Физика и математика. Комбинација снова, м? Ама не се жалам веќе, физика ги растурив прашањата, не знаев дека се толку лесни, сега уште де полагам, држете ми среќа. А математика ми беше од оние предмети кои не сакав да ми се паднат, само поради многуте прашања и оние одвратни формули за плоштина на триаголник и шестоаголник. Инаку ми оди математика, имам петка, дури и на натпревар бев, така што не се сомневам дека ќе поминам добро. Сега листот и дигитронот в рака ми да ме нема.
Навистина ли е сменета бодовната листа или тоа е само за матурантите?зошто слушнав дека на нив им била од 26-30 за петка..
Само што се вратив од полагање. Супер поминав. Прашањата ептен беа лесни. На другарка ми физика сè ѝ кажав, исто и на еден соученик макдонски. Полагав во мојата училница и сите формули беа запишани на хамер. Ептен беше лесно, а после дојде и една наставничка по математика и ми ги провери сите, точни ми беа. Важно е што е крај на тестирањете. Си ја некст јиар.
Дечки некој дали има одговорено физика за прва година гимназија но не од минатата година затоа што на сите страни се од минатата... Ве молам многу ми е хитно а имам 70 неодговорени...
ОБЈАВЕНИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ПОЛУМАТУРАНТИТЕ!!! Спојлер Биологија: (5) Македонски: (5) Ухх, ми олесна. Мисија завршена 5,00. ИНАКУ РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ДРУГИТЕ ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ НА 27 ЈУНИ
Od kaj ja dobi skalava?? Nas na polugodie 5ka ni pocnuvase od 27 -30. Tie so 26 imaa 4ki. Ja smenile skalata ili samo za maturantite vazese taa??
За во средно поените за (5) се од 27-30 а за основците од 24/25-30 (не сум сигурна дали е 24 или 25) Свидетелствата на 4 Јули.
И јас математика. Не е воопшто лошо, еј. Можеше историја да биде, бљак. Туку не сакав баш тоа, некој јазик не ќе беше лошо, или физика... Или било што со помалку прашања. Математика секој ден ги решававме на час и ги знам сите, ама јас не сум јас ако не ги поминам уште еднаш сите убаво. Океј е, не се жалам. Абе што зборувам, супер е, 5 ќе имам 100% П.С. вие што сте англиски немате појма која среќа ја имате, прашањата се околу 5 одделенија подолу од наменетото