Ние правевме пред една недела. Беше многу лесен, од дадени 60 мин. за 5-6 мин. го решив и го проверив 2 пати Ако сака некој да му ги кажам прашањата нека пише. Инаку се согласувам со некои мислења, дека ова е без врска и на кому му текнало ова да се спроведува. Ова само кај нас може да го има..
Абе ајдеееее!? Ај ако не на 10ти јуни нека ни го закажат, како честитка за убав распуст. Бог да чува и голман да брани... И не ги можам више професориве, главата не знаеме каде ни е, денеска 2 теста правевме, они пак ни го спомнуваат скапаново екстерно Воопшто не им е гајле за нас бе, само можат оние најзабеганите да бидат уште построги и уште повеќе да замараат. Само за своите плати си се грижат Екстерното било проверка за професорите, они се плашеле, оф, кутрите тие... А нас, кој не прашува нешто? И потполно се согласувам со Катеринче и со сите што рекоа дека треба да се преземе нешто.
Во нашето школо денес сите од IV-VIII, имаа пробно екстерно тестирање,освен ние од седмо деветолетка,кои гледавме како се одвива тестирањето. Прашањата беа од општа култура,имаше и прашање колку заби има возрасен човек,многу беа лесни,ама сепак тоа беше пробно.За да сме виделе како ќе биде на вистинското екстерно. Инаку, мене ова екстерно тестирање ми е една ГОЛЕМА ГЛУПОСТ.Според мене,нема некоја корист бидејќи не може да се види целокупното знаење од само еден тест со заокружување на компјутер.А во сведителството ќе имаме две оценки.,една од екстерно и една од наставникот. Само не' малтретираат.
Кај нас пробното ни кажаа дека ќе било во вторник.Прашања од општа култура ќе имало.Ама за што не сметаат нас?Роботи,машини?Како можам јас целиот материјал од Септември па навака да го памтам.Значи џабе е целиот труд што го вложувам годинава доколку на екстерното од паника згрешам.Како што кажа Someonespecial во јуни ќе ни го бапнат.Не е доволно што учиме од септември по сите 14 предмети туку и екстерно.Ќе пукнам!
Најтрагично е што наставнициве се трескаат од земја ко ненормални за екстерното и оценките се намалуваат и тоа не за една оцена подолу па и за две и ште отворено ни кажаа наставничките по Историја и Француски "Више волим себе него тебе'' како ни го треснаа ова во фаца и тоа па и Техничко упорно не убедува дека и за тој предмет ќе сме правеле екстерно море иди бегај ми се смачи веќе цела година проекти хамери па на компјутер печатено па иди у книжара вади па лупај пари секој ден,учи од јутра до сутра,кревај рака,активност,тестови,станување во 6 саат сабајле за прва смена (незнам за вас ама за мене ова е мнооогу мачно.)и на крај сето тоа паѓа во вода и од сите тие 9 месеци учење оценката се формира за 60 минути преку заокружување на компјутер.Ма глупости.Кога веќе ќе биде екстерното нека не се учи воопшто и на крај само на екстерното да одиме во школо.Незнам дали тој министерот за образование има малце мозок.Ми иде да протестирам на глава ми се качија и сега упорно наставнициве не навраќаат наназад на другите теми односно од почетокот на годината што сме учеле.
јас знам дека тој што воопшто нема да биде тестиран ќе плаќа казна а колку незнам а на дента на тестирањето ако не отидеш ќе мора да одиш во министерството и ќе те прашуваат усно иако ова на мене ми нема логика.
јас знам дека тој што воопшто нема да биде тестиран ќе плаќа казна а колку незнам а на дента на тестирањето ако не отидеш ќе мора да одиш во министерството и ќе те прашуваат усно иако ова на мене ми нема логика.
Од кај ти е оваа информација? Нема врска, сега прочитав на страната на министерство за образование дека кој нема да го направи тестот, ќе го прави друг ден. Казни веројатно ќе има, ако без причина не си отишол, а и ако не отидеш и на друг датум кога би требало да полагаат сите кои што го немаат правено тестот. Али ако и после неколку пати не отидеш, нормално е дека ќе бидеш казнет, со тоа што нема да земеш сведителство, затоа што морало во сведителството да биде напишана и оценката што си ја добил на екстерниот тест. Нема шанси усмено некој да одговара, само писмено.
Истиве прашања ги имавме и ние. Јас го згрешив 17тото. А 6тото и 9тото не знам ни како ги одговорив. А уште не ни кажале по кои предмети ќе бидеме тестирани... ама ќе биде „интересно“.
ја сметам дека е добро единствено шо професорите ќе бидат казнети поради разликата на оценките од оние пишаните и оние реалните.А лошо е пошто мислам кој би ти научил толку теорија за еден ден и плус да е некој предмет шо поголем дел од генерацијата си има пропусти со него?
Информација од наставниците и јас пред некој ден ова го прочитав на страната нема потреба од толку напаѓање за една дезинформација.
Па секој кој не го прави тестот на одредениот датум ќе го прави друг ден.Нема да одиш во министерство или незнам што таму ,или пак да те испрашуваат усно!
нема потреба од вакво напаѓање јас само кажав што ми кажа наставничката по историја и како што пишав нема смисла од усно испрашување.И казната за плаќање како што пишав е ако воопшто не правиш екстерно меѓутоа незнам колку. Доволно е една феминка да ме поправи не сите по ред.
Како и да е вака или онака мораш да го направиш тестот! Без разлика дали ке биде на денот или некој следен ден зошто како што кажа членката над мене нема да добиеш сведителство во кое ќе ти ја пишува оценката од пробното и официјалното екстерно