1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерни тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Wild.Child, 26 октомври 2010.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.576
    Пол:
    Женски
    По сите предмети?!? Како бе? :o :o :o
    Оу мај гад... :x
     
  2. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    :o
    На нас ни рекоа дека сега тоа ке биде пробно по сите предмети ама само основни работи за да испробаат како ке функционира додека пак во мај само два предмета ..
     
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.437
    Допаѓања:
    17.076
    Ние правевме у декември 2 предмети.
    Ни кажаа дека у мај ќе правеме по 4, а сега се шушка дека и март ќе имало 2-3 предмети.
    Без милост се бе!
     
  4. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Кај нас не се знае ништо уште.За ништо не не информираат :@
    Она што го слушам од децата дека ќе биде пробно и дека нема да влијае на оценките.
    Инаку овие екстерни тестови ми се прав шит мене.
    Зошто ги спроведуваат??
    Секако има оценка + - и за државата повеќе да се награби ајде ќе им кратиме на професорите од платата :shake:
    Уствари зошто идеме у школо ние ??
    Тие доаѓаат и со едно тестирање се решаваат.Абе што , прикаски.
    Оценката е уствари сума од активноста на ученикот тестирањата преку цела година , презентации , трудови и што ти јас знам.
    Ако е за тоа не одиме во школо и дома ќе седиме ќе учиме цела година и ооооооп во мај одиме полагаме СЕ и чао пријатно.
    Безвезална глупост. :tmi:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Екстерните тестови ми се тотално без никаква смисла.Не ги разбирам зошто се.Како може за еден ден да не оценат од цела година што сме учеле?Па ние на роботи им личиме па ајде ние се ќе запомтиме.Треба да се има некоја искреност во оценките и да не се попушта,да разбирам и мене би ми било поубаво кога ќе ги оценуваат децата како што заслужуваат а не по нивните крвни врски.Но нашата држава не е сеуште подготвена за такво нешто.Слушам од другари коишто правеле во Скопје пробно екстерно веќе 3ти пат стигнат до 5то прашање и им паѓал системот.Или пак одговорите биле точни а ги сметале за неточни.Тоа се глупости.Па можеби баш тој ден нема да ти биде денот?Можеби си болен,тажен или пак не си способен да правиш тест.И што тогаш?Што ако те фати паника и се смешаш а навистина знаеш а некој којшто си врска нема се снајде?Не се согласувам со екстерните тесттови ама ајде ќе видиме што ќе биде.Па и професорите се збркале скроз.Ајдеее има екстерно тестирање.Се прават тестови,се учи повеќе,се испрашува, се исплашиле и тие и сега ќе не побркаат.
     
    На Dog-lover, Someonespecial и Witchy-style им се допаѓа ова.
  6. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    3.835
    Пол:
    Женски
    Тоа се само пари да земе Грујо...значи ц.ц. уште што нема да измислат! Ипак јас мислам дека пак ќе ги откажат :D
     
    На kathy-style му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    И јас си се надевам на тоа ;)
     
    На Witchy-style му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    и ниее ќе имаме екстерно :@ ама ништоо незнам математика до сега сме поминале 4 теми ниеднаа лекција незнам ама ниедна!! таа наст. на час само се дере ништо не правии.... :@ 2ка некако не ми бега :@
     
  9. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Ние во Демекври правемве пробно, а во мај ќе правиме само по два предмети.
    И да. Физчко, Ликовно и Музичко не се прават екстерни тестови бидејќи се сметаат за вештини. :)
     
  10. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Не е и некоја добра идеја ова екстерново тестирање.Со еден тест,па и со колку сака нека се,никогаш нема да можат да не оценат како што треба.Еднаш си научил,еднаш си се блокирал и во моментот си заборавил се.Оценка се гради со повеќе усни и писмени испрашувања/тестирања.Ова само е преголем притисок и за нас и за професорите.Највеќе што ме нервира е да можат ќе не оценат веднаш со единица,бидејки само тогаш не би имале никакво кратење од плата. :fubar:
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Добра работа се овие екстерни тестови.Вистина знаењето е сила,ама врските се моќ.
    Ќе излезе се на виделина,оцнеки со врски е нема.Ќе си имаш затоа што си заслужил,а тој што учи секогаш ќе знае.
    Инаку во мојата гимазија каде што учам ни кажуваат само дека ќе има екстерно тестирање,досега пробно немаме ништо напревено.
    Инаку незнам каде но мислам дека слушнав дека Македонски јазик и литература бил задолжителен за полагање,колку сте вие информирани околку ова?
     
  12. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    нас ни кажаа дека математика,македонски и некој од странските јазици (француски,англиски...) се задолжителни па сега незнам ние ке правиме пробно во март :@ :swear:
     
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.576
    Пол:
    Женски
    Anna-Banana, извини ако сум те разбрала погрешно и ако ова иронично го кажуваш, ама ако си сериозна, морам да кажам дека не се согласувам со тебе. :!:
    Тој што учи секогаш ќе знае? Да, но ние секоја од оценките ја добиваме за една тема, а ова ќе биде од материјал за цела година и тоа по неколку предмети. Дури и најдобрите ученици не можат да се сетат на се од цел материјал, не сме ние компјутери. Плус ќе имало и временско ограничување. :^)
    Еве јас сум одлична ученичка, со сите 5ки ја завршив и прва година и претходново полугодие, а сум против екстерниве. На пример биологија да ни се падне на екстерно (не дај Боже :!: ) - јас имам 5 на сите три теста досега, темите се претешки и негде по 60 страни, ама сепак е една тема. Не можам да замислам сега да ми дадат на тест прашања од сите теми, па се ќе се испомеша. :@ Или пак математика, што имаме најмалку 9 теми во годината, и ај сега ти решавај задачи од сите нив. Кој ли ќе ги памти оние први теми од септември и октомври? :x А апсолутно незамисливо е во мај да повторуваме цели материјали. :!:
    И јас сум против врските и незаслужените оценки, и мене ми е криво кога ќе видам дека јас што сум добила 5ки на сите тестови имам 5 на крај, а исто така и некој што којзнае какво виножито од оценки имал, прво му попуштила и му пишала 4, па после - оп, испаднало дека му фали за успех и еве на совет му ја направиле 5ка. Нека проверат на друг начин - нека проверат во дневник што оценки има а што му се спушта на крај (поединечните оценки се од тестови, а белки не можат и тестовите нереално да ги оценуваат). Ама на ваков начин секако не. Вака сите ќе настрадаме, не само тие што имаат врски туку и најквалитетните ученици. :!:
    Само си го кажувам моето мислење. :)
     
    На stojanovskata, Elennaa, sweet-star и 2 други им се допаѓа ова.
  14. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со someonespecial.. сакаат од нас да направат машини :^)
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Иако оваа тема не ме „загрозува“, сакам да го дадам моето мислење.

    Се сложувам со Самуанспешал.
    Не е возможно да се сеќаваш на се‘ претходно учено....

    ...ако не ти оди и не те интересира предметот.
    Реално, невозможно и смешно е да очекуваш (пример, од оние ученици кои ги имаат сите петки, и јас бев таков ученик) сите ученици да се подеднакво заинтересирани за тие предмети. Нема логика некој исто да биде заинтересиран и за хемија, и за историја, и за англиски јазик. Баш затоа е и малку чудно како е возможно ученикот да има петки по сите тие предмети, кога за историја учел ден пред испитување, а англиски со мерак си пишува домашна.

    Да ни беше системот поинаков, да не ни бараа просеци од сите предмети кога се запишувавме на факултет (зошто по ѓаволите им е важно на Филолошки факултет каква оцена сум имала по физика?! :fubar: ), екстерниве тестирања ќе беа супер работа. Ќе може да се искористат и за нешто друго. Наместо само да ја оценуваат работата на професорите, ќе можеа и од резултатите да заклучат на кој ученик што му оди, за да можат да го насочат подоцна, и во наредните години од неговото образование да не ги учи сите тие беспотребни предмети (јас, во јазичен клас, учев и историја, и физика, и хемија, и бизнис, и биологија :puke: ), туку да учи само предмети од областа која му оди од рака, да се подготви мнооооогу подобро за факултетот кој подоцна ќе го запише.

    Ама да ни беше. Ама не е.
    И се‘ дури не е, се‘ дури на ученик кој сака да се запише на ПМФ, математика и ликовно образование му се ставени под иста важност, нема да се сложам дека екстерните тестирања се ок.
     
    На Elennaa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    дај боже да ги откажат меѓутоа ме обесхрабрува тоа што ни ги поправаа компјутерите специјално за екстерното а и во некои школи веќе го направиле пробното.
    А низ школо се шират трачеви ко демек ќе се паднеле на екстерното во мај физика математика и хемија односно тие биле први на список за екстерно.
    И во школо има совети или како се викаат тие состаноци на наставничкиот одбор за кој разговараат за екстерното е сега на почетокот се планирало пробното екстерно на пример да не биде поврзан со материјалот односно со темите пример ако се падне македонски да пишеш колку букви има азбуката
    ако биде историја во кој град бил роден Тоше и сл.
    Меѓутоа ни кажаа неделава дека на последниот состанок на наставничкиот одбор била донесена одлука пробното екстерно да биде поврзан со материјалот и темите кои се од книгата
    Изреволтирана сум од одлукава бидејќи отценката се формира од тестови од усно испрашување активност на часот презентации и сл.
    И многу е лошо екстерното за тие што се 4-та средно и осмо поради тоа што може да има случаи на кои само со една отцена подолу може да им влијае на запишувањето на факултет или средно.
    Многу зезната работа како и да е ние не можеме цела книга од којзнае колку страни да ја научиме за неколку дена.
     
  17. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Како е девојки на екстерно, утре правам македонски пробно но незнам како е :(
     
  18. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Мила, навистина ли мислиш дека тој што имал врски, нема да најде повторно? Се надевам дека ме разбра, и не бидете наивни. Ама озбилно.

    Екстерните се дебилна работа. Жал ми е за сите што ќе полагаат.
     
    На Elennaa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.576
    Пол:
    Женски
    Кај нас пробното не беше по македонски туку се беше од општа култура :) тоа и деца од 3то одд. ќе знаат да одговорат, демек само да го испробале системот :lol: Се надевам дека ќе остане на ова. :!: :)
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Да не се сеќирај за тоа еве и кај нас беше така без разлика дали си средно или основно јас основно и прелесни беа.. Не се сеќирај за пробното :* :)