Се прават тестови со прашања од општа култура,поради тоа да проверат дали работи системот. На вистинските тестови нема да бидат такви прашањата
Имаше екстерно тестирање нели прво пробно само во некои училишта кај нас немаше, па сега пак пробно кај нас сеуште нема
Знам дека не ми е прашањево за тука.Ама незнаев каде да прашам па затоа тука. Девојки ако ти се сите петки а имаш една 2ка можеш ли да поминеш одличен? Јас мислам дека може,а некои упрно ми викаат неможеш
Па пресметај си, собери ги сите оценки и подели со бројот на предмети што ги учиш. Ако имаш просек 4.5 или повеќе, одлична си. П.С. Ако сите други ти се 5, не верувам дека ќе ти ја остави двојката.
Нас само не плашат со ова,иначе тоа пробното многу лесно беше ама сега ова следново Јас па ич не мислам на тоа не ни си го ставам во план за на крај,а иначе како ќе прават бе некој викаат таа оценка што ќе сме ја добиеле од наставникот ќе ја пишеле а до неа и таа на екстерното што ќе сме ја добиеле,а наставниците нема да ги казувале,други друго викаат незнам више ни јас
Конечно е за екстерните..леле јас колку само бев сигурна дека нема да има ама и датум ни кажаа.Од 25 до 8 јуни мислам дека беше.Не е фер.. па и ако ни стават некои тешки предмети
Кај мене имаше екстерно ама тоа било пробно и сега наместо по македонкски да решаваме на компјутери а тие по сите предмети ама не е ништо страшно..супер беше
До медицинското школо во штип стигнало точен датум за одржување на екстреното, а низ цела МК ќе биле одржани изгледа од 28 мај до 06 јуни мене уште не ми се верува дек аќе има..
Леле Аман веќе сите знаат дека ќе има, кај нас ништо. Имаше по некои училишта пробно екстерно со општи прашања, ама кај нас не. Професориве ништо немаат кажано, ни датум има ни ништо. И како ни дадат математика и физика кога ќе учиме ние
На 25 мај? абе ајде не се нормални, тогаш сите тестови ни се натрупани уште тоа ни фали, да не тестираат на цел материјал
Како можат да ви кажат кога ќе полагате и по кој предмети? Кај нас нашколо спомна дека тестирањето ќе биде од 25 мај до 7 јуни. А два дена пред тестирањето ќе бидеме известени по кој предмети ќе бидеме тестирани. Исто така ни кажаа дека Ликовна Уметност,Музичка Уметност и Спорт и Спортски Активности нема да има тестирање.Колку е ова точно незнам.И јас така имам слушнато
Кај нас мислам кажаа дека ке почне од 15 Мај па незнам до кој Јуни И сигурно ке не тестираат по стручните предмети
нас ни кажаа дека од 25 мај па натака ќе биде тестирањето и македонски како задолжителен предмет за тестирање бил Но ме чуди тоа што некои имаат пробно правено а некои пак немаат ни компјутери дај боже оваа година да не правиме од следната година па натаму гајле ми е но за оваа година