Кај на рекоа дека во понеделник веќе ќе ни кажат што предмети ќе полагаме, ништо од петицииве и протестите
На фејсбук, на hextore прочитав дека сите ќе правиме екстерно но задолжителни предмети ке биле математика и македонски.. Ако имало отстапка од 2 или повеќе оценки, платата на наставникот се намалувала за 10% а оценката на ученикот или ке се зголемела или намалела (зависно од оценката)
Ги пишуваме петициите и што може да се направи на тој начин? Кој ги чита воопшто од министерство за образование и наука ? Никој ! Ајде да се обидеме да им пишуваме на bro.macedonia@bro.gov.mk Оваа е-маил адреса ја надов на страницата за министерство за образование и наука. Патем, прочитав на интернет дека покрај тоа што во сведителството ќе стои оценката што ти ја напишал наставникот и оценката што ќе ја добиеш на екстерниот тест, во успехот ќе се рачунаат и тие 2 предмета по кои ќе правиш екстерен тест, на пример ако имаш 10 предмета, ќе ги додадат и тие 2 оценки и ќе ги рачунаат како 12 предмети Сега на пример имам 9 петки, една 2 и една 4, што значи дека сум одлична, и ако на екстерниот тест ми се падне да полагам баш по тој предмет што имам 2 и по тој предмет што имам 4, и ги добијам истите оценки на тестот, на крај нема да бидам одлична, ми го намалуваат успехот, и без везе сум учела во текот на целата година континуирано Не знам што да кажам, освен едно огромно НЕ за екстерните тестови!
нас ни кажаа дека ќе правиме по сите предмети, секој ученик по 2 предмети на пр: еден ќе прави хемија и физика друг ќе прави математика и биологија..... и така
Вчера прочитав во весник дека сите од 4-то одделение од основно и сите средношколци,освен тие што се оваа година матуранти ќе бидат тестирани во периодот од 27 мај-10 јуни.Секој клас ќе биде тестиран по два случајно избрани предмети,за кои што учениците ќе бидат известени 10 дена пред тестирњето.А во сведителството ќе има две графи за оценки:една за оценките од наставникот,а во другата оценките од екстерното.
Нас ни рекоа дека на 27-28 почнува тестирањето Само незнам на кој паметен му текнале овие глупости..Па зарем јас се ке знам од почеток до крај со тоа што ке повторам 1 недела пред тестот..ахам да Како прво секој професор гледа колку му е редовен ученикот,колку учи,како се однесува на часовите,дали се труди да научи и сл. не е само у тоа седни научи и одговарај и ајде ете ти 5ка.И неможе ниту најголемата бубалица цел материјал да го знае на памет.Како прво една или две недели се малку време за да се повтори цел материјал..не е се у тоа на памет да научиш па се да ти се измеша...Екстерниве тестови се нешто најсмотано што и текнало на нашава влада..И како ке се полага математика на компјутер? глупости живи..
Ќе имаа екстерно Денес ни кажаа по што ќе не тестираат. Ми се падна физика (27 мај) и географија (5 јуни).
денес ни кажаа по кои предмети ќе не тестираат... јас сум по биологија(на 29 мај) и географија(на 5 јуни).. полеснo - здравје
Леле луѓе кај нас се донесени тоа листите и утре ќе ни кажат.Немате поима колку сум исплашена само да не ми се паднат физика и хемија леле,имам трема ќе ми искочи срцево хаха
Мене ми се падна биологија на 29.05 и македонски јазик на 01.06 супер е, можеше да биде многу полошо.
Ништо, бидна. Ќе има! Изгледа утре ќе ни кажат по кој предмет Се договоривме со другачкиве утре порано да станеме да отидеме прво до црквата и да се помолиме историја да не ни се падне. Со Господ напред. Сега само тој може да ме спаси!
Не се грижете ако сте правилно оценети.Треба јас да се загрижам ако ми падне историја оти овој не ни предава, не прашува од книга му читаме и така ни бапка оцени. Со години е вака, не се учи. Од кога е вработен. Осакати генерации генерации... Ама тоа е, среќа. Со Господ напред утре
и нас математика така, ќе си седи на фб ќе ни стаи 2ки-3ки и гајле си нема,македонски ќе научам лесно ми е, ама математика треба цела книга да ја учам буквалноо ништо не ни предава многу пати сакаа да ја бркаат ама политички е влезена и неможе осакетни сме ситее !! на часови лудница сите зборат она наместо да не смири она ништо не прави ( и кога сме мирни не предава), не и е гајле неа ќе ни стаи слаби оценки и нема да ја казнат и мирна и е глава а нас очи ќе ни паднат од учењее офф
И официјално и кај нас денес класната ни соопшти дека од 27 Мај почнува екстерно. Најновото е тоа што нема да се врши тестирање по клас туку по ученик, за секој по 2 предмета. Што и да се каже веќе на оваа тема, сувишно е. Со лесно нека ни е
Мене ми се падна македонски и историја . Сакав да прашам дали историја треба да учиме за Албанија бидејки според планот на професорката ние не ги работиме тие лекции ниту пак другите од нашето училиште ? А и нешто друго ме интересира зошто на пример македонски има некои на први јуни некои на десетти нели треба сите да бидат во ист термин, зборам на ниво на држава инаку во училиштето сме сите во ист термин ???
даа ќе треба да се учат и лекциите за Албанија, иако не ги учиме тие лекции... А за македонски, кај нас сите се на 1ви јуни...