да шушти го намалувам на пола од јачината( на пример 9 е најјако кај мене, на 5 го местам или 6) и го оставам 1час да работи на рингла, после тоа си стои на исклучена. Тоа ако ставам свинско замрзнато месо или коска. Ако е копан или кокошка само 5мин од кога ќе почне да шушти и одма исклучувам и тргам од рингла бидејќи ќе се распаднат. А за тоа со колкава јачина излегува пареата и не запазувам.
Сум заборавила да прикачам слика..... дилемата ми е дека многу време му требаше да загрее и пична да пушта пареа кај едно дупче кај рачката а не кај вентилот на средина, што всушност го регулира притисокот.
Па да треба време дури да почне да испушта пареа и кај мојот што го имам. Тоа што е вентилот што го регулира притисокот од таму испушта пареа кога го подигам за да ја испушти цела пареа за да можам да го отворам.
А не треба да излегува пареа од тоа на средина? Изгледа не се загреа доволно. Оти пола саат беше на шпорет и кога подигнав на средното минимално шушна и толку.
Кај мене на рачката нема дупче туку до копчето за вентил што е да се испушта воздухот до него има едно кругче и од таму излегува пареа дури се вари. Од кога ќе почне убаво да шушти, намали ја тт на ринглата тогаш и едно 45мин нека се вари, ( повеќе или помалку, зависи што готвиш)
Јас така на почеток исто. Според мене прерано си го намалила. Прво испушта пареа на средината ( од едно дупче) и за кратко ја снемува. Па после тоа за многу краток период се крева индикаторот за топлина и почнува да шишти пареа од тоа со повеќе дупчиња како што пишуваш(вентилот). И тогаш треба да се намали температурата. И во текот на готвењето ќе се слуша по малку шиштење од тоа со повеќе дупчиња. Се надевам ти објаснив
Ќе пробам денес пак ако не враќам. Имам тест период . Ама башка и многу е голем 7 литри. Пример само за варење месо би бил инаку манџи внатре не. Минимумот за течност е скоро 3 литри. А ние дома едни јадачи . Да се едитирам: почна да ми капе вода кај рачката сега дур врие. Нормално е? Ама бааги му треба да загрее нели и да почне врие.