1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерни тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Wild.Child, 26 октомври 2010.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.576
    Пол:
    Женски
    Секако дека сум против екстерните тестови. Нормално ли е да правиш тест на цел материјал од цела година и тоа без да знаеш за кој предмет се работи??? Без навреда ама не знам со кој памет викате дека сте за. Што сме ние учениците бе, машини? Да повторуваме материјал од цела година од 15 предмети??? :o :@

    П.С. Од средните училишта екстерни прават само стручните. (фала богу) :D
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ^ Ова за средните училишта, дека само стручните прават екстерни годинава - не е точно.
    Моето средно е избрано за пилот екстерно тестирање, а впрочем учам во гимназија.

    А јас сум нормално против екстерните тестови, затоа што со нив во никој случај не може да се утврди знаењето на ученикот. Многу глупав концепт имаат. И како што прочитав низ странициве наназад, демек со тестовиве ќе си видело кој колку вреди. Апсолутно неточно! Се постигнува еден контра-ефект!

    Тестирањето ќе се изведе нели електронски, на компјутери.
    За секое прашање ќе се има по минута време ми се чини, со заокружување.
    Ако за таа една минута не го одговориш - одма се преминува на следното.

    И многу ме интересира, што ќе се случи пример ако не дојдеме на тестирањето?
    Не дај боже се разболиме или во краен случај се деси нешто доволно големо за да не спречи да присуствуваме. И што потоа?

    Малце ми е глупичко сето ова, ама ај..
     
  3. Rna

    Rna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    63
    Лелее ние на 24 декември ке имаме екстерно по математика и хемија .. :( :/
     
  4. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    Jaс несум против ама несум ни за,па децата машини ли се,да го памтат целиот материјал :fubar: Знам само едно,дека ќе им биде тешко...
     
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Mожно е да нема екстерно во некои основни школи ?

    Нас ништо не ни кажаа,да не ни тупнат така изненадно,па да биде смешки. :^)
     
  6. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Општи прашања

    Да не им е ова пробно па на крај од годината да бидат екстерните?
    Знам за средно од 1 до 3 ќе полагаат на крај.. а се спомнуваше нешто и за пробни пред полугодие..
     
  7. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    ^ Да де,знам за средното.Него еве Памелче утре прават екстерно математика,уште неколку деца што ги познавам од други школи прават екстерно утре.А нас ништо,ама баш ништо не ни кажале.Си викам да не ни дадат така,па после ко преживи причаче...
     
  8. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Кај нас у Струмица како што знам во средните школи ке нема, учам во стручно школо, а имам другар иста струка кажи речи сме,само што он учи во Штип, они утре ке имат екстерни тестови :?: , кај нас ништо до сега не се ни кажале, посеизгледа ке немаме оваа полугодие.
     
  9. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Пробно е ова. Нема да прават сите школи, ни нас ништо не ни кажаа. :)
     
  10. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Во моето училиште од денес започнаа пробните екстерните тестирања и ќе траат до вторник. Основно сум.
    Од 4то до 8мо одделение сите полагаат математика и уште еден предмат што на секоја генерација е различен. Тестот ке биде електронски и на заокружување. Се полага 60 минути. Околу 10 минути пред да започне тестирањето ке ни бидат дадени шифри и лозинки со кој ке добиеме пристап до тестот. Секој ученик ќе биде тестиран. Во секоја училница ќе има по 1 тестатор што ќе биде наставник што е вработен во ушилиштето, а други тестатори од Скопје нема да бидат цело време на тестирањето туку ке шетаат од училница во училница. :)
     
  11. lolitoo

    lolitoo Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    Денес го правев тој екстерниот тест,правев по хемија прелесен беше,ама тоа што кочи системот и што сам си заокружува прашања е тоа беше голема катастрофа.
    Убаво беше тоа што не се пишуваше туку само се заокружуваше,според мене малце е глупаво ова тестирањево,ама ова беше пробно па ќе видиме во Мај. ^_^
     
  12. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    И ние денеска имавме по математика...ја да си кажам отворено на еци-пеци-пец ги заокружував :lol:

    А да не знаете за резултатите како ги кажваат ? Секој ученик посебно или општо во цел клас или во цело училиште ? :^)
     
    На stefigirl и lolitoo им се допаѓа ова.
  13. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Јас денеска имав по географија. Повеќето прашања беа двосмислени, но и наставниците помагаа. Околу 80% од прашањата не ни беа учени. За разлика од нашите тестови, хемија тестовите беа многу полесни. Системот на почетокот не работеше, па чекавме половина час повеќе од предвиденото. Откако ни рекоа да се логираме на повеќето компјутери имаше проблеми и неможеше да се влезе во системот. Се надевам дека во мај ке го подобрат системот. :)
     
  14. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Коjа година ги воведоа овие?
     
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.437
    Допаѓања:
    17.075
    Доколку некој биде отсутен, ќе му пратат дома писмо тогаш и тоааш во тој град во тоа училиште на свој трошок. :)
     
  16. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Како поминавте? Има резултати? Во моево училиште не се полагаше, а дали некој ги памети прашањата пр. хемија и математика?
    Онака само да знам што може да ми се падни Ч) :$
     
  17. Lizzy.Grant

    Lizzy.Grant Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
    Јас сум многу ПРОТИВ ЕКСТЕРНИВЕ ! Како прво само наставникот знае колку учи и за што заслужува еден ученик и не може само со еден тест да се увиди знаењето.Второ наставникот во многу случаи оценува неправедно,но сега со ова уште повеќе ќе биде неправедно.Пр. еден ученик има 1 затоа што цела година бега од часови,тестови и е немирен,но можеби е интелигентен и знае за 3 и на екстерниот добива 3 или 2 и му останува 1 или 2.Или пак цела година си бил најдобар ученик со сите 5 и на тестот ти се блокира мозокот и едноставно ништо не ти текнува и што после ? A велат ќе биде електронски.На кои компјутери ти се молам ?! На оние што на еден компјутер работат 6 ученици ? |( Можеби единствено олеснување е што ќе биде со заокружување и не се зголемува или намалува за 1 оценка.
    Навистина не знам што и како ќе биде.
     
  18. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Иако беше се прелесно,сеуште сум против.И тоа многу.Ова беше прелесно како што пишав,иако беше пробно,ама ова завршново екстерно (зашто пробново успеа и сега ке се реализира цела таа идеа) ке има 4 предмети.И ако ти се падне ликовно?Глупости.
    За тоа ако некој не дојде на завршното екстерно , ако рече дека е болен,мора со сите испитувања,со сите резултати од лекар да се однесе и со тоа да се потврди дека си навистина болен.Ако не дојдеш,заради друга причина се плаќало казна.Е сега незнам колку е точно ова зашто вака ни кажа класната.Ние бевме на пробново хемија и математика тестирани,да напоменам дека сум 7-мо осмолетка.Прашањата беа кратки ептен по хемија,математика имаше и од теми што не сме ги земале,и многу деца оставаа прашања.Ако ова им се повтори и на завршното незнам што ке биде.И да,на пример ако некој наставник, ти стави 3-ка а ти на екстерното направиш 5-ка , наставникот го казнуваат а тебе ти ја ставаат 5-ката.Ако наставник ти стави 5-ка а ти направиш на екстерното 3-ка,тогаш ти ја ставаат 3-ката а наставникот го казнуваат пак.Незнам што ке постигнат со екстерново,зашто сите препишуваат , си зборат.И неколку пати,зашто се одвивапе на компјутери падна системот,и се направи лом.И така замисли , имаше 30 прашања, и имаш време, и најглупото е што ке ти кочи на едно прашање,ама времето си тече!Ајде бе.Или на пример,си ги решил прашањата, стигнуваш да речеме до 26 и оп ти падне системот и се отиде у неповрат.Зезната работа бре.
     
  19. Lizzy.Grant

    Lizzy.Grant Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
    За ликовно нас наставниците ни кажаа дека нема да биде електронско туку цртежите ќе биле проверувани од страна на разни проф. или наставници од Скопје.Така ќе ги оценат истите и ќе видат дали се поклопува со оценката.
    А во врска со оценката,мислам дека рекоа доколку имаш 5,на екстерниот направиш 4,5 ти останува и наставникот не се казнува.Доколку направиш 3 на екстерниот 4 ти е за на крај година дека 3+5=8/2=4..
    И обратно.
    И тоа со системот што викаш дека кочи.А ние во помалите градови,што во училиштата немаме ниту интернет и фалат делови од компјутерот.
    Само ќе речам тешко нас 7 одделенците. :|
    Иии..Ако ти текнува нешто од прашањата (што не верувам) :lol: ако не ти е тешко пиши лп,бидејќи имаш споменато дека си 7одд. :D Поздрав :*
     
  20. ole13

    ole13 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Нас не тестираа по математика и физика.Тестовите беа лесни и повеќето одговори беа под А.Беа 30 прашања а околу 20 беа под А.Зависи кој наставник ќе ти се подоги да те надгледува.Кога не тестираа математика ни се погоди добра наставничка и ни помагаше колку можеше и меѓусебе си помагавме.А доколку на тестирањето по физика неможев ни да се завртам а не пак да си помагам со некого. :|