Ова за сите училишта или само за основци? На другарка ми, професори и' кажале дека за средно образование, оцените ќе бидат објавени периодот од 27, до 28 јуни. Кај мене никој нема сигурни информации.
Богами ептен ми е страв Сведителства ќе добиеме на 28 исто,мислам претежно сите тогаш ќе добијат сведителства.Инаку на која страна може да се видат резултатите?
Е-дневникот не е достапен можеби ги внесуваат оценките од министерството. Ние требаше да ги земеме свидетелствата на 25, ама директорката сега кажа дека уште ги немале добиено оценките од екстерно и ќе ни ги давале покасно.
Па на е-дневникот би требало да ги објават,ама тоа можат да се видат ако и вие имате отворено ,,aкаунт'' на е-дневникот..а за тоа да имате акаунт треба класниот раководител на секое одделение на секој родител да му направи (зошто сами вие не можете),ама мојава класна ништо за тоа нема споменато.Но добро е што мајката на мои блиски другарки е наставничка па често го отвораме заедно. A дали ова сигурно?
Резултатите во нашето училиште се објавени утрово, веројатно и во сите останати. Инаку да се пофалам и математика и историја имам 5-ки. Ќе си умрам од среќа.
Да,да објавени се! Ама мене ми е далеку училиштето,ќе се снајдам некако преку школски што живеат близу.
Одговори на прашањата од екстерно Колку се заебавме на екстерново од тие страните на интернет ја се препишав и пак 4 по физика, а ликовно па исто се препишав и 3. За следната година да си знаеме да не препишуваме од тие секакви страни. Воа за памет....
Двете ми се 5ки! (Биологија и Хемија) Спојлер Малку офф топик: Воопшто не е фер каква тортура врши наставничката по Биологија врз мене. Само таа ми ја остави 4 баш заради тоа дека сум се тестирала по нејзиниот предмет и фактот дека ме мрази од дното на душата.И имаше уште едно девојче од моето одделение кое многу се милуваат со биологија и секако има 5ка,а на есктерно плачеше дека не ги знаеше прашањата...јас влегов и и ги кажав.И потоа збореше наставничата со мајка ми и и вика ,,Кога **** (името на девјчето) плачела дека не знаела а што може па Рејчел? А она воопшто не знае дека јас и ги кажав и можеби извадила 5. Толку ме омаловажува како да сум последна дупка од шупелката. Немам веќе нерви 4.93 успех ми е само ради таа оценка.
^ па не си морала да и кажеш на екстерното.И сама напиша дека има 5, а за 5ка мора се да знае од материјалот.
^^^ На училиште,на влезна врата. Да ви се пофалам,за сестра ми. Ги доби и двете 5ки.По англиски и класична култура.За англиски знаеше дека ќе има 5,ама К.К.Е.Ц. ништо не учат,низ годината.Така им ги пише отценките.И сега одговорите ,му ги дал грешни т.е. стручни одговори со некои ЧКЉ зборчиња.Епа да ве почастам,тоа ме разбуди во 10:30,заради тоа. Спојлер
И мене ми се двете 5ки хемија и математика. Спојлер Инаку Рејчел и ја сум во иста ситуација.Сите ми се 5ки освен математика 4ка ми остави бидејќи сум полагала екстерно.Тоа и е само изговор бидејќи наставничката ме мрази,лани немав екстерно математика па пак 4ка ми остави,а другите 5ки.Така да уживај си,сега и докажав кога извадив 5ка на екстерното па ќе видиме на кого она четворка ќе ставала.