Го земав и свидетелеството. Просекот ми е 5,00. Спојлер Знам дека е офтопик, ама не знам каде на друго место да пишам
Помалку познати факти од типот на: ако ликовно ти е џабе губење време дур го пишуваш постов можеше да си читнеш страничка по хемија. Let's get back on the topic: И оваа година се докажа колку всушност екстерното тестирање не ефикасно. Препишување, не совпаѓање на системот на екстерно со образовниот and so on and so forth.
Не сакав да пишувам на темава, затоа и малку доцнам. Првиот предмет ми беше математика, која доста добро ја владеам. Вежбав тие два дена, ги изрешив повеќето задачи. Но, на екстерното ми се паднаа само 3 прашања за кои не беше потребно многу размислување, а другите 27 беа задачи, а на некои од тие се задржував и по 3-4 минути. На крај немав време да ги дорешам сите, па 5-6 на среќа ги кликнав. Потоа дознав дека на некои им се паѓале и по 10 и повеќе прашања. Исто така, од сите тие што не тестираа само јас си ги решавав задачите, другите лично ми се пофалија колку препишале и колку не им било гајле на тестаторите. Во класот сме 26 ученика, од кои математика беа тестирани 23. Имаше околу 15тина петки, можеби 5 четворки (меѓу кои и јас) и 3 тројки. Најмногу бев изнервирана од тоа што петки имаа ученици кои едвај извлекле 2че за на крај. И уште се нервирам, затоа пишувам толкав реферат. За вториот предмет ми се посреќи (конечно), ми се падна социологија, а јас претходно ги одговорив прашањата по тој предмет. Имаше некои со двосмислени одговори, или пак 2 точни, но се на се добро помина и си извадив 5. Сега баш ме интересира зошто во некои училишта имало истакнато и бодови,а кај нас немаше? Демек некои заслужуваат да знаат, а некои не?
Англиски 5 Хемија 4 Касно си кажувам амаа ајде. Иначе слушнав оваа година ќе имало казни за наставниците по 3 илјади изг ама не сум сигурна и оваа година класниот ми кажа 4 предмети ќе сме полагале
Колку ли само се нервирав за ова екстерно. Првото екстерно ми се паднаа математика и македонски. Тогаш учев, учев и учев, и на крај извадив две петки. За второто екстерно не се замарав којзнае колку, но сепак ми беше страв. Ми се паднаа биологија и физика. Добро е што ги имавме прашањата, а баш по биологија ги имав одговорено скоро сите, а тоа ми беше и најлесно. Исто и на тоа екстерно имав две петки.
Девојки, јас имам да прашам нешто за екстерното за четврта година, средно (стручно). Доколку имаме бизнис два часа неделно, тоа се 200 прашања, но за крајот од учебната година. Нели полагањата ќе се спроведат јануари/ февруари. Тоа значи дека ќе ни ги преполоват на 100 бидејќи сме до пола со материјалот или и на овој материјал ќе имаме 200 прашања?
Нема логика да бидат 200 прашања. Од кај ќе го знаете материјалот кој што го немате учено?! Ќе бидат 100 прашања, е сега дали ќе биде една лекција плус или минус не игра многу голема улога. И полагањето ќе биде одма после распустот.
Чекај, не сме се разбрале. Јас не реков дека ќе одговараме на поставени прашања од материјал што не сме го учеле. Прашав дали од овие теми што досега сме ги зеле, минестерството ќе извлече 100 или 200 прашања. Тоа ме интересира. И јас мислев дека ќе ни постават 100, се' додека професорка на час не ни кажа дека ќе имаме вкупно 200 прашања за одговарање (секако, само за материјалот работен во прво полугодие). Како и да е, фала ти за одговорот.
А јас пак друго те сфатив, небитно. Иначе јас како што знам би требало да бидат 100 прашања, незнам зошто професорката ви кажала 200..
Ќе бидат 100 прашања, можеби и помалку и ќе бидат прашања само од учениот материјал. Веројатно поголемиот дел ќе се повторуваат.
Значи сега ние матурантите ќе полагаме матура на полугодието.Ме интересира кога ке пристигнат прашањата за екстерното бидејќки нели лани стигнаа пред да се полага и 3 дена пред твојот датум ќе ти кажат по кој предмет полагаш.Годинава како че биде?