Леле девојки кај нас веќе кажаа и датум, две професорки ни спомнаа дека ќе почне на 27 мај Уф, колку сум револтирана ја има ли некаде оваа глупост освен во Македонијава наша? Ајде белки пак нема да успеат да го организираат, ептен ми прават ќеф некои соученици што уште викаат дека тоа е лага, ама што знам, некако многу сериозна стана работава, штом и датум се знае... изгледа сме го обрале бостанот
Глупости! Што ако оценките по другите предмети ми се заслужени, а да ми се падне ликовно за тестирање? Каде ќе стигнам јас за 4 дена да научам таму некои принципи,елементи и други глупости што воопшто немаат врска со мојата струка? Професорката ги оценува нашите цртежи и според тоа јас имам 5, не не испрашува теорија нешто... И што сега, јас ќе треба да учам ликовно за 4 дена, само за да ја оправдам оценката што ја имам цела година? Го земав онака примерот по ликовно, може да биде со кој било друг предмет. А еве, физика и хемија цела година учам, навистина знам за 5, и 4 дена ќе ми бидат сосема доволни за да го повторам материјалот и да извадам добри резултати на екстерното. Ама нема логика едноставно, што ако цела година сум учела, а ми се паднат некои предмети за кои заслужувам за 5 според барањата на професорот, но сепак за екстерното треба да учам нешто плус, ете го тоа со примерот по ликовно што го кажав... А математика бре? Како ќе решаваме задачи? Па и историја не е изводливо, мислите некој ќе успее за 4 дена да ги повтори сите години,битки,имиња...? Уффф, тешки,турбо денови не чекаат пред екстерниве тестови, како за одличните, па така и за послабите ученици!
А, да не е само залажување... хаха . Дискутиравме за ова на училиште со професор и сега.. Како ќе бидат екстерниве на 20-25 мај кога дотогаш веќе требало да бидиме оценети по сите предмети, со конечни оцени.. А, до 10 јуни што ќе правиме??
Абе на нас уште одамна ми збореа за 27 мај. Ама според мене тоа се глупости, нема да има тестирање. Башка, на почетокот ни рекоа дека треба да ни кажат минимум 3 недели порано, пред да има тестирањето. А тестирањето треба да биде во мај... Така да, би требало или оваа недела да ни соопштат или нема да правиме. И да стварно и на нас ни кажаа дека до крајот на мај ќе сме требале да бидеме оценети. Глупости, стварно глупости. Нема да можеме ни да поправаме, ни ништо. И да, ако е така веќе... нека не распуштат уште во мај. Што ќе правам во школо, ако ги имам сите оцени? Само за џабе да станувам во 6 саат, да се мрцварам по автобуси и да дремам во школо.
^ На сите училишта низ цела Македонија им е соопштено дека екстерните тестирања започнуваат на 28 мај. 4 дена пред тоа ќе бидете известени за кои предмети ќе ве тестираат. Значи на 23мај ќе бидете известени.
Во сите училишта има стигнато допис од МОН дека оцените треба да бидат заклучени до 27-ми мај. Сега наставниците се во небрано. Годишната програма и соодветно материјалот им е плански распореден да се изучи до 10 јуни, секако предавања + оценување. Е сега, ако треба на 27-ми тоа да е завршебо, а 24-ти, 25-ти и 26-ти се неработни и плус мора да има совет претходно, значи до 20-ти мај се треба да биде звршено и спуштени да бидат оцените. Ќе останат отприлика по сите предмети последните теми непоминати... а истите ќе бидат опфатени на тестирањето. Ок е да екстерното биде по конечното оценување ... нели тоа е и целта - да се потврдат оцените, но што е со планот? Кој ли во оваа држава дозволува вакво изживување, не разбирам. Секој си дозволува секој ден да си менува што му текне. Направи учебник, потврди дека е добар и за 3 години (арно па и што им текна), не чини. А одговорноста за грешката кој ќе ја сноси? Фрлање државни пари (и родителски нервози) без врска. Ако веќе толку сакаа да оценуваат, требаше да сите тестови во текот на годината да бидат унифицирани. На пр. секој месец тест (ист за сите) по секој предмет во секое училиште. Па нека прегледуваат, оценуваат, казнуваат, наградуваат. Ем наставниците немаше да мораат од свој џеб да принтаат (а и да ги спремаат тестовите), ем немаше децата од 11 години да бидат испрашувани (тестирани) како да се на факултет. Многу ќе ми биде ќеиф да им рикне софтверот... што и може да се очекува, па да се обрукаат и со доказ. Него, како и да е, кој има татко владика ќе го има и тестот навреме домче. А на нас останува да копаме натака-навака, па ако ископаме да си поткажеме
http://www.peticije24.net/protiv_eksternoto_testiranje ДА ПОТПИШАТЕ! Јас потпишав. Ова е стварно лудо! Ќе папсам од школово, ептен е тензично. Секој ден од цели материјали, цели теми не испрашуваат. По некои предмети секој ден ново, ден за повторување и немаме. Аман веќе! Еве пример математика немаме ден за вежбање, мора да завржиме и писмена на крајот да правиме. ОВА Е ТОТАЛНА ЛУДОСТ! Толку стресни денови, аман веќе! Спојлер Па у пичку матер! Главата ми се пукна!
Потпишано, во истиот момент кога го видов. 10000 петиции би потпишала само да не се случи оваа глупост наречена екстерни тестирања. Браво што го стави Xepp.
Морав да го ставам овде, најмогу гласови ќе соберам. Го објавив и на фејс, ама таму ретко кој ќе види. На скоро сите соученици им пратив линк и бурно следам ситуација. Може за некој саат ипол-два часа собрано е околу 50 потписи Ма силни сме ние, не треба на глупаци да се предаваме. Ако сакаме да смениме ќе смениме и тоа како! Џабе кукаме, ја и утре би излегла на протест! Морав да редактирам. Ооооо, да! Сме стигнале до околу 350. До пред шест часот денес имаше 20. Ајде сега кажете ми како да пратам писмо до министерство, како да ги контактирам или тоа со класнава да го средиме в понеделник? И пак редактирав, за неполни 5 минути сме собрале 424! Оооо дааа! Мора да се буниме, ова веќе на ништо не личи!!!
Охоо, и јас колку пратив. Ајде, ајде, можеме. Ама видете оваа петиција колку потписи има, па... http://www.peticije24.net/i_nie_student ... ven_prevoz
Еленке душо, иди до статистика. Кога ја видов петицијава, тоа беше накај шест часот поручек, денес, имаше едно скроми 22 гласа. За толку малку време, благодарение на форумов се рашири, бргу се расшири. Ќе собереме, ќе се буниме. Од кукање и мрчење по дома ништо нема да добиеме...
Гооолемо НЕ за екстерново. Неможе трудот на ученикот од цела година да зависи од 30 прашања. Да напоменам дека на оценката влијае дисциплина, проекти, активност на час. Голема збрка ќе стане. Инаку најдов еден сајт што те проверува т.е те подготвува за тестовите: http://www.mio.gov.mk/?q=node/2122 Ви пишува нешто, ама мене таа главната страна не ми ја отвара. Помош некој?
http://www.peticije24.net/protiv_eksternoto_testiranje aјде луѓе да сториме барем нешто иако незнам колку ќе има ефект
Јас колку што разбрав на 28 мај ќе биде екстерното,а една недела пред тоа ќе не известат за предметите.Ќе има 60 минути за да се реши.Математика и македонски се задолжителни,еден јазик плус мислам дека ќе има и уште еден предмет,зависи кој ќе ти се падне (истрија,биологија,хемија...). Вака нас не известија.Исто ни кажаа дека во сведителство ќе има една оценка од наставникот и една од екстерното.Ах,маки големи Цел материјал од цела година,цела книга,од септември до сега-на памет.Немогуче.
тотална глупост е ова, а со тоа и наставниците се сложуваат.. баш како што рече еден наставник од моето училиште - некој шо си учи 9 месеци и е редовен, да го казниме бидејќи добил помала оценка од 5ка за материјал од цела година, а некој што воопшто не учи и не му е гајле за предметот, да добие 3 (што не е толку невозможно, прашањата се со заокружување) и со тоа да го наградиме ?? и зошто ??? сосема се сложувам со него, стварно не е фер ова, тие очекуваат од нас за 2 дена да научиме се?? ај ако е македонски, таму е се поврзано на некој начин, ама географија или историја?? историја иако сакам и можам да научам 1 тема (5-6 уроци) за 1 ден, НЕ е возможно да се научат 1000 датуми за два дена, се ќе се измеша :/ Foreveryoungiwannabe - една недела?? нас ни рекоа 2 дена пред тестирањето.. тоа со македонски и математика задолжително и + друг предмет, нас не ни го кажаа, рекоа само 2 предмети ама не спомнаа ништо за задолжителни а тоа со двете оценки во свидителството, и нас ни го кажаа тоа, и најверојатно така ќе биде :/ А јас колку што памтам, на почетокот на учебната година сите наставници викаа дека екстерното тестирање ќе биде за да се види колку тие правилно оценуваат, а сега испаѓа дека тоа ќе има најголемо влијание на учениците, посебно на одличните.. значи јас сега цела година шо учам ( добро, по некои предмети не учам многу ) и си ги заслужувам петките, да добијам 4 или 3 на тестирањето и тоа да ми го уништува свидетелството?!?!? иако сепак, мислам дека можи да се научи цел материјал од некој предмет ама не за 2 дена..
http://www.peticije24.net/protiv_eksternoto_testiranje Девојки ајде мала поддршка. Спојлер #693 2013-05-15 00:40 ова е мојот коментар - eden test ne e realna slika za znaenjeto na decata; - dete od 10 godini da se testira na materijal od 120-150 strani, vo vreme koga na fakultetite ima ispiti so po tolku strani materijal, ne e vo red; - i na sto lici toa da ne se znae sto ke se testiraat i koga? pa koga mislite da povtoruvame? ovaa godina denovite od lanskiot odmor ke gi koristime da im pomogneme na decata, vo ovoj eksperiment na MON (licno smetam deka i vladata e svesna deka proektov e ziva utka, no nema vrakanje nazad... kojznae kolku pari se potroseni do sega, vsusnost kako i za ucebnicite so eden ton netocni podatoci)
Tестирањето започнува на 27 месецов и ќе трае до 10 јуни. Се полагаат само два предмета, по рандом компјутерски избор - не знам од каде тоа дека македонски и математика се задолжителни. Значи не се задолжителни тие два, ова е 100% сигурно. Друго и не помалку битно, ќе се каже по кои предмети ученикот ќе биде тестиран - една недела пред тестирањето да биде извршено. Информацијата дека само 2 дена пред тестовите се добиваат информациите кој предмет кому ќе му се падне - не е точна. Трето, веќе е касно за саботирање на екстерново тестирање. Масовно да се собереше и протестираше против него на време, можеби и немаше да биде извршено. Сега е веќе доцна, џабе се сите петиции и слично. Иако потпишав, не можам да се ослонам на нив.