Сите обично користиме екстензии за screenshots, но има и многу други што ги прават Chrome и Firefox поефикасни. Да си дадеме препораки? ____________________________________________ Да почнам: За Chrome: 1. AdBlock - блокира реклами. Гледаш видеа на Јутјуб без досадните реклами, и не ги гледаш банерите и останатите реклами на сајтовите што ги прегледуваш. За време на избори посебно, СПАС. 2. Strict Workflow - екстензија за продуктивност, која работи на Помодоро принципот. Кликнуваш на икончето и кога си во работна сесија, сите сајтови што одвлекуваат внимание се блокирани. Пример, си местиш да не можеш да пристапиш на Фејсбук, Фемина, Твитер, BoredPanda, и други сајтови на кои планираш да се задржиш неколку секунди а остануваш цел саат. Таа работна сесија трае 25 минути. Потоа добиваш 5 минути одмор. Се’ ти е достапно и можеш да ги користиш тие 5 минути како сакаш. Препораката е после 4 работни сесии да направиш подолг одмор од 15-30 минути. Да ви кажам, ова функционира. Навистина подобро се фокусираш зашто 25 минути не ти изгледаат ко долго време и за таа работна сесија сум многу поефикасна. 3. StayFocusd - уште една за продуктивност. Сам местиш колку време во текот на денот ќе си дадеш за сајтови што не сакаш да ги посетуваш многу, а те влечат. Пример - фемина еден саат. Откако ќе помине тоа време, сајтот е блокиран. 4. Honey - ти наоѓа купони за попуст. Кога посетуваш сајт за онлајн купување, екстензијата автоматски пребарува купони. Кликаш на икончето за да ги видиш купоните. 5. Momentum - се отвара на секој нов таб. Убава слика со мотивациона порака и потсетување на целта што си ја поставил за тој ден. Си поставуваш цел, пример - да завршам со работа до 18 часот. На секој нов таб те потсетува, па помала е веројатноста дека ќе отвориш Фејсбук наместо Гугл Докс. 6. Google Calendar - веројатно сите користиме Гугл Календар, ама екстензијава го прави подостапен и повидлив. Календарот си доаѓа со дополнителни екстензии, како Checker Plus на пример. _________________________ За Мозила: 1. uBlock Origin - за блокирање на реклами, исто ко AdBlock погоре. Истата е достапна и за Хром. 2. LeechBlock - за продуктивност. Многу слична на StayFocusd од погоре - си местиш колку време ќе си дадеш на различни сајтови, а потоа не ти се достапни. Разликата е - имаш сесии во текот на денот. Пример, до 12, од 12 до 3, од 3 до 5... Во текот на тие делови од денот можеш да си дадеш 15 минути за Фејсбук, на пример. Како ви одговара така ќе си наместите. Спојлер: Заборавив да прашам Абе да не има ваква тема? Пребарав, не најдов.
Strickt Workflow треба да го пробам зошто дур учам поќе твиткам него шо учам. Доколку не би твиткала бар ќе научев.