Мене ми се падна математика и социологија. Да не знаете случајно математика дали ќе има дефиниции или само задачи?
епа браво за министерството....навистина не можам да разберам како успеаа на сите да им ги одберат предметите по кои имаат најслаби оцени.... мене ми се падна хемија, што нема врска со моето подрачје (нормално е дека не ми оди тој предмет, затоа и не сум избрала МБ) којзнае колку пари ќе исперат со ова екстерново.....................
Мене ми се падна географија, ќе полагаме на 6ти јуни.Само ме интересира како од 29 мај ќе почнат со тестирање кога сеуште немаме крајни оцени? Ние имаме закажано писмена за 29 мај а 3 деца од клас тогаш ќе полагаат биологија.Глупости невидени се ова, се молам само математика да не ми се падне ..
нас ни кажаа дека ќе има и деф.и задачи тестот ќе бил со заокружување,пред нас ќе имало само лист пенкало и молив и така ќе се решавале задачите и после ќе си штиклираш и ливчињата на кои сме решавале ќе ни ги проверуваат за да дознаат дали ни е точен заокружениот одговор ( како сме дошле до него) или на тепка сме погаѓале
Денес нешто слушнав дека имало протести пред влада. Вистина е? Ма да, искрено... сигурно ќе има ектерно.
Нас една професорка ни кажа дека оваа година нив нема да им кратат од платите ако нели стаиле повисока оцена или незнам што.Па зашто тогаш нас тие оцени ке ни идат во сведителство и може и просек да ни расипат? Значи како и да е само ние сме оштетени.Па професоркава уште ни вика не се секирајте не казнуваат оваа година ти ке си ја земеш платата гајле ти е тебе.
Нас уште не ни кажаа по кои предмети ќе бидеме тестирани Спојлер што се тиче мене и не мора Според мене најлоша варијанта би било математика да ни се падне, како ќе решаваме таму задачи од 8 теми... а професорката ни рече дека не смеело ни дигитрони или физика, и тоа би било со решавање А другото ќе се снајдеме некако, пошто нели само со заокружување е, понудените одговори ќе не потсетат. А по англиски и француски има ли тестирање?
има по анг и фра, а математика да несмет дигитрони само ливче пред нас да решаваме задачите и после ливчињата ќе ни ги проверувале
што е поентата? значи на некого прашањето ќе му биде обично со заокружување, а математика треба да решавам кај нас никој ништо не знае а ни пробно не правевме...зелени на векот
Ова за математика што зборувате, дека треба на ливче да решаваме (можно е) за да дојдеме до точниот резултат, и да го одбереме точниот одговор од понудените, меѓутоа мислам дека нема да го проверуваат ливчето. Не е логично Кој ќе седне да проверува толку многу задачи?
е и јас тоа се чудам, ама така ни кажаа за да виделе решението како сме стигнале до заокружениот одговор или на тепка сме погаѓале
Кај нас имаше многу грешки во списоците. Вчера класната на мене ми рече дека ќе полагам француски и македонски, а денес ми вели дека ќе полагам француски и математика. Математика полагам на 1ви јуни, а француски незнам кога. А некои предмети се премноги застапени, еве на пример француски кај нас во одделение полагаат 23 од 24 ученика, а пак англиски и некој други предмети не полага никој.
и нас ни кажаа дека можда ќе се менуваат списоците ама само оние кои имаат 2 јазици или немаат јазик ако имаш на пример хемија и физика ќе ти сменат ќе ти стаат на пример хемија и англиски, јас имам јазик значи нема да ми менуваат така ни кажаа па сега незнам
П. Колку време трае самиот чин на тестирање? О. Тестирањето трае 60 минути. Спојлер http://www.mon.gov.mk/index.php/eksterno-testiranje/upatstva-za-eksterno Време за одговарање на тестот: - За решавање на тестот имате 40 минути, а мерењето на времето започнува со кликнување на копчето Започни со тестот. - Преглед на преостанатото време од тестот, ќе биде достапно во левиот долен агол за цело време на тестот. Спојлер http://www.mio.gov.mk/?q=node/2122 сега 60 или 40 мин. ќе биде тестирањето? две различни информации на еден ист сајт и тоа не било кој туку официјалниот на МОН
Дали е вистина тоа што го кажуваат дека во училниците каде што ќе се полага екстерново оценување ќе има поставено блокатор за телефони?
Нема теоретски шанси тоа да ги проверуваат. Така ви имаат кажано за да ве заплашат, да не заокружувате на памет и за да учите. Знам братучед ми правеше пробно математика, си решавале на страна ама тие листовите не им ги земале.