Хахахаха да и кај мене го имаше тоа прашање...и опции: нарцис, зумбул и уште некое друго цвеќе Баш по македонски јазик и литература
а)Зумбул б)Нарцис в)Трендафил г)Каранфил Стварнооооо ама стварно не се нормални, кај брат ми имаше Кое дете на 12 години дознало дека е волшебник Хари потер
Лелее не ми се верува што читам ..некои деца од основно кажаа дека имало многу прости прашања а тие се спремале за македонски јазик и литература.. кај нас рекоа оваа недела ќе има па ќе видиме.
Значи знам дека не сме машини и дека неможеме се што сме учеле од почетокот на годината да памтиме,но тогаш што се случува со матурантите кои полагаат матура од она што го учеле изминатите четири години? Јас колку што знам ќе биде предходно најавено кои предмети ќе ги полагаме,со екстерново тестирање,и ќе имаме време колку толку да повториме. И успат мубаетов,сакам да кажам дека со мене во клас има едно девојче кое што буквално се памти што имаме учено па дури и од прво одделение,но ете никогаш не сум видела јас лично со мои очи но кажуваат дека по цел ден учела. Инаку гледам сте постирале некое прашање,од тесотивите.Вака ми гледаат ептен глупи прашањава,исто како да тестираат интелегенција наместо Македонски јазик и Литература. Инаку во моето школо некои од професорите како да спомнаа дека ќе имаме ние пробно тестирање во април.Па ќе видиме што и како ќе биде. И да сакам да ве прашам вие што веќе сте биле пробно тестирани,ве вардеа професори од вашето училиште или? А да,и незнам сега кое одделение иде дете од 10 години,најверојатно му иде 5то деветолетка,и тие имале пробно тестирање и имало прашања од типот: Кое злато,се нарекува црно злато? Кој е градот на светлината? итн,итн
воопшто не ги сакам екстерните, мислам која е поентата на учење напамет, кога би требало да се оценува интелегенцијата на ученикот?
И кај нас беа такви.. вклучувајќи и Јас мислам дека прашањата беа вакви затоа што беше пробно и го тестираа само компјутерскиот дел!! А прашањата се само пролазни!!
Прашањата воопшто и не можат да се наречат дека се по македонски, туку личат како тест за интелигенција ама за деца од трето одделение. Така да ич не се секирај.
Ние понеделник ќе правиме екстерно тестирање по македонски за општа култура..Може да ми дадете пример какви прашања ќе има? Тенк ју
Значи тоа македонски што Ви го пишува не е предметот туку јазик на кој ќе се изведува тестирањето. А овие тестови кои се избедуваат сега се само за проверка дали учениците ќе разберат како фукнционира системот, и дали комп. ќе издржат. И тестовите ќе бидат од ошта култура.
Во нашево школо ни пробно не сме правеле сеуште незнам ни дали ќе правиме ама не е фер за една недела да повториш цела книга цел матријал алооооооооо незнам со ќе направиме со срека на сите нека ни е
Ние во нашето школо правевме пробни екстерни и прашањата беа безвеза нешто глупости како на пример каква боја има рубино? , кој се основни бои? и така нешто за филмо трето полувреме имаше кој бил режисер и такви слични прашања од општа култура и сега уште еднаш ќе сме правеле пробни и после во мај вистинските
Не ми пречат ама се изнервирав дека најдоа да ги применат ваквите тестирања бас годината кога треба 8 да завршам!Овие оценки ми се важни за во упис во средно и ми е страв да не зезнам нешто на екстерното.Бидејќи сакам да се запишам во Орце,а за таму бараат да си скроз одличен.
паа и јас правев пробно по македонски правев и имашее многу лесни прашања Во која држава се наоѓа Аушвиц, кога започнала II светска војна, колку е 25% од 2000, каква боја има рубинот, каде се доделува наградата златна палма.. лесно беше сите по 5 минути излеговме
Кај нас уште од кога ги зборат тие екстерни тестирања... Не сме имале пробни,а не верувам дека и ќе имаме. Веројатно во мај ќе имаме, и требаше да полагаме 2 предмета, а сега се зборува дека ќе сме полагале 4 предмети. Вие што сте имале пробни тестови, какви беа, само на заокружување или имаше и на дополнување?