Дечкииииииииии мора да направиме нешто во врска со ова оти стварно не тортурираат Тие нормални се??? За она шо го работевме 9 месеци сакаат да не оценат во 1 саат па
Нас ни кажаа да се потрудиме сите да ни бидат точни ако не ни се сите тични тогаш повторно ќе има О.о малку е глупо нели ама што да се прави тоа ти е и нас не огледуваа два наставника и ни кажаа да се потрудиме сите да ги решиме!!!
Богами и така треба ЈАС СУМ ПРОТИВ ЕКСТЕРНИТЕ ОЦЕНУВАЊА! ТРЕБА ДА ИМА КАЖЕМЕ ДА ИМА ОБЈАСНИМЕ ДА РАЗБЕРАТ И ДА ИМА ВЛЕЗЕ ТУКА МАЛЦЕ МАЛЦЕ СЕ OMG
Вие ако не сте корстеле учебник по ликвно ние користиме. Незнам колку години си ама еве ќе ти кажам. Барем во школото каде што учам јас.Во прва година и цртавме по ликовно,и учевме лекции.А во втора година цела година ти е теорија,значи цело време учиш лекции од учебник.И тоа е обилен матријал. Инаку кај нас кажаа дека нема да има екстерно оценување по ликовно,музичко и физичко. Така да не се секирајте. А инаку ама мене воопшто не ми е галје со ова екстерново.Нема ништо што да изгубам,дури може повеќе да добијам.И тоа е тоа.Прво кога го најавија,вистина ме фаќаше страв ама сега не. Кај мене оценките се сите реални,имам една-две нерална во негативна смисла.Ама немат врска тоа е тоа.
Не ми е јасно како може од 1 тест да ти зависи оценката ? Па тогаш зошто учиме во текот на целата година ? Може дома да си учиме и на крајот нека не тестираат и нека ни ја напишат таа оценка што ке ја добиеме! Али ова ? Секојдневно учење, нервирање за да на крајот се збуниш и добиеш помала оценка Навистина не е во ред, во оценката не влегуваат само писмените и тестовите, туку и усни одговарања, дисциплина, активност на час. Ако сакаат да видат дали професорите реално оценуваат, има и други начини за тоа. Нека присуствуваат на часовите, нека анализираат колку се реални оценките, нека не испрашуваат пред нив.. Има многу други начини,да не набројувам сега, али едно е сигурно - не треба да молчиме, ова може да се реши само со штрајк!!
Хехех срцка питагорова е една формула и е лесна како азбуката, има полоши работи, пример датуми и години историја
се согласувам, некој што не учи на тепка може да погоди 80% а јас што цела година учам да се збунам и помала оцена од него да добијам
Во врска со екстерните тестови и јас сум за предлогот да се организира ШТРАЈК !!!! На кој тоа нормален (не само во нашата држава) му падна на памет да воведе вакво нешто ! Се сложувам и со оние посетители на странава според кои не е во ред на крај на годината децата да се стават под притисок и да мораат да ја учат целата материја ! ПА СЕ ПРАШУВАМ НАВИСТИНА ИМА ЛИ НЕКОЈ НОРМАЛЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ (Ние од другата страна што не реагираме и ние ќе да сме во тој кош) !!! ЗОШТО тогаш децата да одат на училиште ? Ќе ни седат дома и ќе учат и на крај на годината ќе си полагаат !!! Небаре се студенти ! ПАРАДОКС ДО ПАРАДОКС !!!! Додека студентите полагаат колоквиуми и така се ослободуваат од полагање на целиот испит, овде основците и средношколците ќе глумат студенти! ЗОШТО е ова ????? Дајте да ја омасовиме оваа акција преку фејсбук и пошироко !!!
Нас ни кажаа дека очигледно екстерното ќе ни било следната недела и било чисто да видат дали работеле компјутерите.Ќе имало прашања од општа култура и се тоа.Ама ова па до 23 мај сите лекции по сите предмети требало да бидат предадени.И сега како што сме назад со материјалот зимаме по 2-3 лекции дневно.Колку побрзо да завршат.Значи колку се нервирам И после 23 мај ќе имало вистинско екстерно.Искрено сум многу,многу против ова.Како можам да го памтам материјалот од Септември.Ќе не известеле 1 недела пред екстерното.Ниту знаат кој предмети ќе ни ги дадат,колку предмети ќе дадат.Страшно!
Многу се лесни прашањата. Со што се борел Дон Кихот, Кои се основни бои, Кога започнала Втора Светска Војна, Каде се наоѓа Монт Еверест, 25% од 2000, Кој го режирал “Трето Полувреме“, Каде се доделува наградата Златна Палма, вакви се некои...
Да се надоврзам.. Како се викал коњот на Александар Македонски, ознака за азот, каде се наоѓа логорот Аушвиц, која година бил земјотресот во Скопје, единица мерка за волумен..
^ ви благодарам девојки! Стварно не ја сфаќам целта на екстерново. Што ќе проверуваат? И онака повеќе од пола оценките СЕКАДЕ се само така пишани. Зарем има некој што не го знае тоа? Ќе ги бркале професорите од работа. Ете се. Веќе ги избркаа. Ова се стварно само дополнителни стресови. Не можам за зборам тука за сите, некој си се изнаужива цела година по кафиња, ова она, и пак со сите петки нон стоп е, а пак некој си држи 9 часа неделно математика и секоја недела нон тест. Си се мислам сега, како тоа во 3 недели ќе направам уште 5-6 теста математика (што секогаш ми е приоритет), ќе научам по останатите предмети (со годишни се закануваат, а да не ги спомнувам контролните измеѓу) и ќе се спремам за екстерново. Слушнав, 4 дена пред тестирањето ќе ни кажеле по кој 4 предмети ќе бидеме тестирани. И што сега ако ми падне историја, иако цела година ги учам лекциите перфектно, јас чисто се сомневам дека ќе успеам се да повтороам и сите датуми да ги погодам. И места. И се. Па немам интелигенција над 160. Навистина не им требаше ова.
Денеска имаваме пробно кај мене во гимазијата -.- седнавме сите се логиравме имаше 30 прашања од општа култура и као демек серверот бил релативно добар,а јас сеуште се надевам дека ќе падне негде системот и цело ова сра*е ќе се одкаже
Денеска го поминав и јас пробонто.Прашањата од општа култура,имавме 30 прашања а време за решавање 60 минути.Го решив за помалку од 5 минути ама немат врскa После цело време си смеев Е вака сега,ако ги сакате прашањата. 1.Чие дело е "Мона Лиза"? 2.Каква боја има рубинот? 3.Кој е режисерот на "Tрето Полувреме"? 4.Кои се основните бои? 5.За каков триаголник важи Питагоровата теорема? 6.Кога започнала Втората Светска војна? 7.Кој е највисокиот правен акт на една држава? 8.Каде се наоѓа Монт Еверест? 9.Каде се доделуваат наградите Златна Палма? 10.Која година се случил катастрофалниот земјотрес во Скопје? 11.Кога ја прославуваме независноста на Р.Македонија? 12.Кој бил прв председател на Р.Македонија? 13.Ознака за азот ? 14.Кој го измислил законот за гравитација? 15.Кој е автор на Тутуноберачите? 16.Со што се борел Дон Кихот? 17.Колку е 25% од 2000 ? 18.Како се вика науката за пресадување на органи? 19.Што е оформатолог ( незнам дали ми е правилно напишан поимов ) ? 20.Како се викал коњот на Александар Македонски? 22.Каде се наоѓа логорот Аушвиц? 23.Која е единица мерка за волумен? 24.Како се вика човек кој е самовљубен во себе? Е толку уште неколку прашања не ми текнуваат,ако ми текнат ќе ги допишам И безгалје не е воопшто страшно.
Се сложувам со тебе!!! Секоја ти чест за мислењето . Како тоа на крај на учебната година екстерно оценување кога не можат и не МОЖАТ со еден тест да видат јас колку знам! Епа не за џабе живееме во МАКЕДОНИЈА- земја на болесни луге, психопади, и уште што ли не нема да кажам! Каде го има тоа на друго место а, каде?- САМО ВО ОВАА ПРОКЛЕТА МАКЕДОНИЈА. На некој болен му текнало екстерно и што ние не сме студенти. Добро зошто родителите си седат така спокојно зарем не гледаат под каков притисок сме ние и наставниците? Зарем не ни е грижа ние како се чувствуваме? -Наставниците ни ги намалија сите оценки, од 27 ученика во моето одделение 24 бевме скроз одлични сега сите паднавме поради тоа екстерно. Сите оценки ни ги намалиа ама баш сите, пошто наставниците се под притисок и страв им е да не им ги смалат платите. И дадов прво на мама да ја разгледа темата, и вика не пиши мислење кути си ако де ке видиш колку знаеш ако те тестираат . Зарем за ова да молчам а? Нема да дозволам некој да си поигрува со мене и мојот живот не! Дали тој човек што го измислил тоа барем за миг се ставил на наше место и да размисли како ни е нас... Јас пред секој тест паничам и многупати сум направила грешки ама наставниците знаат дека јас можам и јас умеам и дека јас знам ама на тестови толку ме фака паника што и името си го заборавам најискрено. Ме фака паника за да не згрешам нешто, за да не упропастам и на крај пак ништо... Епа за екстерното да не зборувам тогаш... ЛУГЕ ДАЈ СВЕСТЕЈТЕ СЕ МАЛКУ, БАРЕМ МАЛКУ ИМАЈТЕ СОВЕСТ ЗА НАС И НАПРАВЕЈТЕ ШТРАЈК ДОДЕКА ИМА ВРЕМЕ ВЕ МОЛАМ, ЗА ЖАЛ НЕ ЗНАЕТЕ НИТУ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ КАКО НАС!!! АЛАЛ ДА ИМ Е НА СИТЕ ШТО САКАТ ДА ИМА ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ СО ОВА СЕ ПОКАЖУВА ВАШЕТО НЕРАЗМИСУВАЊЕ ЗА ТОА КАКО НИ Е НАС...ТОЛКУ ОД МЕНЕ Спојлер Може би ке ми избришете мислењето ама РЕАЛНОСТА Е РЕАЛНОСТ НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ЈА СМЕНИ!!!
Мене ми кажаа дека има и прашање колку заби има човекот..така нешто...ние можеби во јуни ќе го правиме екстерното :geek: