Не ми е јасно зошто сега, откако заврши се', не ни ги кажат точните одговори? Барем да не си ги тупиме главите каде сме згрешиле, и мислам дека така помалку приговори би имало.
Вчера ги пуштив децата да се пронајдат на списоците и се вратија среќни, имале петки. Е добро, ок, глеам мм се радуваше нешто, а ја не му се потресов на тоа екстерното ама ич, мене екстерното тестирање не ми е мерило за знаење.
абе колку и да не е мерило на знаење според мене треба да искажеш радост спрема децата,сепак 5ки се,јас би била тажна ако на мајка ми и е сеедно што оценки донесувам дома
ја НЕ РЕКОВ ДЕКА НЕ ИМ СЕ ИЗРАДУВАВ, реков дека за целиот процес не се потресов многу, а истот важеше и за моите деца.Не сакам да им ставам до знаење дека светот се врти околу петките на екстерното, туку околу целокупното знаење и разбирање на материјалот кој го учеле во текот на целата година.
Тогаш јас математика треба да имам 4ка.Пред да стиснам крај на тестот сите прашања ги проверив и во сите кои бев 100% сигурна ги запишував.Имав точно 20 точни прашања што значи 4.Дури дома со мајками ги издвоивме кои прашања беа на тестот и со учебникот сите ги решивме и испаднаа 20 точни и како може 3ка?А за приговор не поднесувам зошто колега на мајками поднел приговор и му рекле 200 денари од прашање/задача. Тоа е секогаш има врски секогаш некој ќе направи некоја мучка и пак по нас удри.И од сега не се замарам јас подобро знам што сум научила или тие од министерство?Мајками не ги оправдува овие тестови затоа што по Англиски правевме годишен, по Македонски годишен, по Француски годишен и по Математика годишен.И математика на годишниот извадив 5ка а на екстерно 3ка.
Од 23 поени почнува 5-ка. Ова ви го кажувам со 100% сигурност, бидејќи кај нас на списоците имаше максимум поени и освоени поени, и сите со 23 точни прашања имаа 5-ки, а тие што имаа 22 поена имаа 4-ки.
Македонски 4, математика 3. Е па сеа тоа е... Него математикава еј! Не можам да мрднам од 3че 3 години! Тоа ми е константа.
Доказ дека немам ни малку среќа ми е екстерново. Ништо, помирена сум. Значи секој, буквално секој можеше барем на среќа за тројка да напише. Ама не бе, за Џени 2 или 3 е луксуз.
И кај нас немаше. Кај нас не беа истакнати туку наставничката по граѓанско ми кажа дека за еден бод ќе сум имала петка.Мислам дека во ниедно училиште не се истакнати бодовите и погрешните прашања.