Дечки, датите се објавени. Овде можете да ги погледнете. Јас сум на трети и петти. Не сум искрено многу задоволна бидејќи ќе немам многу време помеѓу двете тестирања. Инаку @jolo, и кај нас е така, нормално дека ќе си ослободен. Јас те разбрав дека никој не оди. Во ред, нема врска. Инаку уште мислам дека нема да биде изводливо, ајде нека е. И тоа за инспекциите, и лани „имаше“, а сепак наставниците влегуваа, така што џабе е инспекција, ексерново е е еден обичен циркус, само колку да има нешто.
^ И јас сум на истите датуми. Ако не се лажам поголемиот дел се така. 2 и 4, 3 и 5... не сум сигурна.
Ма нека иде све у ..Се тестирам на 2 и на 5 а ниедно прашање од ниеден предмет немам..Ужас..Иначе резлутатите за предмет се изгледа 3 дена пред да започне тестирање,најверојатно сабота
Не се секирај, и јас немам ниту едно прашање исфотокопирано ниту одговорено.... кога ќе ми кажат што се тестирам, тогаш!
Мене денес во школо ми кажаа дека денот на тестирањето е 4ти од коа ќе ти го кажат предметот. Така да мислам ќе ти објават во сабота односно петок навечер после 12
Што се случува со страната за електронско тестирање бе? Несака да се отвори... да не прават сега некои измени...