Ако ги има или знае некој одговорите екстерно македонски и математика за седмо, го молам да ми ги даде. Или пак ако некаде се постирани ако можете дадете ми линк Фала однапред.
Лани од втори започна затоа што први се паѓаше недела мислам. Би требало сега од први да почне. А ние правиме хемија и физика тест на први и втори. Аман! Инаку, да не знаете кога ќе ги дадат датите?
Како така ви закажале тестови за тогаш? Многу пред тоа кажаа дека со почетокот на јуни ќе почне и екстерното, и логично секогаш е тогаш. Кај нас нема тестови од 1 јуни натака плус и кога полагаме тој ден не се оди на настава. Инаку иако 1 јуни е понеделник, и оваа година ќе почне од 2ри до 10 јуни, веројатно затоа што така направиле распоред. Со среќа нека ни е на сите
Да бе и јас имам тестови на први јуни и во случај ако бидам тестиран на први треба после да одам на час за да го направам тестот
да не случајно некоја од вас ги има одговорено прашањата по музичка уметност за.прва година стручно затоа што со гимназиско се различни прашањата...
И јас имам тестови на 1ви и 2ри јуни, а имав и минатата година. А инаку и јас знам дека тестирањето ќе почне на 2ри.
Е убаво ви е вам. Ние секој ден лани одевме лани од први до десетти, демек ќе си имало редовна настава, а нема врска, само очи си мачкавме. Наставниците сите тестатори, само бевме напикани сите во библиотеката цели денови читавме. Така е најубав принципот. На школо одат тие што се тестираат, другите седат дома и учат за нивното тестирасње. А сега тестови ќе сме правеле, во кои училници, со кои наставници, со кои деца!? Ај да видиме баш како ќе излезе.
Минатите години, три дена пред екстерното ги објавуваа предметите, ако не се лажам. За 2014 сум сигурна, но не се сеќавам за претходната. Знам само дека прво ни дадоа едни предмети, па потоа ги сменија. Кога ќе се објави списокот кој кога ќе биде тестиран, во училиштето треба да се распределат учениците по училниците и да се знае кој од кој термин е. Треба да најдат начин да не известат од училиштата кој, каде и во колку часот ќе полага, и да не остават три дена да не одиме на училиште за убаво да се подготвиме. Прашањава се тотално безвеза. Ги одговорив само по неколку предмети, нецелосно. Ми останаа околу 30 од секој предмет. Се надевам дека ќе се падне нешто лесно, сепак оценката стои на свидетелството и го расипува просекот. + И ние немаме тестови од 1 Јуни па понатаму. Се знае тогаш ќе биде екстерното и не ни закажуваа.
Не не, не ме сфати. Не седат сите дома, туку на денот кога полагаш ослободен си од настава, тоа стои и од МОН, а останатите што не полагаат тој ден, без разлика дали полагаат наредниот ден или по 1 недела имаат редовна настава.
Нас ни кажаа дека оваа година наставниците немале да влагаат во училниците каде што ќе се тестира туку ќе имало некоја инспекција (иако јас не верувам баш во ова) така да сите наставници ќе учеле со децата што ќе го полагале нивниот предмет, а оние одделениа на кои им закажачле тест ќе праеле тестови во училниците без компјутери. Ама стварно сега кај екстерново, не преоптоваруваат да учиме и за други тестови..ама нив не им е гајле.
Јас колку што знам на 27ми ќе ни ги кажат датумите, а во моето школо минатата година термините и во која училница ќе бидеме ни кажуваа кога ќе ни ги кажеа предметите. Ама тие три дена одев во школо а имав и тестови