Денес има нови термини за полагање, се преместуваат термини, ама страшно е што рекоа дека и овие термини може да не се дефинитивни, а од следниот понеделник почнува полагањето. Не знам како мислат вака неорганизирани да се прават тестови. До понеделник има само 5 дена, па кој ќе повтори цел материјал, посебно математика, значи и да вежба по сите теми, за само 5 дена?!
рекоја дека имало бунење од професориве дека се 5 до 12 било кажувањево па имало можност и да нема екстерни не е уште ништо сигурно...
Meне ми се паднаја Хемија и Македонски.. се израдував што не ми се падна математика, географија или историја ама сепак и хемија е тешко... цела недела тестови правиме, денес Хемија, утре Математика, добро после тоа што имаме 4 дена слободни (ни се погоди патронатот, па Св. Кирил и Методиј и сабота и недела), и во вторник екстерно тестирање хемија... сепак не се жалам премногу затоа што Хемија е мноогу полесно од Математика, и навистина незнам тие што им се падна математика како ќе можат за 1 час да ги решат сите задачи, кога одвај сите задачи ги решаваме на обичните тестови.... И најглупаво од се - македонски на 10ти Јуни наместо во Јуни малце да се опуштиме, ние тестови ќе правиме
да,знам и баш бидејќи тоа се збореше денеска отидов да ја прашам наставничката по математика дали стварно нема да има задачи и ми рече дека од некои колеги така слушнала меѓутоа не знаела колку е точно но најверојатно не било. Ми се паднаа хемија на четврти и биологија за 10 дена за биологија се радувам бидејќи имам 5-ка и ми е најинтересен предмет и најлесно го учам ама за хемија не знам што ќе правам
Мене ми ги сменија,математика место физика ми се падна.Кажете ми дали ќе треба да ги даваме таму листовите што ќе решаваме задачи?
Мене ми се погодија физика и биологија.Физика не знам како ќе напишам стварно и ништо не кажуваат никту дали ќе има задачи или само прашања.Не знам и биологија кога ќе ја повторам цела книга,ептен е голема и плус се треба да знаеш бидејќи не знеш што може да ти дадат.Нема врска на факултет така не прват .Само нешто да се измисле ново за да и ние бидеме како европските земји,ама очигледно не се разбрале нешто добро.
девојки потпишете се на оваа петиција ни требаат уште многу малку http://www.peticije24.net/protiv_eksternoto_testiranje
Мило ми е што едниот предмет ми е Македонски и уверена сум дека знам.Нема потреба од учење освен да го пролистам учебникон. Ама Музичко човече... Имат некој што ќе бидит Музичко?
Ми се паднаја математика(27 Мај) и историја (29 Мај) Знае ли некој како треба да се учи по овие предмети,математика сите прашања ќе бидат задачи или сепак ке има некоја дефиниција бидејќи нема шанса да се решат 30 задачи за 60 минути,а историја годините и личностите ли ќе бидат опфатени? Лелее ке полудаам како можеше да ми се падне историјаа
Мене ми се падна Музичка уметност и Географија.И тоа Музичко полагаме на 28 .. глупости незнам како ќе научам толку композитори и дела за 6 дена.
^ Па и јас тоа се мислам бе.Аман.Безврска. Иначе не е фер тоа што имаме време во рок до 30 секунди да одговориме едно прашање,и притоа да не смееме да го вратиме назад. Мислам нема смисла.
Е ова за мене са чисти глупости. Кај нас уште не ни имаат кажано што ќе полагаме а ние во нашето училиште не ни имавме пробно тестирање. Гледам на фб нешто протести имало во Тетово и во Скопје но во петок се организира голем протест во Скопје. Ајде сите кои сме против да се придружиме http://www.radiomof.mk/galerija-golem-s ... testirane/
е ова не е фер пред 1 недела ни кажаа едни предмети, денеска пристигнале нови списоци од министерството...и оп нови предмети за полагање ..па што сме им ние играчки и како решиле така ќе си играат со нас
за моја среќа денес стигнаа дурги списоци и немам повеќе Математика и Макеоднски неможам да опишам колку се израдував кога видов дека ми тргнале математика сега имам историја и биологија ( моите омилени предмети по кои имам 5ки )
Џенцки, ние ќе протестираме заедно со гимназијава. Мора да се укинат. А и доволно потписи собравме, само што не се потврдени.